Група Ц (MKD, GER, SLO, MNT) - Загреб

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување

Која екипа нема да се пласира понатаму?

  • Германија

    Гласови: 9 6,2%
  • Словенија

    Гласови: 14 9,7%
  • Македонија

    Гласови: 14 9,7%
  • Црна Гора

    Гласови: 108 74,5%

  • Вкупно гласачи
    145
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Убаво си напишав, овие ќе испогинат на терен против нас и реално очекував дека ќе победеме со 1-2 гола разлика.
Нема да се воздржам а да не го искоментирам судењето, многу ама премногу се доделуваат исклучувања на играчите, мора малку судиите да оладат со тој критериум, ракометот е игра која се базира на дуели, неможе бе толку здраво за готово да си ги донесуваат одлуките и да мават исклучувања за без врска.
Значи судењето на овие две средби е "наклонето" во наша полза, а имаше пресмешни исклучувања за нас и за противниците, на моменти делува смешно.

Црногорци данас су бацили све на једну карту ал ипак нису могли да нас зауставе :D :D
Тоа е тоа што го зборев, против Германија излегоа чисто да се појават таму а против нас изгинаа, јебени балкански менталитет.
@Џонтра Волта
Е тоа ти е пример како се игра само за една средба на ЕП, али понекад ту приказну завршује тужно као у том случају за црногорЦЕ . :D
Неможе бе да играш само на една средба , Н Е М О Ж Е!

Инаку добро ги изротира бековите Раул, им го пушти Фитило во моменти кога се кршеше резултатот и искина детево, се гледаше дека го имал спремено добро за оваа средба.
Филип Лазаров је нови таленат? :D
Браво , браво.. одлични , пред се стабилни реакции во клучни моменти од него, му намести "епизодна" улога Раул и ја извршува П Е Р Ф Е К Т Н О.
Талески? Според мене , премногу исфорсиран од нашата медиумска јавност, а надеж за него имам само ради тоа што швабите фрлија солена пара за него, сигурно вреди нешто кај детево? Но што е тоа? Засега неможам да забележам.
Можеби @Tomasino ќе го пронајде тој адут. :D
Скромно, во одбрана како мува без глава со по некоја "добра" одбранбена реакција, но многу ретка.
Нападот? Просек, освен шут од изградена позиција од некој од пикерите нема ништо, сам да створи позиција? абе абер нема :D
Киро добро го затворија, го изолираа, ама Раул го "пронајде" рецептот и играта ја насочи преку останатите бекови.
Не сме репка која може да пружи фантастичен ракомет за око, но добро е да играме на резултат, сепак тоа е тоа што се памети и што носи успеси.
Задоволен сум затоа што успеавме да имаме биланс 2/2, а против швабите шта че буде нека буде. :D
:oeoeoe:
 
Минатата беше крив што промашува зицери, оваа Џомба промашуваше и не е крив, крив е сеа Декибој што праи фаули, следна ќе биде крив што не се презива на „ски“ туку е на „ов“.

Не сте вие сериозни, што секогаш Деки е крив за се' ама факт си е дека во секој тим, секоја репрезентација, секогаш мора да има дежурен кривец.

Денес Борко со одбраната ни донесе 2 бода (не дека е чиста негова заслуга, туку заслугата е на цела репрезентација), пак е он крив зошто одбранил, пошто тоа ќе значело дека си го заковал местото у прва постава до крај на првенство.

Тресете му се на Вујо, сеќирајте му се за неговите нервози, Комита е тој, баталете го Деки барем еден ден.
Spiking of MANASKOF go pratam 2va natprevari, ushte himnata ne ja ima naucheno :ROFLMAO:
 
Голманите ги заборави изгледа од толку што се експонираа во последниве 15год.
Тие се долговековен проблем, ама и со такви голмани имавме огромни успеси. И да бидеме реални, во Србија, Борко беше на ниво секоја утакмица, а таму ја имавме најголемата шанса за медал.
 
Браво за нашите! Кузманоски ги утепа Црногорците.

А еве видео од послените секунди Словенија-Германија. Многу глупаво се поставија 2ца Слоценци на 23-24 секунди на видеото....на секунда или две пред крај

