Група Б | Јесенице | - ЕП Словенија 2013

Па еве и да речеме дека нашиве ќе победат 20 разлика утре исто како и Литванија и Србија и нашиве стигнат до финале и станат шампиони, сеуште останува фактот дека на следното ЕП ќе играме само за билдање на искуство на некои следни генерации.
 
Чекајте малце другари, прво да ја тепаме Латвија со 10+

via Twitter

:eek:

Зошто такво шокирано смајли?
Ако сакаме теоретски да имаме шанси, со толку треба и да ја тепаме.
 
Пвенствово е лудница,секој секого може да победи.Погледнете ги само резултатите во нашата група.Ние ја имаме најуверливата победа а сите останати буквално се одлучуваа во последните минути.Литванциве одвај ги тепаа Ц.Гора а ништо чудно утре да се случи чудо да тепа БиХ со Литванија над 10 па така Литванија да извиси(рачунам оти ние сигурно губиме од Летонија,нашите немаат психа за да се вратат после оваков ден).
Во секој случај мислам дека не треба толку плукање и навредливи зборови за репрезентацијата,иако изиграа под начите очекувања јас не видов некој да не надигра.И во такви лочи изданија како со Литванија и денес со БиХ утакмиците се одлучуваа во последните 2-3 минути.Фала на оваа генерација за радостите што ни ги пружија овие 2 години дај боже и следната генерација да избори пласман на ЕП па и нека не минат прв круг.
 
Што и да биде утре оваа генерација ќе остане запамтена по единството и колективот. Дечки со среќа!!!!
 
Dzabe ni e sve, posto srbija ako izgubi ide so 4 boda, pod uslov sve da ni ide u korist,zaedno so pobedata od plus 10 razlika. Ova sigurno e prv put so poraz da se dobiva poveke nego li so pobeda :( .
 
Да не бидам песимист ама.... баталете тоа гордост на Србија па немало намерно да изгубат. Таа гордост и тие 2 бода нив можат да им донесат потежок противник во 1/4 финале и полош пласман на првенството.
Што ни вреди нас победата над Србија кога они идат даље, ние не! Чија гордост е поповредена?!
 
Сепак според мене попаметно би било да збориме за МКД-Латвија него ли Србија-Црна Гора. Нашиве играат први, другвие последни така да пред Србија-Црна Гора ќе се знае се.
 
Пвенствово е лудница,секој секого може да победи.Погледнете ги само резултатите во нашата група.Ние ја имаме најуверливата победа а сите останати буквално се одлучуваа во последните минути.Литванциве одвај ги тепаа Ц.Гора а ништо чудно утре да се случи чудо да тепа БиХ со Литванија над 10 па така Литванија да извиси(рачунам оти ние сигурно губиме од Летонија,нашите немаат психа за да се вратат после оваков ден).
Во секој случај мислам дека не треба толку плукање и навредливи зборови за репрезентацијата,иако изиграа под начите очекувања јас не видов некој да не надигра.И во такви лочи изданија како со Литванија и денес со БиХ утакмиците се одлучуваа во последните 2-3 минути.Фала на оваа генерација за радостите што ни ги пружија овие 2 години дај боже и следната генерација да избори пласман на ЕП па и нека не минат прв круг.

Баш утре послободно би требало да играат.Да влезат во натпреварот без притисок.Што биде нека биде.Шо има да се стегаат кога и онака немаат големи шанси за понатака.
 
Шостори вие појма немате овде пола на форум !
Ете сега се гледа кој прати кошарка, а кој гледа кошарка од Европско на Европско и после јади трици !
Ептен безвезни прашања, зошто требало да тепаме со 10? Зошто се формирало круг од 3 репрезентации? Шо ќе биди ако тепа курле? Шо ќе биди ако тепа мадле?
Многу е едноставно, то си е правило, на почетокот вие убо објаснато и свртете некоја страна поназад и ќе видите не чекајте сите на готово, ве мачи да свртите 5-6 страни поназад..
 
Наше е додека има шанси да се надеваме, на кошаркарите е утре да изиграат и да победат 10 или повеќе, па што биде нека биде, доста сите се правите предвидувачи и сезнајковци. :)

Жал ми е и на мене и на сите сигурно, што дозволивме да зависме од сите репрезентации во група, но што е тука, тука е... :)
 
Сега навиваме за Босна :)

Летонија +3
Литванија +8
Босна -11

Босна треба да победи со 10 разлика против Литванија. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom