Грција да го признае постоењето македонско малцинство и да ги обештети протераните за одземените имоти, а во разговорите со Македонија да прифати двојна формула за името.
Ова го сугерира професорот по меѓународни односи при универзитет Пантеион во Атина, Алексис Ираклидис.
Според грчкиот универзитетски професор, точно е дека на македонското население во периодот 1949-50 година им биле конфискувани имоти дури и без судски решенија.
Грција дозволи голема грешка со одземените имоти на „славомакедонците“ и доколку ова прашање се наде пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур ќе и биде наложена да плати отштета, оценува професорот Ираклидис.
Според него, Грција треба да престане „да ја турка главата во песок“ и да тврди дека „славомакедонците“ не постојат, бидејќи нивниот број изнесува околу 30-40 илјади лица.
Некои од нив, според Ираклидис, имаат македонско „„етничко“ самоопределување, додека другите целосно се интегрирале во грчкиот етнос, поради што „нема опасност за територијалната целовитост на Грција“.
Професорот Ираклидис на грчките власти им сугерира и нов, реалистичен пристап во преговорите со Македонија за разликите околу името.
Според него, прашањето би требало да се реши со прифаќање од Грција на сложено име (како Нова Македонија, Горна Македонија или Северна Македонија) кое Скопје би го користело само за билатерална комуникација со Атина, а не и за меѓународна употреба.
Само Фрчко да не му го пратиме на гости кај професоров, "ќе го згази од маање".