- Член од
- 12 декември 2007
- Мислења
- 4.906
- Поени од реакции
- 10.485
Грција ќе гради споменик на Александар Македонски во Ирак
Грција и Ирак се договорија да подигнат споменик на Александар Македонски во близината на Мосул, во чест на пресудната победа (Битката кај Гавгамела) на македонскиот освојувач над војската на Персиското царство во 331. година п.н.е
Грчката министерка Дора Бакојани рече дека за ова се договорила денеска со ирачкиот колега Хошијар Зебари по разговорите во Атина.
Зебари смета идејата била и затоа Ирак ја поддржува.
Оддавањето почест на големото освојување „мора да го симболизира взаемното влијание меѓу двата народа”, грчкиот и ирачкиот, рече Бакојани.
Познато под античкото име Гавгамела, местото на битката меѓу македонските и персиските сили се наоѓа на ирачкиот север, недалеку од Курдистан. Откако ја прегази војската на персискиот крал Дариј Трети, Александар Велики со 25 години се прогласи за крал на Азија.
Веста е од A1.com.mk. Бидејќи ние кога преименуваме аеродроми во нашата земја тоа се смета за провокација и е наведено во сите европски извештаи, дали и градење на споменик на Александар Македонски во трета земја од страна на гејците европјаните ќе го сметаат за провокација?