Знаев дека натпреваров ќе биде тежок, инфарктен, стресен, ама вакво чудо ни на крај памет не ми доаѓаше
Знам дека сега ќе се кења Македонија се сака и кога победува и кога губи, НО проблемот е што ние самите си се победуваме.
Не е срамно да се изгуби натпревар, ни од Шпанија, ни од Франција, ни од Буркина Фасо, срамен е резултатот, срамна е играта.
3 дена да имаш на располагање, одмор, припреми, подготовки и на крај јадеш стап и тоа квалитетен стап.
Ова беше натпревар како НЕ ТРЕБА да се игра ракомет, сите елементи беа застапени, и пробивања и престапи и лошо додавање, и швајцарско сирење одбрана и тапа и без идеен напад.
Ова е натпревар на ниво на РК Преспа (РК Преспа, почит кон вас), а не натпревар за ЕП.
Талевски, Велковски

,,,
Водење топка, додавање, сето тоа се учи во првите 3 тренинзи кога ќе се запишеш во ракометна школа.
Да бевте на обичен тренинг поарно ќе одигравте.
Лазаров 2 топки кон Варгас и ете го повреден

Светла точка Боре, знаев дека денес ќе ме изненади,
Ми е криво дека Шпанциве не се ништо посебно, ми е криво дека не покажавме ни 50% од тоа што сме, од тоа што можеме, од тоа што знаеме.
Се надевам дека ќе си го стават СИТЕ прстот на умот, ќе преспијат вечерва и утре со ладни глави, со нови сили во нови победи.
А овај коментаторов, нека не се брука детево, нека му кажат домашните да си се врати дома, не е за ракомет да води.
"се носиме рамноправно со Шпанската репрезентација" - а резултатот 14-25

, а ова рамноправново сеуште неможам да го дешифрирам.
