Група Ц (Англија, САД, Алжир, Словенија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Во време кога сите медиуми во сите земји кои настапуваат на СП , ги бодрат своите репрезентации , и се обидуваат на секој можен начин да им го кренат моралот и самодовербата , во Англија е сосема спротивно. Само неколку месеци пред почетокот на СП , за пола тим искочија афери ( Ешли Кол , Џерерад , Тери ). Кога на ова ќе ги додадеме повредените играчи ( иако не се многу ) и оние кои штотуку се опоравиле од некоја повреда , па не се 100% спремни , се добива впечаток дека во Англија медиумите сами сакаат да не успеат. Ми беа фаворит пред да почнат да се објавуваат разни афери , ама сега сигурно ќе навивам за некоја друга репрезентација. И после Англија ќе оди далеку. Се додека мењаат капитен заради глупост , и се трудат да го посерат целиот вложен труд , до нигде нема да стигнат. Не е дека немаат среќа , сами се криви.
 
Со тимот што го има Англија и со Капело на чело нема да имаат никакви проблеми за пласман понатаму. Борбата за 2ро место ќе биде интересна, мислам дека сите 3 имаат шанси.

САД последните години е во подем, а тоа го покажаа и на купот на конфедерации. Словенија беше во тешка квалификациона група и успеа да помине, а ја елиминираше и Русија (иако со доста среќа). Алжир се фанатици кои ќе гинат за секоја топка, така што нема да се дадат лесно во дуелите со овие 2 тима.
 
Англија очекувам да е прва во групава, и ако не направат некои поздарии и да го освојат конечно првенствово. Ама со нив не се знае, кога ќе почнат 1/8 финале па натаму знаат да направат егзибиции, глупости, непотребни црвени картони.........
 
Очекувам Англија во оваа група лесно да пројде, но сите тие афери, целиот тој огромен медиумски притисок може многу деструктивно да влијае за тимот, за нивната понатамошна бобра за највисок пласман.
 
Англија и САД одат понатаму се знае.
 
Работата на Капело ќе ја протне Англија низ групава, ама нивните играчи не се капацитетни за повеќе.
Околу некој втор, па шо знам, ова Америве не ми се сигурни.
 
Не би требало да имаат проблем Англичаниве..
Ептен лесна група им се падна.
Само како посериозен противник може да се каже дека е САД.
Другите би им биле лесен залак :)
 
Земја учесничка на СП - Словенија

Како една од најмалите држави кои се појавиле на Светските првенства, Словенија за голем број фудбалски велесили би требала да претставува лесен плен ако главната карактеристика не и е непредвидливоста. Сегашната генерација нема имиња како Заховиќ, Новак или Ачимовиќ, кои беа главни по осамостојувањето на државата, но има еден силен колектив кој може да изненади секого на Мундијалот.

Златниот период на словенечкиот фудбал е крајот на минатиот и почетокот на новиот милениум. На големите натпреварувања Словенците дебитираа во 2000 со настапот на Европското првенство во Белгија и Холандија, а претходната сезона Марибор учествуваше во фазата по групи од Лигата на шампионите како единствен словенечки тим досега во елитата. Кулминација беше пласманот на СП 2002 година откако во баражот беше елиминирана Романија. На него дојде до конфликт меѓу тогашниот селектор Сречко Катанец и капитенот Златко Заховиќ, па Словенија го заврши настапот со три порази и само два постигнати гола. Во следните осум години изостанаа учествата на големите натпреварувања, но не и блескавите резултати како триумфот против Италија во квалификациите за СП 2006 со што Словенците беа единствени што ги совладаа "азурите" на патот кон нивната титула на Мундијалот во Германија.

Како земја што по Тринидад и Тобаго е најмала која учествувала на едно Светско првенство, јасно е дека репрезентацијата на Словенија нема многу голем избор на квалитетни фудбалери. Земјата има само 33 илјади регистрирани фудбалери, што е, на пример, само една десетина од вкупниот фонд на Германија. Оттука, главна карактеристика на репрезентацијата на поранешната југословенска република е тимскиот дух, добрата атмосфера и меѓусебното разбирање на играчите. Тоа најдобро се виде во баражот против Русија кога Словенците излегоа на теренот не плашејќи се од големите имиња на противникот и со фанатична борбеност успеаја да го направат тоа што никој не очекуваше. Триумфот против Русија беше само "јаготка на шлагот" кога станува збор за квалификациите во кои Словенија прими само четири гола.

Најпознатите имиња во словенечката репрезентација се голманот Самир Хандановиќ од Удинезе, капитенот Роберт Корен од ВБА и напаѓачот Миливоје Новаковиќ од Келн. До нив има уште десетина фудбалери кои настапуваат како интернационалци најмногу во Германија и Полска (никој од стартната постава не игра во словенечкото првенство), но и така во словенечката репрезентација никој не се потпира на индивидуалните квалитети.

Кога станува збор за настапот на Мундијалот во Јужна Африка, Словенија со САД ќе се бори за второто место на табелата со оглед на неприкосновеноста на Англија. Нацијата ја очекува првата победа на Мундијалите, а Алжир би бил идеалниот противник за тоа иако Словенците пред осум години во Јапонија и Јужна Кореја имаа непријатно искуство со Јужна Африка. Без разлика на малото искуство од настапи на големи натпреварувања на оваа генерација, никој не смее да ги отпише или потцени Словенците бидејќи токму тогаш тие се најнезгодни.

slovenija_tim.jpg
 
Ova Alzircive se gola voda. Slovenija nesto slicno.

Ocekuvam Amerikancite da bidat prvi (:nesum:), Anglija vtora iako mi se dopadja angliskiot sostav i so zdrava atmosfera bi mozele oni duri do finaleto. Ce vidime kako ce vlijae sevo ova na nivnata igra. A majstori se.
 
Освен Англичаните што ќе обезбедат пласман, другово ќе биде неизвесно. Словенија добра игра покажа во квалификациите, САД стандардни си се како секогаш, ама за Алжир ако обезбеди пласман нема да ми биде чудно. Не се некоја си сила ама имаат потенцијал за победа над Словенија и Сад.:toe:
 
Многу лесно Англија треба да помине у оваа група и да го освои првото место...
Англија ми е втор фаворит кој сакам да освои...
Словенците ќе бидат доста добри и ќе се борат сигурно за второто место...
 
Што мислите за Алжир да не освои повеке од 2 бода во трите утакмици ( 2 е коеф ) или пак да биде последен во групата ?
 
СП Група Ц: Сега или никогаш за „Гордиот Албион“

Англија не само што е голем фаворит во групата Ц во која се наоѓаат уште и САД, Алжир и Словенија, туку „Гордиот Албион“ е еден од главните претенденти за симнување на „Аѕурите“ од светскиот фудбалски трон. Англичаните на титула чекаат уште од далечната 1966 година и можеби дојде време по четири и пол децении сериозно да се вклучат во трката за круната со Италија, Бразил, Шпанија, Аргентина и останатите.

На клупата го имаат прекалениот италијански стратег Фабио Капело, кој успешно ги водеше во квалификациите остварувајќи девет победи во десетте натпревари. Исто така, Капело го има сезонава феноменалниот Вејн Руни кој постигна 9 голови за националниот тим и над 30 за Јунајтед во сите натпреварувања. За квалитетите на Тери, Фердинанд, Џерард и Лампард не треба да се трошат зборови.

- Многу сме јаки и можеме да се носиме со сите најдобри селекции на светот. Многу сум среќен со играчите, односно групата која ја имам на располагање. Имам голема доверба во нив. Бидете уверени дека Германија 2006 нема да се повтори. – вети Капело.

За второто место во групата кое исто така води во следната фаза ќе се борат САД и Словенија. Од 1994 година кога беа домаќини, Американците не пропуштија ниту едно Светско Првенство, а во 2002 во Јапонија и Јужна Кореја дотуркаа дури до ¼ финалето. Селекторот Боб Бредли на располагање има добро познати имиња како Лендон Донован, Тим Хауард, Огучи Онијеву и ДаМаркус Бизли.

- Мислам дека имаме солидни шанси да ја минеме групата. Купот на Конфедерации минатото лето нас не научи дека секој гол и бод се исклучително важни на вакви натпреварувања. И натаму сме со високо подигнати глави, свесни дека можеме да победиме секого. Фокусирани сме на првиот меч против Англија, па за понатаму ќе видиме.- изјави еден од најпознатите и најдобар играч на САД, Лендон Донован, кој настапува за тимот на Евертон во англиската Премиер лига.

Иако на Американците им се даваат повеќе шанси за минување на групната фаза, сепак и Словенија не е за потценување, а тоа најдобро го осети Русија која беше елиминирана во баражот. Селекторот Матијаж Кек на најдобар начин го склопи мозаикот и создаде респектабилен тим предводен од голманот на Удинезе Самир Хандановиќ и напаѓачот Миливоје Новаковиќ. По распадот на Југославија, Словенците играа на ЕП во 2000 и СП во 2002, па ова ќе биде трет нивни настап на големите натпреварувања.

- Мислам дека Англичаните можат да го освојат СП. Ова е последна шанса за една брилијантна генерација да се закити со трофеј и тоа секако ќе биде голема мотивација за нив. – изјави словенскиот селектор, потенцирајќи дека е добро што со фаворитот во групата ќе играат во последното трето коло, бидејќи според него веќе многу работи ќе станат јасни дотогаш.
Алжир е тотален аутсајдер во групата, но се вратија на Светските Првенства по 24 години пауза, и тоа во голем стил. Прво го елиминираа Сенегал , а потоа и Египет. Најпознати играчи кај Алжирците се Зиани од Волфсбург, Бугера од Ренџерс, Белхаџ од Портсмут и Гезал од Сиена. Посакуваат пласман во втората рунда, но желбите се едно, а можностите нешто сосема друго.

- Посакуваме да ги победиме сите во групата. Лично, ќе „летам“ на теренот бидејќи сакам да го напуштам како победник. Наша реална цел е пласман меѓу 16-те најдобри селекции.- изјави играчот од средниот ред на Борусија Менхенгладбах Карим Матмур, кој очигледно нема проблем со оптимизмот.



извор http://www.kurir.com.mk/index.php/sport/60-sport/13040-gordiot-albion
 
Англија - САД, иако ја иам кец, можно е Англичаните да кикснат од браќата нивни, а после да се соочат со гневот на Капело, и да го совојат првенството. Најпаметно е да не ги налутат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom