Guild Wars 2

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Aко погледнеме наназад, веќе со години на MMORPG сцената не се случува ништо. Никаква револуција, никаква промена. Ако се најде некој да внесе малку иновација и новина и да направи нешто различно, обично тоа завршува неславно. Како времето да е замрзнато од кога излезе World of Warcraft, кој го држи приматот во овој жанр веќе 6 години, и сите произведувачи на нови игри сакале-нејќеле се држат до "If it's not broken, don't fix it" филозофијата. Најголеми надежи имав во Rift, кој што на крајот испадна само уште еден убаво нашминкан WoW клон.
Но....



Дојде време работите малку да се сменат. Верувам дека на сите им е позната Guild Wars, игра која што постигна голем успех и привлече голем број на фанови, но никогаш не стана сериозна конкуренција за останатите игри од овој тип, пред се затоа што и не може да ја категоризираме како класична MMORPG игра. Сепак, играта помина и повеќе од добро, и со продадени околу 6 милиони копии, беше доволна мотивација и поттик за момците од ArenaNet да најават продолжение.

Guild Wars 2 беше на прво место за најочекувана игра во 2010 година на mmorpg.com, а и сеуште убедливо води на листата за најочекувани игри во развој од овој жанр. Колку повеќе нови работи излегуваат, толку повеќе ја очекувам, а веќе и другиве игри ми се сите досадни и ништо не ми се игра, само оваа ја чекам да излезе. Да не тупам многу со текст, еве некои од клучните работи поради кои се крена толкава прашина за играва:

Целосен постојан MMORPG свет
Добро, ова и не е некоја револуција, меѓутоа за Guild Wars 2 е голема разлика во однос на нејзиниот претходник, со оглед на тоа што во Guild Wars 1 се` освен градовите е инстанцизирано. GW2 сега може да се нарече целосна и комплетна MMORPG игра.

Акционен и динамичен начин на борба
Уште кога го видов првото гејмплеј видео од тепачка, знаев дека играва ќе биде закон. Заборавете на стоење во место, зјапање во hp bar-ови и притискање 1-1-1-1-2-1-1-1-3-1-1...
Во GW2 начинот на борба е projectile-based, што значи дека доколку некој упати fireball кон вас, можете да ја избегнете, или пак доколку е наменета за некој друг, да се испречите со вашиот штит пред неа и да заштитите некој од послабите сојузници. Мора постојано да сте во движење, да сте свесни што се случува околу вас на бојното поле, едноставно целата борба е акциона и возбудлива, и не ви остава време да си спремите и да изедете сендвич додека тепате некој крип..

Раскинување на Светото Тројство
Можеби и една од најдискутираните и најконтроверзните одлики на GW2. Tank/Heal/DPS? Спамирање "LF1M healer and ready 2 go"? Правење wipe на цел raid затоа што тенкот умрел? МИНАТО.
Во GW2 секоја класа си има посветен слот за self-heal, секоја класа може да оживува други. Toa значи дека класите веќе не се зависни една од друга, и и дава нова димензија на играта. Благодарение на системот за борба кој што го опишав погоре и кој што дава доста слобода и креативност, како и на фактот што магиите кои ги поседувате во моментот зависат од оружјата кои ги имате со себе, може доста лесно да менувате улоги во борба и од чисто офанзивен карактер, да се прешалтате во по одбранбено настроен лик.
Нема класично танкање или хилање, секоја класа може да исполнува одредена улога, само начинот на кој го прави тоа е различен. Нормално, некои класи се поуспешни во одредени работи од други, но од ArenaNet тврдат дека ако сте 5 другари, и сите сакате да играте Warrior-и, нема проблем, се што треба да правите е координирано да си помагате едни на други.

RPG елемент
MMORPG, или во превод Massive Multiplayer Online ROLE PLAYING Game. Само што во сите MMORPG-a, најголемиот role playing момент е оној кога си го креирате карактерот. Потоа се` е линеарно. Го правите истото што го прават илјадници други играчи и немате никакво влијание на тоа како ќе се развива приказната на вашиот лик.
Во GW2 role playing елементот е составен дел уште од самиот почеток. Секој лик си има своја лична приказна, која што ја следи од почеток, и може да биде сосема различна во зависност од тоа какви одлуки ќе носи. При креирање на карактер, одговарате на некои биографски прашања, кои го одредуваат вашиот карактер и продолжувате да носите одлуки низ текот на целата игра кои влијаат на тоа што ви се случува. Ова го менува начинот на кој што NPC-јата реагираат на вас, ги менува cinematic-ите кои ќе ги гледате, местата кои ќе ги посетите... Едноставно кажано, ќе си имате само своја лична приказна за вашиот лик, која ќе ја искусите само вие, и ќе можете комплетно да се внесете во вашата улога и да правите што сакате.

Dynamic Events
Уште една драстична новина. Наместо барање на извичници и прашалници, и читање 10 страни текст, во GW2 квестањето ќе биде малку поразлично. Dynamic Events се настани кои ќе се случуваат во било кое време на било кое место низ светот на Tyria. Некои ќе бидат поттикнати од присуството на играчите, некои ќе се случуваат и ако нема никој онлајн. Жив свет кој постојано се менува.
На пример здогледувате чад во позадина, одите таму и гледате како кентаури го напаѓаат селото. Веднаш се впуштате во акција, и во зависност од тоа колку сте придонеле, на крајот добивате награда. Доколку не успеете, кентаурите го превземаат селцето, и нов евент почнува во кој треба повторно да го освоите и да ги протерате кентаурите од него. Значи евентите оставаат трага во светот, и ви даваат чувство дека постојано нешто се случува и ве ставаат во средина на акцијата. Добредојдена промена за мене од класичното квестање, кое и не е ништо повеќе од обичен grind. Креаторите велат дека во играта има повеќе од 1000 вакви евенти, а после излегувањето редовно ќе додаваат нови.

PvP
Eдна од појаките страни на Guild Wars e PvP-то, во GW2 не е ништо поразлично. Покрај веќе добро познатиот Structured PvP, во кој се борат групи од по 5 играчи, ќе има и WvWvW (World vs World vs World) PvP, или како што веќе претпоставувате три сервери, секој против себе. Ова значи битки од епски пропорции со стотици играчи, а ќе има и градење на тврдини, оружја како катапулти и топови... Со еден збор EPIC!

Toa e тоа на кратко, датумот на излегување сеуште не е познат, иако би требало да е до крајот на годинава, бизнис моделот си останува ист - ја купуваш еднаш, играш засекогаш, и се`на се` мислам дека ова е игра која ќе донесе многу новини во својот жанр и сериозно ќе се закани на конкурентите.

Код:
http://www.guildwars2.com
****************************************************************************************************

Барав дискусија за играва и гледам дека нема, оваа најава е напишана од мене на друг форум од пред нешто помалку од една година, да не пишувам сега нова само ја ископирав, сега веќе многу работи се јасни, сите професии се познати и затворена бета започнува утре! :vozbud:
 
Член од
14 ноември 2010
Мислења
708
Поени од реакции
140
Очигледно сите што играат ММО, се по WoW, или пак, SWTOR во поново време.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Па или тоа или се по овие бесплатниве :D
Како и да е GW2 нема да има претплата туку само ќе треба да се купи еднаш и потоа играш колку сакаш, па мислам дека ќе привлече играчи и од нашиве простори :)
 
D

Deleted member 53418

Гостин
sigurno ke privlece ama konf ke bide min 3 ram :) gledav nekoi videa mn jaka grafika ima ;)
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
sigurno ke privlece ama konf ke bide min 3 ram :) gledav nekoi videa mn jaka grafika ima ;)
Како го кажуваш ова дека ќе бара минимум 3 GB RAM, како да е којзнае колку. Не сме веќе 2007 година.

Како и да е, играва ја пратам веќе подолго време. Сега овој период почнувам со SWTOR, ама кога ќе излезе GW2 има реални шанси да ја земам. Голема предност на Guild Wars е тоа што е buy2play.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Ќе биде одлично ако бара само 3 гига рам хаха :D Во денешно време имаш 4 гига за 1000 денари.
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.306
Поени од реакции
3.043
Ќе биде 2 гига за Windows 7 , така да не се секирајте ;). Иначе играва ја следам долго време и на неа останува да го спаси MMO жанрот. Ако и оваа испадне тапа се откажувам од MMO :).
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Ќе биде 2 гига за Windows 7 , така да не се секирајте ;). Иначе играва ја следам долго време и на неа останува да го спаси MMO жанрот. Ако и оваа испадне тапа се откажувам од MMO :).
Почекај сеа ќе искачаат tera online и continent of the ninth, не се одкажувај толку брзо :D
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Мислам дека нема да испадне тапа и ќе ги исполни сите очекувања, поготово од тоа што го имаме видено до сеа, а и ги има сите елементи да стане е-спорт, значи ќе биде јакооооооооооо :D
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Ajјдееееееееееееееееееее :D:D:D

Само ме интересира зошто бараат да им пратиш спецификации на системот.. Сигурно и тоа има некаква улога при бирање на тестери..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom