Еве презентација за играта што ја очекуваме веќе подолго време, сигурно ќе бара јака конфигурација ама вреди.
Клик на сликата за поголема
Кога ќе погледнете во мониторот и ќе ја видите графиката на GTA IV, ќе бидете импресионирани. Таму стои брадестиот Нико Белич, од источна Европа кој е во фокусот на играта. Тој стои во такси депото на неговиот братучед Роман, во мала соба тапетирана на зидовите и хартии расфрлани на подот. Надвор, утринскотo сонце изгрева низ зградите и улиците, истурајќи светлина низ прозорите во затемнетата соба. Го гледаме Нико како чепка низ неговите џебови, додека тивка музика се слуша од радиото која бледее во позадината од еден на друг звучник.
Може да се каже дека не е баш најгламурозниот старт за една игра, меѓутоa внесува свежина во светот кој ни го претставува GTA IV. Многу е пореалистичен, некако органски и ни носи и нов поглед на Нико. Тој е многу поокарактеризиран за разлика од неговите претходници, со поглед ладен и малку исплашен, кој едноставно кажува дека човекот е спремен за бизнис. И додека ова ново ниво на детали го прави повеќето од хај дефинишн генерацијата, има и додатоци, како промена на физичките атрибути на карактерот. Додека сме на ниво на ваков вид на текстура, со ваков вид на графика и со вакви детали за лицето на карактерот, би требало буквално да ги мапирате сите карактери и нивниот изглед во дадена ситуација, користејќи ги сите пермутации. И ако сето тоа резултира со изглед на другите какрактери како оној на Нико, тогаш работата е на добар пат. Надвор на улиците, Нико полека се движи по плочникот, додека целиот град живее, минувачи разговараат, коли поминуваат, свират по другите коли и во глобала си ја тераат својата работа. Градот е поделен на неколку блока кои го претставуваат Њу Јорк во форма на Либерти Сити и е едноставно огромен. Разгледувавме само мал дел од просторот кој е наменет за играње, се разбира не е доработена и РАГЕ енџинот би требало да се погрижи за сите останати текстури и графики за целиот гејм плеј. И додек шета Нико низ градот, во моментот кога застанува се забележува како прави динамички сенки, кои стануваат подолги подоцна во денот кога сонцето почнува да заоѓа, и дури ги прифаќаат сите предмети на кои ќе поминат, како на пример решетките за канализација кои се гледаат кога Нико излгува од такси колата пред депото.
Гледајќи низ улиците, можеме да заклучиме дека дизајнерите навистина се погрижиле за тоа како треба да изгледа новата генерација на гејминг. Може да се каже дека Либерти Сити е помал од Сан Андреас, меѓутоа со повеќе детали. Еден поглед на небото, може да покаже колку хоризонт на хоризонт текстура е искористена и плус други додатни детали за релен приказ на небото. Дури и секоја куќа е уникатно направена со сите детали, текстури се со цел додека се движите да нема исти или многу слични објекти. Вакво ниво на екстериер продолжува и внатре во зградите, како што може да се види кога Нико го вади пиштолот и влегува во една од кафеавите згради, во центарот на Брокер. Како што Нико поминува до вратата, без пауза за load, (и можно е да се игра GTA IV од почеток до крај без пауза за load) таа се отвора и гледаме мала соба со софа во едниот агол и кујна низ ходникот. Нико може да се движи додека нишани, и камерата ќе му биде на грбот, од страна на едното рамо, со што играчот има поглед и врз околината и врз целта која ја нишани. За несреќа, немаше некој кој е скриен во темнината и не пресретнавме некој со кој ќе можеме да се испукаме. Наместо тоа, Нико го повлекува пиштолот назад во футрола и излегува од задната врата надвор во дворот.
Тука се собрани повеќе луѓе, кои зборуваат за цените на недвижнините и за тоа дека италијанците имаат 3 часа пауза за ручек. Погледот нагоре ни укажува дека има скали против пожар на секоја зграда на кои би требало Нико да може да се качи за да им избега на џандарите. Засега се држиме приземјени иако во еден наврат, Нико се качува на еден столб за телефонија и можеме да го видиме целиот хоризонт. Додека се качува се гледа како се напнува, жилите му се напнуваат, почнува потешко да дише и се гледа како неговите стапала се лепат до скаличките (не висат над нив). И погледот напред ни го представува еквивалентот на Бруклинскиот Мост - цел со столбови и челични арматури. На другaта страна се гледаат складишта, трговски центри, куќи и големи згради. Низ улиците е прилично празно но тоа е поради фактот дека е рано изутрина и дека уште не почнале да шетаат луѓето. Ќе стане многу побучно и погусто кога ќе се развие денот. Нико се стрчува кон една кола, што ни укажува на тоа дека има највеќе физичка активност како главен јунак. И со самото движење по улица, тој може да се турне со некој од минувачите и за тоа да дојде до вербална расправа.
Истото се забележува додека краде кола, го крши стаклото на колата, влегува внатре и го спојува жичките што претставува една од новите анимации и продолжува да вози. И во моментот на палење се активира и радиото кое исто има музика, но во моментот одеше некоја фанк гитара. На патот, камерата се врти околу колата, претставувајќи го новиот физички систем, кој е презентиран од РАГЕ енџинот. И самото движење на колата е поправено, што се забележува при вртење во кривина, тежината се пренесува на едната страна а и гумите функционирааат независно, како во реалноста. И патот е доста реален, со сите дупки и тротоари, како и текстурата на зградите каде може да се види дека негде фали дел од фасадата и се гледаат циглите. Како што се движиме низ градот, се забележува како луѓето веќе се излезени и се брзаат за на работа, но и се забележува дека не исти. Како што наближуваат доковите, едни работници пренесуваат пакети од еден во друг магацин, сите делувајќи различно. Кога Нико застанува покрај едно складиште и излегува од колата, неговита рефлексија се појавува во водата, и дури се забележува одблесок од сонцето, а погледот отспротива ни го претставува Алгонквин-еквивалент на Менхетн, со високите облакодери кои продираат низ смогот и зраци сонце кои поминуваат низ нив. И откако ќе го извади мобилниот од џеб и ќе сврти некој број за да види што треба да прави понатаму, можеме само да замислиме какви работи дизајнерите спремаат за финалната верзија на играта. Руската мафија ќе се вмеша, и треба да се каже дека Нико нема да биде милијардер или некоја фаца полна со кеш. Тој мисиите ги прави за 150-200 долари. Како и да е едно е точно, играта во целост е нова генерација на хај дефинишн гејмплеј и нова генерација на игривост и се надеваме дека наскоро ќе ја видиме на пазарот.
Извор