https://www.youtube.com/watch?time_continue=58&v=hx4VTypllD0
Според снимката што ја видов времето најверојатно истече,бидејќи голманот ја изваде топката од голот во 59тата секунда,гледајте само како го кратат клипов за да не се забележи дека дека времето е истечено,исто така и на сликите што претходно беа поставувани тука го нема тајмерот.Да беше обратна ситуација немаше шанси да прегледуваа 10 минути,туку мечот ќе беше завршен.Огромен грабеж беше извршен денеска врз Словенија и баш поради ваквите глупости ракометот како спорт никогаш нема да биде глобален.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Nro
Според снимката што ја видов времето најверојатно истече,бидејќи голманот ја изваде топката од голот во 59тата секунда,гледајте само како го кратат клипов за да не се забележи дека дека времето е истечено,исто така и на сликите што претходно беа поставувани тука го нема тајмерот.Да беше обратна ситуација немаше шанси да прегледуваа 10 минути,туку мечот ќе беше завршен.Огромен грабеж беше извршен денеска врз Словенија и баш поради ваквите глупости ракометот како спорт никогаш нема да биде глобален.
Не е секад времето исто како на преносот и тоа во салата,се случува во сите спортови да е понапред малце,кошарка,ракомет и така натаму.
 
Според снимката што ја видов времето најверојатно истече,бидејќи голманот ја изваде топката од голот во 59тата секунда,гледајте само како го кратат клипов за да не се забележи дека дека времето е истечено,исто така и на сликите што претходно беа поставувани тука го нема тајмерот.Да беше обратна ситуација немаше шанси да прегледуваа 10 минути,туку мечот ќе беше завршен.Огромен грабеж беше извршен денеска врз Словенија и баш поради ваквите глупости ракометот како спорт никогаш нема да биде глобален.
Ako isteklo, stopnese gleda na videoto pak greska na Slovencite sto igraat odbrana, sto majka baraat da ostanat vo centarot koga tuka ne smeat da bidat? Svesni bea deka koga dadoa gol ostana uste 7-8 sekundi I dvajca igraci vo centarot?
Ne gi branam sudiite, greska napravija ova sto ne go videa na vreme a ne da gledaat 6 minuti snimki.
Sigurno ke Ima nekoe video od nekoj sto bil tamu I snimal so mobilen.
 
Не би биле ние НИЕ ако ( самите ) не си ги искомпликуваме работите.
Криминален пристап во одбрана, како на пријателска утакмица, задоволуваат само тие минути од прв дел од второ, потоа пак опуштање, наивни грешки, чиста среќа шо измина времето.
И двете селекции не се снајдоа со судискииот критериум, Црно Горците залутани во 80тите, и ние во тој стил, преНАИВНИ ИСКЛУЧУВАЊА, посебно на крајот:tapp:
Порано, не многу одамна ни 1/3 од овие исклучувања немаше да се досудат.
Премногу се измени критириумот на судиите, затоа тешко е да се прилагодат ракометарите, речиси секој контакт во контра, полуконтра со противнички играч е пробивање, и обратно, макар и минимален контакт со играч кој е во контра е две минути и пенал, претеризам, само комплицираат и усложнуваат една брза и динамична игра, фали уште да направат како во кошарката со ограничување на напад и кај ќе е крајот:tapp:.
Да се вратам на нашите, не смеевме во никој случај да дозволиме онаков пристап, буквално не убија, посебно првите 20 минути, како на тренинг не бушеа, акции за пикер, влезови, шутеви од дистанца, школски ракомет, додека ние повеќе на УРАААА, Киро непрепознатлив, тотално безидеен, го прочитаа тотално, нападите ни поминуваа пред се зошто и Црно Горците заради тој притисок што го имаа оставаа огромни дупки и успевавме да пробиваме, на позиционен напад беше мачење, како со Дежелата.:tapp:
Чиста среќа и со Словенците и сега шо и кај противниците дојде до пад на игра, концентрација, а и огромниот број исклучувања ни одеше во прилог, другото беше рандом.
Бел Бумбар за Фитилот, топ, исто и за Вилипче, јунаци на победата, секако и Жути, само тие би ги оценил со висока оценка, другите под можностите.
Со Њемачка со ваков пристап, со ваков напад, нема шо да бараме.
Нема шанси на Швабите да им исклучат 10 играчи, тие ја измислија дуел играта, доколку вака играме ќе не отепаат.
А штета ќе е да не си ја пробаме со нив среќата, Словенија покажа дека може да се игра со нив, само и тие прегореа во желбата, перфектно прво и кримимално второ, + судиите кои ги извадија од такт, реално овој пат имаат за што да се бунат, со нас немаа многу аргументи.
Мора да научиме нешто од тој пристап, без респект да влегуваме во мечевите, но и без потценување.
Вчера влеговме со голема доза на потценување, скапо ќе не чинеше.
 
Минатата беше крив што промашува зицери, оваа Џомба промашуваше и не е крив, крив е сеа Декибој што праи фаули, следна ќе биде крив што не се презива на „ски“ туку е на „ов“.

Не сте вие сериозни, што секогаш Деки е крив за се' ама факт си е дека во секој тим, секоја репрезентација, секогаш мора да има дежурен кривец.

Денес Борко со одбраната ни донесе 2 бода (не дека е чиста негова заслуга, туку заслугата е на цела репрезентација), пак е он крив зошто одбранил, пошто тоа ќе значело дека си го заковал местото у прва постава до крај на првенство.

Тресете му се на Вујо, сеќирајте му се за неговите нервози, Комита е тој, баталете го Деки барем еден ден.
Кој вика дека Џомба не е крив? И по него се плукало и сеуште ќе се плука кога ќе прави такви глупости. Финтата е што мислиш дека Манасков е на тапет дури и кога игра добро а не е така. Ете да беше малку присебен и да не утнеше толку зицери ќе имаше 12 голови, јас прв ќе речев браво. Нервира тоа што не мисли со главата, затоа го плукаме. Не можеш ти да тренираш цел живот, да играш за врвни тимови и да не можеш еден на еден 5 пати да погодиш, или да не го уклучиш мозокот. Отсекогаш бил таков, којзнае дали ќе се промени некогаш.
 
Уф какви два натпревари. Нерви до крај. Колку се нервиравме со нашите толку се изнервиравме ми се чини и за словенците. Циркуси беше цела македонска публика како ги пцуеше судиите :)

Неколку коментари:
1. Една просечна и една потпросечна партија од нашите = 2 победи. Да се надеваме дека допрва ќе пружат подобра игра и се разбира да лупниме некој од појакиве.
2. Првите 15-20мин имавме катастрофална одбрана, пукаше цело време одбраната на 2ка кај Столе, не уништија преку пикер и преку уфрлување на крилата на 2 пикер. После Раул направи измени баш таму - Н.Маркоски, Кузмановски и се средивме уште до полувреме.
3. Кузмановски, Талески и Јоновски искинаа во одбрана во второ. Тука го добивме мечот.
4. Кире беше катастрофа. За среќа сега имаме доволно други опции за да можеме да преживееме и во ваква ситуација.
5. Кузмановски, Талески и Пешевски = 10 гола. Тоа е тоа што ни беше потребно и што го баравме. Страшна партија на Кузмановски баш она што му лежи и му се најјаки страни. Играч кој го донесе пресвртот.
6. Се изнаротира реално Раул. 14 играчи играа, 12мина дадоа гол. Не се сеќавам да сме имале толку широка ротација и придонес на некое првенство досега. Штета што не успеа целосно да го одмори Миркуловски иако се виде дека има желба за тоа.
7. Борко исто многу слабо. Макар што веќе сме навикнати и не ни очекуваме. Жити еден зицер во последната минута што фати. Без јаки голмани нема високи резултати. Џабе сонуваме за не знам што, ако не добијат натпревар против јака екипа Борко и Митревски како на пример чешкиот голман што ги победи Данците или Апелгрен Србите, не можеме до којзнае колку висок пласман.
8. Сега машки да се удри на Германија. Катастрофа беа германците, Зарабец ги уништи одбранбените на 3 и 4, кој се не изротира Прокоп таму од очај. Ме плаши што Волф беше слаб со Словенија. Да не не дај боже се повампири со нас. Како и да е имаме игра, имаме стручен штаб, Раул е мајстор за германци така што очекувам жешка битка.
9. За германија-словенија што да се каже, германија тотално надиграна, се вратија само врз база на неурамнотеженото судење. Тој пенал и исклучување при контрата на Генсхајмер, особено беше скандалозен - тоа ги врати во живот германците. За ситуацијата на крај, одлуката е чиста, тешка глупост на Благотиншек и на уште еден (само не ми е јасно зошто само Благотиншек доби црвен). Ептен очигледно беше од трибини. Такви се правилата од пред неколку години и тука не треба вина да се бара кај судиите. Грешките беа многу претходно кога се кршеше резултатот. Едино спорно во таа ситуација е дали воопшто смееја судиите да прегледуваат снимка за ваква ситуација бидејќи првично отсудија крај. Видео снимките требаше да бидат само за гол линијата, вакво прегледување не знам дали е дозволено. Video replay е добра работа според мене, но мора прецизно да се дефинира за да биде ист за сите.
10. Онакво однесување и непочитување од страна на Вујо е крајно неприфатливо. Треба да го испратат на трибини на следната.

Поздрав од Загреб
 
Последно уредено:
Каков кикс на организиториве, место втор круг да се игра у Сплит и Загреб они ставија у Вараждин кај што капацитет има 5 000 и најефтината дневна карта е 40 евра. Башка што Унгарциве пола сала до сега ја имаат купено. Добро ќе биде Чешка да тепа со Унгарија. Кај ќе имаме поише места на располагање, па ако ги тепаме утре Германциве, со победа над Чешка би биле 90% у полуфинале. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom