Група Ц (MKD, GER, SLO, MNT) - Загреб

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување

Која екипа нема да се пласира понатаму?

  • Германија

    Гласови: 9 6,2%
  • Словенија

    Гласови: 14 9,7%
  • Македонија

    Гласови: 14 9,7%
  • Црна Гора

    Гласови: 108 74,5%

  • Вкупно гласачи
    145
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Не знам што опции има на клупа, ама мора да се бара решение за водителов утрински..

На оној репортерон после натпреварите барем моеш да му се смееш на глупостите.. на утринскиов ни на тоа не моеш
 
Цела вечност е потребна додека да загрее машината. Дефинитивно со она што до сега го прикажавме заслужуваме медал за најлошо отварање на еден натпревар. Денес од што не постоевме во прво полувреме им дозволивме на црногорциве да ни закуцаат 16 голови, а реално сме за цела класа поквалитетни од нив. Во второ полувреме за 20 минути игра имаа само 5 голови што доволно говори за нашиот очаен старт на мечот. Денес Фитиљот ја извади за сите пари, инаку ќе беше доведен во прашање пласманот во втората фаза на ЕП. Можеме сега ние колку сакаме да си правиме филмови за се и свашта, но реално се зависи од Кире во репрезентацијава и ако направиме некој позначаен успех (пример топ 5) во најголема мера истиот ќе треба да биде запишан на негово име. Голема работа одново заврши и Ф.Лазаров кој што одново го постигна последниот гол за нас кој што се покажа и како одлучувачки, а и претходно имаше 2 гола и некоја асистенција. (y) Полека но сигурно станува клучен играч од клупа на првенствово. Она што најмногу недостасува во првиот тим се головите на Столе. Факт е дека противниците посветуваат многу внимание на таа врска Кире-Столе, но реално 2 гола во 2 утакмици за прв пикер се премалку. Денес Пешето и Н.Марковски постигнаа 2 односно 1 гол што значи дека сепак може да се одигра и нешто за пикер. Највеќе разочарува Гоце сега за сега и мислам дека треба Поповски да добие шанса на утакмицата со Германија. Денес морковов имаше шут 1/4, а и тој 1 му е оној гол што го даде од контра. За голманите искрено ништо не ми се збори затоа што и Борко и Митревски (претходно и Диви) се тип на голмани што ако им тргне бранат, ако не здравје до некоја наредна утакмица. Резултатски одлично го отворивме првенствово со 2 победи во 2 утакмици и сега ни се отвара шанса да пренесеме и нешто повеќе од овие 2 бодови кој што ни се сигурни за втората фаза. Ќе биде и повеќе од тешко да се изненади Германија, но денес се виде дека и тие се ранлива селекција и само несмасноста на Благотиншек им донесе нерешен резултат во 99,9% загубен натпревар. Своја вина за тоа има и Вујо кој што не зема тајм-аут на време кога почна да му се топи разликата од 5 голови и тоа што наместо да ги смири играчите он прв се запали ко средношколец, но тоа е сосема друга тема. :D За нас важно е да се одработи максимално професионално и последната утакмица со Германија, а за втората фаза сум оптимист и мислам дека можеме и таму барем до 1 победа и ако даде Господ 1 нерешена. :angel: Уште малку да подзаборавам на некои глупости што ги направивме вчера и денес и ќе бидам оптимист до таа мера што ќе речам дека не ни бега 4 место на европсково. :pipi:
 
Последно уредено:
Слаб бил фитиљот, не го бивало втора лига играл. Кур да пушите. Маж со два пара мадиња. Кога виде не му ојт ма Кире ја реши утакмицава
Најди еден пост каде што некој го критикувал Кузмановски. Не зборам за моментална форма, туку општо за неговиот талент.
Ако не најдеш за саат време, 10 казнени поени :icon_mrgr::blablab:
 
Се ова супер ама после одбранава Борко ни SWAT не го тргаат од гол.

Борко е многу ограничен голман, отсекогаш бил. Кога треба да брани надвор од линијата на гол излегува и се поставува, само ја крева ногата и мафта со едната рака... нема апсолутно никакво движење со телото, ниту пак знае да отвори лептир. Со тоа на играч кој ти влегол во позиција 9 или 6 метра му даваш повеќе од идеална шанса да ти ја збибери над глава, да те лобова, цевка да ти стави, под слабини да ја пушти... ЕДЕН куп опции.

За разлика од него, Митревски кога излегува излегува директно на играч и е подвижен да се отвори во воздух, да направи и лептир или да оди на страна. Неговиот недостатог е во тоа што не е голем и помал простор брани, нема маса како борко или пак како дивиот.
Неговиот талент за бранење да го имаа Диви или Борко ќе имавме ЕКСТРА класа на голман.

Вака, Митревски не вади 2 натпревари по ред, а борко го чекаме да му тргне колку толку. Не ми се свиѓа што раул и на двата натпревари го игра на крај од натпревар но засега тоа вродува со плод, особено денес.

Против германците нема што да бараме ако еден од двајцата нема феноменален ден. Мислам дека тоа ќе биди борко, некое претчуство... go figure :))
 
Ке се најде некој да објасни зошто ја украдоа победата на Словенија?
На која основа им дадоа седмерец на Џерманците?
 
Пенал не постои, го изрежираа зошто Германија не требаше да изгуби. :toe:

Сеа Иреал ќе каже дека цело сабајле ја мислел Х. Ебате стариот коњ.
ти си коњ... добра беше за Х ( 10,5) , пишав јас на време во рубриката што е за таа работа
 
Ке се најде некој да објасни зошто ја украдоа победата на Словенија?
На која основа им дадоа седмерец на Џерманците?
на оваа основа...
af13a432f7916ca46a95c0025209a3fc.jpg


Sent from my SM-G925F using Tapatalk
 
Ке се најде некој да објасни зошто ја украдоа победата на Словенија?
На која основа им дадоа седмерец на Џерманците?
И на една колешка моментално и го објаснувам ова. Коа ми рече Вујиновиќ умреф.
Блаж го блокираше Уве да изведе брз центар. Блаж стоеше во кругот на средината на теренот. Црвен картон и пенал, правилна одлука. Вистина па е тоа што го збори Фросе, да се работеше за друга репка судиите немаше 10 минути да прегледуваат снимки.
 
на оваа основа...
af13a432f7916ca46a95c0025209a3fc.jpg


Sent from my SM-G925F using Tapatalk
редно беше, кај не се стопира доста од неактивното време, па и невиден пресинг се дозволиува со сите средства... а немаше потреба да се глупираат...
 
Ке се најде некој да објасни зошто ја украдоа победата на Словенија?
На која основа им дадоа седмерец на Џерманците?
Screenshot_10.jpg

На основа на ова, не смеат да бидат толку блиску. Голема глупост на Словенците на сликата се гледа дека голманот е на голот и немаше шанси Геншајмер да постигни гол.
 
И на една колешка моментално и го објаснувам ова. Коа ми рече Вујиновиќ умреф.
Блаж го блокираше Уве да изведе брз центар. Блаж стоеше во кругот на средината на теренот. Црвен картон и пенал, правилна одлука. Вистина па е тоа што го збори Фросе, да се работеше за друга репка судиите немаше 10 минути да прегледуваат снимки.
ќе треба Вујо да иде во Рудари, да ги научи правилата ... а и за пасивен напад, читав дека наводно по правила не е ограничено времето на пасивниот напад туку број на додавања , дозволено е 6 додавања откако судијата крене Рака !!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom