Три автобуси со тим од 60 македонски професионалци обучени да се справуваат со пожари денеска беа вратени од граничниот премин Богородица.
Еден од припадниците на тимот за А1 вели дека на самата граница грчките цариници им рекле дека на Грција не и е потребна помош од Македонија, по што автобусите се вратиле.
Во официјалното образложение на македонската Дирекција за заштита и спасување која ги испрати автобусите за грција стои: „И покрај добрата волја за упатување и пружање помош на Република Грција, не бевме удостоени со одговор за прифаќање на помошта од грчка страна“.
Поради тоа од страна на Дирекцијата за заштита и спасување беше донесена одлука за демобилизирање на припадниците на Републичките сили за заштита и спасување. Ќе ги прателе во Грција кога соседите ќе го побарале тоа.
И од Центарот за управување со кризи потврдуваат дека Грција се уште не одговорила дали ја прифаќа помошта.
„Се уште нема прецизни информации од грчка страна. Значи, оставено е да ни јават дали и кога ќе ја прифатат помошта. Инаку, би сакал да нагласам дека трите противпожарни возила со 26 професионални пожарникари беа ставени на располагање уште вчеравечер, значи уште во вечерните часови вчера можеа да преминат на грчка страна“, рече Панде Лазаревски, директор на ЦУК.
Македонија во неделата на Грција и ги понуди сите ресурси за гасење пожари со кои располага државата. Се договориле да им се испратат три противпожарни возила, 26 пожарникари и 60 припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, обучени за гасење пожари.
Цела Европа се мобилизира да ги изгасне пожарите во Грција. Со огнената стихија се справуваат канадери, хеликоптери, пожарни и луѓе од Франција, Германија, Шпанија, Италија, Кипар, Норвешка, Холандија, Португалија, Романија, Србија и Словенија. Помош ќе пристигне и од Израел.
Доцна попладнево пристигна и реакција од грчкото Министерство за надворешни работи. Во дописот Грците се заблагодаруваат за понудената помош од земјите кои изразиле готовност да и помогнат на Грција во справувањето на пожарите, но додаваат дека засега не се потребни дополнителна опрема и луѓе за гасење на пожарите.
Не знам како можеме да бидеме толку добри спрема нив, да ги удоволиме со се и пак неблагодарност и понижување од страна на грците.