Грав v.s. леќа

Леќа не користам многу, но гравче мммммм. На работа во петок што ни прави шеф Круме гравче абе кајмак... Кој не иде на работа во петок му е криво затоа што нема да јаде грав. Битно правило за убав грав е да биде варен во вода од каде потекнува (поточно сака потврда вода). Затоа гравот во Тетово е поубав кога го јадеш во тетово отколку на друго место. Истиот грав ист рецепт на различни локации не е ист. Порано не обожавав многу грав, јадев ама онака сега поток дојде и еве почна стомаков да се радува :D.

Леќа имам јадено ама некако ми е обична, ко да не сум јадел некако. Не дека не сакам туку не ми е нешто посебно за разлика од гравот ;).
 
Грав. Во тава или во тенџере. Со сланина, пастрма, ребра или колбаси. Посен.
Со леќата малку потешко одат работите. Повеќепати сум јадел леќа во различни куќи и не ми го прави меракот.
 
Ги прифаќам сите мислења кои се резервирани за употреба на леќата. Но да Ве подсетам леќата има повеќе белковини од гравот. Но и таа како и гравот може да се подготви на повеќе начини и повеќе намени. Од леќа можат да се приготвуваат ладни и топли предјадења, чорби, главни јадења, дури и дезерти.
Eве неколку рецепти за подготвување на леќа
http://moirecepti.mk/tag/леќа/
 
од Волшебното Самарче:
- Граше наше и верата ја сменив ама тебе неможам да те сменам.

Кој ја прочитал знае.
Другата - Кој пее зло немисли! A по песнарија од гравот амин хахаха
 
Преферирам леќа пред грав затоа што ми е повкусна, и после јадење се осеќам многу поубаво, полесно јадење ми е, после грав сум како надуван балон што се чека да пукне. Не се замарам кое колку е скапо или здраво, едноставно, што ми е вкусно тоа си јадам.
Леќа > грав. :icon_mrgr:
 
Ја отварам оваа тема и да разменуваме мислење и рецепти за подготвување на леќа и и грав

Зошто гравот можеш со повеќе работи да го искомбинираш, како на пример со месо.Кога ќе го додадеш и месото добива поголема хранлива вредност, за разлика од леќата.;-)
 
Зошто гравот можеш со повеќе работи да го искомбинираш, како на пример со месо.Кога ќе го додадеш и месото добива поголема хранлива вредност, за разлика од леќата.;-)

Мислам дека се работи за навика
Јас сум правел леќа со пржена сланина ( додека бев помлад). Сланината се пржи и се додава 10 минути пред крајот на варењето
Може се ќофте,Веројатно може и на друг начин да се комбинира со месо.
Но леќата има многу белковини речиси 30%. За споредба, сојата, која е растение со најголем процент белковини, има 35 - 40%
Месото има, во зависност од видот, од 17 до 25% белковини.
Што значи леќата е полна со белковини. Само треба да и најдеме погоден начин на подготвување
 
Добро држи тоа дека се работи некаде и за навика, но гравот јас сепак мислам дека можеш со повеќе врсти на месо да го комбинираш.Со колбасица, со димено ребро, со сланина, па дури и со ќофте (како што и ти напиша) и месото на еден начин ја зголемува хранливата вредност на гравот.Згора на тоа, гравот можеш да го направиш поубав од леќата зошто тука можеш да додадеш нане, па нешто лута пиперка.Луѓето во ваква комбинација попрво би се нафатиле да го пробаат гравот, зошто нема они сигурно да гледаат тоа кое јадење има поголеми хранливи вредности, туку кое е повкусно.Затоа мислам дека гравот може повкусно да се подготви за разлика од леќата, иако нели, и леќата не е лоша, јас си јадам лично и леќа.
 
За 300 денари ќе земам 2 пици и кока кола!

И да си земеш !
Он топик , како ми се множат летата , си преферирам се повеке леќа ! гравче е уба работа ама за здрав стомак!
 
Леќа јадам само ако немам друг избор али тавче гравче обожавам. И не сакам во гравот да има никакво месо, сланина или колбаси. Само грав ми е доволно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom