Се ова супер ама после одбранава Борко ни SWAT не го тргаат од гол.
Борко е многу ограничен голман, отсекогаш бил. Кога треба да брани надвор од линијата на гол излегува и се поставува, само ја крева ногата и мафта со едната рака... нема апсолутно никакво движење со телото, ниту пак знае да отвори лептир. Со тоа на играч кој ти влегол во позиција 9 или 6 метра му даваш повеќе од идеална шанса да ти ја збибери над глава, да те лобова, цевка да ти стави, под слабини да ја пушти... ЕДЕН куп опции.
За разлика од него, Митревски кога излегува излегува директно на играч и е подвижен да се отвори во воздух, да направи и лептир или да оди на страна. Неговиот недостатог е во тоа што не е голем и помал простор брани, нема маса како борко или пак како дивиот.
Неговиот талент за бранење да го имаа Диви или Борко ќе имавме ЕКСТРА класа на голман.
Вака, Митревски не вади 2 натпревари по ред, а борко го чекаме да му тргне колку толку. Не ми се свиѓа што раул и на двата натпревари го игра на крај од натпревар но засега тоа вродува со плод, особено денес.
Против германците нема што да бараме ако еден од двајцата нема феноменален ден. Мислам дека тоа ќе биди борко, некое претчуство... go figure

)