Очаен натпревар, ништо ново од претходни првенства. Повторно цела игра во напад е базирана на Кире, додавањата до Столе и изнудување на седмерци и по некоја контра на Манасков. Ништо повеќе од тоа.
Талески и Кузмановски вечни таленти. Од Тале толку се очекувањата, ама Кузмановски отиде во најдолна можна линија со формата.
Каде се изгуби она момче што на 19 години имаше муда за влезови и даваше одлични голови?
Танкоски го презема приматот сега, се обидува да направи нешто, но по еден добар влез направи минимум 3-4 грешки кои не чинеа брза контра.
Во одбрана почнавме добро, но после бродолом. Среќа што Митрески имаше одличен ден, он ни ја донесе победата со скинатите зицери. Не ми се допадна само што на седмерци цело време се спушташе многу ниско, остави многу простор за да му даваат голови со повисоки удари. Среќа Украинциве се камења, друга репрезентација ќе не казнеше инстантно. Едно време ја сменија играта, правеа простор за шутеви од далеку и не избушија.
Во напад, Кире имаше многу избрзани шутеви на крајот, среќа што го закачи последниот шут. Сепак, се уште е единствен што знае да разигра, овие ни се креваат на шут, ни пробиваат.
Дури и ми фали Филипче, ќе имавме поголема разновидност во нападот, со некое кошаркарско додавање од зад грб

Ништо не значи очајнава партија, ние сме тим кој секогаш игра со осцилации. Може да се повампириме на наредната, а може и тотално фијаско да ни се случи. Групата е израмнета, го добивме дуелот со најслабиот тим, па останува со двете брзоплети репрезентации да се надигруваме, форсирајќи наша бавна игра.
Брестовац ти е ракометниот Мрме. Мизерија од тренер, ама вади резултати
