Графички карти

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
На каква конфигурација? пиши каква машина имаш..
 
Зa твојата конфигурација најмногу Ати 4870 (најмногу) додека најдобар избор би ти била 4850. Џабе да дадеш толку многу пари за графичка кога остатокот од компјутерот ќе ти биде тесно грло за неа, не бива у шасија од пунто да ставиш мотор од Ферари нели?
 
Да....се разбира затоа и прашав...
А колку пари е таа и која и е еднаква од нвидиа....
 
Па околу 6000, од Нвидиа "еднаква" т.е слична по перформанси али сепак поспора е GTS250.
 
ATI повеќе греат.

Еве го пак "СЕЗНАЈКО НАШ" Јас кажувам според мене досега што имам виден о НВИДИА повеке греат а ти тврдиш дека АТИ повеќе греат!!Добро можи,затоа си сезнајко !!!:baeh:
 
Па околу 6000, од Нвидиа "еднаква" т.е слична по перформанси али сепак поспора е GTS250.

Aha Ај уште ова и не те замарам...:)
Ке има ли разлика ако ја земам таа од мојава шо ја имам сега 9500гт, оти ако нема некоја поголема разлика да не ја купувам..?:toe:
 
Ќе имаш доста разлика во перформанси. 4850 е бајаги подобра 9500.
 
Еве го пак "СЕЗНАЈКО НАШ" Јас кажувам според мене досега што имам виден о НВИДИА повеке греат а ти тврдиш дека АТИ повеќе греат!!Добро можи,затоа си сезнајко !!!:baeh:

Греењето воопшто не зависи од типот на графичката и нејзиниот производител, туку од типот на кулерот и неговиот квалитет, како и термалната паста што ги спојува кулерот и чипот.
 
Па не баш, пример 4850 при целосно оптоварување може да достигне 100-105c без да се проблем. Нвидиа нема карта што грее толку под никакви услови (сингл карта) Дури ни во хај енд сегментот врвот е околу 85- 90c GTX280.

Исто така и 4870-те греаат доста, но севкупно картите на Ати се издржливи во поглед на високи температури така што 100c за 4850 и не е некоја страшна или нова вест, иако изгледа премногу. Во тој ранг на карти да речеме од страна на Нвидиа, GTS250 никогаш не крева над 80c што значи картите на Ати греат дефинитнво повеќе, но и поднесуваат подобро температури без проблем (артефакти) или прегревање.

Мислам дека причината не се само кулерите, иако Нвидиа користи подобри во своите карти, сепак 20c се огромна разлика и не може да се обвини само изработката на ладењето за таквата разлика во температури. Ова и од лично искуство го зборам. У секој случај температурата не е никаков проблем ако не колкаш и не треба да се зима многу сериозно.
 
Еве го пак "СЕЗНАЈКО НАШ" Јас кажувам според мене досега што имам виден о НВИДИА повеке греат а ти тврдиш дека АТИ повеќе греат!!Добро можи,затоа си сезнајко !!!:baeh:

Зборам за ATI графички со stock cooler (или passive) и исто такви графички од NVIDIA. Така ATI повеќе загреваат. Ти ако си земеш некоја со асален кулер или само кулер ако смениш, фала Богу дека нема да грее толку :baeh:

Значи, ATI ГРАФИЧКИТЕ греат повеќе од NVIDIA ГРАФИЧКИТЕ.
 
Факт е дека греат повеке Ати .. Бар збораме за 3ххх и 4ххх сериа ... за 5ххх неам идеа ...
Али има еден друг фактор шо треба да се спомни , Во спецификациите на ати чиповите (Developers White sheets ) мози да се сретни фактот дека максимална температура на продолжена операциа е некаде околу 125 - 135 степени . Кое би се превело дека чиповите се предвидени пордолжено да работата на таа температура .
Податоков е за 4ххх сериа .
Нвидиа од друга страна ... Е таму има разлика по сите информации шо ги имам предвидени се за да до 110 степени максимална теппература на операциа .

Џанам да атито греј поке ... Али и крепи многу повиски оперативни температури .
Трикот е шо најчесто останатите компоненти на плочката не крепат и горат при оверклок .
 
Еве го пак "СЕЗНАЈКО НАШ" Јас кажувам според мене досега што имам виден о НВИДИА повеке греат а ти тврдиш дека АТИ повеќе греат!!Добро можи,затоа си сезнајко !!!:baeh:

:pos:

Па не баш, пример 4850 при целосно оптоварување може да достигне 100-105c без да се проблем. Нвидиа нема карта што грее толку под никакви услови (сингл карта) Дури ни во хај енд сегментот врвот е околу 85- 90c GTX280.

Исто така и 4870-те греаат доста, но севкупно картите на Ати се издржливи во поглед на високи температури така што 100c за 4850 и не е некоја страшна или нова вест, иако изгледа премногу. Во тој ранг на карти да речеме од страна на Нвидиа, GTS250 никогаш не крева над 80c што значи картите на Ати греат дефинитнво повеќе, но и поднесуваат подобро температури без проблем (артефакти) или прегревање.

Мислам дека причината не се само кулерите, иако Нвидиа користи подобри во своите карти, сепак 20c се огромна разлика и не може да се обвини само изработката на ладењето за таквата разлика во температури. Ова и од лично искуство го зборам. У секој случај температурата не е никаков проблем ако не колкаш и не треба да се зима многу сериозно.

^Ова. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom