Група B (CZE, MKD, AUT, UKR) - Виена

  • Креатор на темата Креатор на темата aletem
  • Време на започнување Време на започнување

Кои две репрезентации ќе продолжат во наредниот круг?


  • Вкупно гласачи
    99
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Океј е. Кире ја реши како прав капитен! Митревски беше феноменален. Столе исто. Талески не беше толку лош, нема потреба од толку реметење. Беше далеку подобар од Кузмановски кој го немаше нигде. Е сега имаше доста утнати зицери и шанси и утакмицата ќе беше решена да беше некои +5 или +6 на полувреме, ама тоа е. Мора она македонсконо да се извади до крај, дали било со Германија, со Исланд, или пак со Украина и Турција. Прва утакмица е и бевме големи фаворити против Украина и никако со тоа "фаворит" не може да се носат, јбг. Има квалитет, мора само да се покаже. 1/1 за почеток е најбитно!
 
Mi ja gnasi dnevnata....

Fixed :kafence:

Инаку се да им изнаебам, сите ќе полегнеме од дебиливе.
Кирил
Стојанче
Митревски
:cuc:

Тоа се тие, другите не би ги пуштил ни гробишта да чуваат
 
Комедија е целиов пренос,водител,новинари,изданиево на Телма .... Добро бе,како прашуваат играчи :LOL: Иако млитава селекција,но Брестовац е мизерен .... Наши селектори некои барем подобро водеа на мечеви ....Во континуитет играме со Брестовац лошо
 
Очаен натпревар, ништо ново од претходни првенства. Повторно цела игра во напад е базирана на Кире, додавањата до Столе и изнудување на седмерци и по некоја контра на Манасков. Ништо повеќе од тоа.
Талески и Кузмановски вечни таленти. Од Тале толку се очекувањата, ама Кузмановски отиде во најдолна можна линија со формата.
Каде се изгуби она момче што на 19 години имаше муда за влезови и даваше одлични голови?
Танкоски го презема приматот сега, се обидува да направи нешто, но по еден добар влез направи минимум 3-4 грешки кои не чинеа брза контра.
Во одбрана почнавме добро, но после бродолом. Среќа што Митрески имаше одличен ден, он ни ја донесе победата со скинатите зицери. Не ми се допадна само што на седмерци цело време се спушташе многу ниско, остави многу простор за да му даваат голови со повисоки удари. Среќа Украинциве се камења, друга репрезентација ќе не казнеше инстантно. Едно време ја сменија играта, правеа простор за шутеви од далеку и не избушија.
Во напад, Кире имаше многу избрзани шутеви на крајот, среќа што го закачи последниот шут. Сепак, се уште е единствен што знае да разигра, овие ни се креваат на шут, ни пробиваат.
Дури и ми фали Филипче, ќе имавме поголема разновидност во нападот, со некое кошаркарско додавање од зад грб :D
Ништо не значи очајнава партија, ние сме тим кој секогаш игра со осцилации. Може да се повампириме на наредната, а може и тотално фијаско да ни се случи. Групата е израмнета, го добивме дуелот со најслабиот тим, па останува со двете брзоплети репрезентации да се надигруваме, форсирајќи наша бавна игра.
Брестовац ти е ракометниот Мрме. Мизерија од тренер, ама вади резултати :D
 
По првично виденото, Украина заедно со Латвија и Холандија сигурно ќе бидат најслабите репрезентации и ќе ги завземат последните 3 места. Ние, дај боже да грешам, ама ќе ни треба мноогу подобри партии ако сакаме бодови со Чешка и Австрија. Би рекол дека се и фаворити против нас.
Утакмицава за пофалба е Митревски, добро е што ја пренесува клубската форма. Столе топ, одбрана напад 50 минути играше, у напад скоро без грешка. За Кирца стандард е ова. Талевски, ова што го изигра треба да му е минимум секоја утакмица. Кузмановски пред три сезони беше боље него сега. Многу е предвидлив и едноличен а кога ќе му се укаже шанса се мисли саат време што да направи. Пешевски мораше боље да ги искористи минутите у напад. За Џомба, кажано е се, од кога е у Романија е друг играч, пропаднат. За Манасков имам доем дека боље игра за Веспрем него за репрезентација, 5 гола даде ама 3 од седмерец.
 
Кузмановски дно дупна, жален беше за гледање.
Едино полошо од него се Телма. Огнен Чанчаревиќ и Павле Беловски наместо пред Собрание или Кривичен залутале на ракомет у Виена.

Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
 
Последно уредено:
Телма се прича за себе овој коментаторов Стево мислам се викаше беше залутан во време и простор прееска дури гледав Австрија - Чешка почна да кажвит цитирам " Вебер искусниот ракометар на Австрија организатор на играта во репрезентацијата " тажно е колку незнајт нек се вратит на тркине со Југовци шо ги праеше пред години
 
Хахахааа каква ретардирана репрезентација

Аууу

Дечки, ипак да не заборавиме ова е истата репрезентација (па можда и полоша) што ИЗГУБИ ОД ГРЧКА

Алоооооооооооооооооооооооо
Од Грција "службено" сме изгубиле. Во духот на Договорот.
 
Ne mislev deka ke dojde den Filip Lazarov da go barame nazad vo reprezentacijata.
 
Талески барем придонесува. Очекувањата на поголемиот дел од гледачите во врска со него се преголеми. Што заради overhype од страна на медиуми, што заради незнаење, што заради тоа што не произведуваме доволно играчи па очекуваме премногу од оние малку што ги имаме. Коректна партија имаше, 4/7 шут, 3 асистенции, играше речиси цел натпревар во одбрана и тоа против екипа која играше 7 на 6 во најголем дел од мечот, а тоа е ситуација во која е исклучително тешко да се браниш.

За разлика од него Фитиљот е очај! Не само што не превзема одговорност, туку нема апсолутно никаква идеја што сака и може да се одигра во дадениот момент. Каков е тој организатор на игра? Се плашам дека најсветлата точка во кариерата ќе му остане партијата против Црна Гора на ЕП 2018.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom