Има ли некој бе во државава што ги разликува зборовите "очекува" од "се надева"? Јас разбирам дека сите се надеваме на победа, ама кој да прашаш да каже дека ОЧЕКУВА победа? Само џабе притисок по медуми им правиме на играчите.[DOUBLEPOST=1516553835][/DOUBLEPOST]Ајде вака:
Се надевам на победа. Имаме се што ни треба. Имаме игра, имаме ротација, имаме желба... Шпанија е можеби најслаба во последните 5-6 години. Шансите се тука. Дали ќе успееме? Навистина не знам. Во принцип Шпанците никогаш не ни лежеле. Сме имале многу проблеми со нив. Мислам дека секогаш повеќе ни лежела играта на скандинавските екипи (Данска, Шведска, Исланд, Норвешка, Германија...), отколку на потехнички ориентираните екипи како што се Шпанија, Хрватска, Словенија (Французите се посебна приказна тие се се во едно)... Игра каква што впрочем помалку или повеќе секогаш играме и ние.
Генерално, ми се чини дека треба да играме доста густа 6-0 зона. Да се остави да не победат со шут од крило и од 9. Најважно е да се спречат пикерите, како и да се намали колку што е можно влезовите и таа игра меѓу 6 и 9. Тука е опасна оваа Шпанија. Во напад тоа што го играме досега треба да продолжи. 6на6, 7на6, транзиција, игра на крило... Од се по малку треба да изиграме.
Ќе ни треба среќа, ќе ни требаат ладни глави, ќе ни требаат и тоа како расположени голмани.
Веројатно најважен натпревар на првенството. Шанси за историја. Одиме на победа!!!
Ако успееме нема време за славење мора да се свртат веднаш мислите на Чешка. Ако не успееме, повторно нема време за плачење не чекаат уште 2 средби.