Група Б(MKD,CRO,ESP,JPN,BAH) - Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата The Accountant
  • Време на започнување Време на започнување

Кои репрезентации ќе ја поминат групата?


  • Вкупно гласачи
    131
И реално, Борко колку ида биде хејтан, минатото и ова првенство беше тотално на ниво.
Ова првенство имаше сосема солиден учинок.

Освен Борко на првенствово сосема добар беше и Пешевски.

Кире стандарден лидер иако мислам дека не го користевме целиот негов потенцијал и непотребно го чувавме.

Остатокот тотално разочарувачки.

Реално, Раул е супер тренер, и навистина се надевам ќе најдеме некој барем приближно добар до него, но тренер кој ќе биде 24/7 посветен на репрезентацијата. Тренер кој и кога нема мечеви на репрезентацијата ќе се замара со истата.

Што и да се случи се надевам ќе го смениме изгледот на репрезентацијава и дека од следното првенство натаму ќе бидеме посериозни и дека нема да паднеме како што сите реално и очекуваме...

ЗА МАКЕДОНИЈА! :oeoeoe:
 
@dragonsky
Го гледаше второво?Министеров беше КЛАСИЧЕН македонски министер.Да си има функција ама да не си ја работи работата.Да не се помрднува.
 
Талески е убедливо нај бескорисен играч оваа првенство. Мнозинството голови ги примивме поради него. А уште повеќе е виновен Раул што упорно го форсира. Бранете го ако сакате, но факт е дека е потпросечен играч што не уништи во многу акции.
Не знам како планираа да победат во натпревар со голови само од пикер и крило. Какви се овие бекови што не знаат да се пробијат, да дадат гол од место, да имат скок шут? Од толку бекови, ниеден (настрана Лазаров) не излезе асален. На што ги подготвува овој тренер? Скок-Предај-Скок-Предај?
На толку играчи што има во составот, наместо да работи со сите, да го извади најдоброто од секој играч, тој цело првенство се концентрира врз неколкумина играчи. Ќе речете па тие се најдобрите.. Добар тренер е оној што знае како да го искористи до максимум сето она што го поседува.
Од настапот на оваа првенство, со задоволителна оцена се Лазаров, Борко, Митревски, Стоилов, Пешевски и донекаде Манасков. Толку.
 
Си викам види го Тале се измангупи,ме читал на кајгана па реши да ми се освети.Трас 2-3 гола прави.Е после тоа го надвладеа неговото незнаење и оп 2-3 глупости.Фрли пепел на претходните голови секундарно.Онде кога замрзна на 10ина метри, зедов да ја нишам антенана да не закочила сликата си реков.Поминаа некои си 5-10 секунди дури да сфатам дека тоа уствари е рутинска финта.
 
А и онде Гоцкава кога го нокаутираа не турна многу психички.Кога ќе ти го повредат најдобриот секогаш е стресно и 5-10 мин си во блек аут.
 
Ете Кире кажа се што му лежеше на душа и што го чуваше во себе цело првенство. Него му пречи Раул и младите што играат на првенството. Кире би го избркал од репрезентација со ваквото однесување. Го ценам како играч, ама како човек не. Гнаса невидена. Јоноски да се врател бараше. Па и Серафимов не го бивало туку тој младиот Марковски. Бил многу подобар. Алооо не си тренер, играч си.
Ти не си тој што ќе кажува како да се игра.

Раул му сметал, а освои ЛШ со Вардар. Раул е еден од најдобрите 5 тренери во светот.
Нека се тргнат старудииве Борко, Кире, Фиќо, В. Маркоски, а посебен акцент да се стави на помаранџестата штака, Талески и Декибој. Со Шпанија најмногу грешки направија тие тројца, а и со Исланд пак тие правеа грешки и го промашија голот неколку пати.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom