Грчки универзитетски професор ја критикува Атина за македонското прашање

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.289
Поени од реакции
12.755
Грција да го признае постоењето македонско малцинство и да ги обештети протераните за одземените имоти, а во разговорите со Македонија да прифати двојна формула за името.

Ова го сугерира професорот по меѓународни односи при универзитет Пантеион во Атина, Алексис Ираклидис.

Според грчкиот универзитетски професор, точно е дека на македонското население во периодот 1949-50 година им биле конфискувани имоти дури и без судски решенија.

Грција дозволи голема грешка со одземените имоти на „славомакедонците“ и доколку ова прашање се наде пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур ќе и биде наложена да плати отштета, оценува професорот Ираклидис.

Според него, Грција треба да престане „да ја турка главата во песок“ и да тврди дека „славомакедонците“ не постојат, бидејќи нивниот број изнесува околу 30-40 илјади лица.

Некои од нив, според Ираклидис, имаат македонско „„етничко“ самоопределување, додека другите целосно се интегрирале во грчкиот етнос, поради што „нема опасност за територијалната целовитост на Грција“.

Професорот Ираклидис на грчките власти им сугерира и нов, реалистичен пристап во преговорите со Македонија за разликите околу името.

Според него, прашањето би требало да се реши со прифаќање од Грција на сложено име (како Нова Македонија, Горна Македонија или Северна Македонија) кое Скопје би го користело само за билатерална комуникација со Атина, а не и за меѓународна употреба.

Само Фрчко да не му го пратиме на гости кај професоров, "ќе го згази од маање".

Овој професор рескира да биде прогласен за државен непријател бр.1 во Грција.
Може и Караџаферис да го посети и да го превоспита...
 
Овој професор рескира да биде прогласен за државен непријател бр.1 во Грција.
Може и Караџаферис да го посети и да го превоспита...

Преку нивна призма гледано, и Грција си доби свој Фрчко. :)
 
И никој ништо не реагира на неговата изјава...чудно ..
 
И никој ништо не реагира на неговата изјава...чудно ..

Види, верувам дека и на нив не им е лесно. Секој ден се повеќе и повеќе се соочуваат со вистината. Свесни се дека ќе мора да се попушта, зашто со глава ѕид не се турка. Затоа им треба некој мајчин кој ќе го скрши мразот, колку да ги сондираат реакциите на граѓаните. Полека, полека се ќе се среди. Сигурен сум дека на туристичките работници во Грција не им е сеедно што ова лето во голема мера изостанаа македонските туристи. Се знае дека на тие места каде што традиционално поради повеќе фактори 80% летувалци се Македонци, нема да им дојде Германец, Италијанец, Британец... Од нас го вадеа лебот, колку и да не прави некој безначајни. Самата помисла дека и другото лето би можеле така да поминат ги ужаснува.
 
Со убо нек си ги арчи, редно беше :) Иначе ова некако се во исто време... се манџа нешо... се манџа ќе биде интересно по ХЕЛ АС
Abe ja koga vikav deka vegetata i mandzata na cicko Sam se vkusni, nekoj tuka od korner se ubacuvase protiv nego. Cekajte, uste ne sme stignale do desertot, bice veselo...:)

p.s. ako e "plagijat" mandzata i cickoto ne brcnal prst, otidovme..... :)
 
Кај и да е типов ќе изеде сендвич некој, и ќе рикне. Ќе кажат после умрел поради конзумирање на мајонез во високи летни температури. Онака..демек се отрул.

Така се отру и Астрид Коља. Јебига...лошо е да јадеш во грчка, кај и да се вртиш, можеш да се отруеш.
 
Знам и за други што изненадно умреле изнесувајќи факти кои не и одговараат на официјалната атинска политика.

Кој е Астрид Коља?
 
....увани имоти дури и без судски решенија.

Грција дозволи голема грешка со одземените имоти на „славомакедонците“ и доколку ова прашање се наде пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур ќе и биде наложена да плати отштета, оценува професорот Ираклидис.

Според него, Грција треба да престане „да ја турка главата во песок“ и да тврди дека „славомакедонците“ не постојат, бидејќи нивниот број изнесува околу 30-40 илјади лица.

Некои од нив, според Ираклидис, имаат македонско „„етничко“ самоопределување, додека другите целосно се интегрирале во грчкиот етнос, поради што „нема опасност за територијалната целовитост на Грција“.

Професорот Ираклидис на грчките власти им сугерира и нов, реалистичен пристап во преговорите со Македонија за разликите околу името.

Според него, прашањето би требало да се реши со прифаќање од Грција на сложен.....
Дали е овој нормален?
Поубаво и да се трудел немало да му успее.Супер изјава.
 
Всушност професорот само ја согледал единствената реална разврска за случајот кој во Грција добива хистерични размери последниве 20тина години.Сакале или не Грците ќе мораат порано или подоцна да го решат проблемот кој сами си го создадоа за да ги прикријат огромните политичко финансијски афери кој веќе завземаа застрашувачки размери кој ќе беа погубни за политичката елита во Грција доколку не изнајдеше едно дефокусирање на јавноста со прашање кое го засега територијалниот интегритет на Грција,нешто на што се пали секоја јавност особено доколку е неука како Грчката во случајов.:toe:
 
Ова е фарса на некој да си направи кариера или пак наводен пример за „демократија“ во Гејлада.

Профитери има на кило наше е да ги искористиме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom