Графички или Веб дизајн

  • Креатор на темата Креатор на темата MacedonianN
  • Време на започнување Време на започнување
Но дека и најголем дел македонски фирми не би платиле и да им понудиш врвен квалитет си е исто така факт кој не може да се негира.
Се додека фирмите не сфатат дека веб сајтот не е замена за визит карта на газдата, туку начин да направат повеќе пари, да понудат цени, опис и (евентуално) онлајн купување на нивните производи, кај нас нема да заживее веб дизајнот. Повеќето сајтови се Добарден, ова сме ние, еве едни слики од мобилен, дуќанот ни е во продавница, ова ни се производите, за цени и опис поминете и прашајте. Контакт на њњњ.фирма.ком (ат) хотмејл.ком

Јас како корисник, би сакал да видам цени и опис, за да не мора да одам во продавница и таму некоја продавачка на (пример 2 броја помали патики) да ми вика дечко таман ти се. Ако ме бендиса, одам во продавница и купувам, no questions asked.
 
Сепак пред да се жалиме на цената би требало и да го погледнеме понудениот квалитет кај нас. Навистина добри и креативни графички дизајнери во МК кои можат да понудат квалитет на светско ниво се екстремно малку така да и тоа треба да се земе во предвид кога се зборува за цената.

Најголем дел „пливаат“ во некој македонски просек кој од навистина квалитетен европски графички дизајн е светлосни години далеку.

Но дека и најголем дел македонски фирми не би платиле и да им понудиш врвен квалитет си е исто така факт кој не може да се негира.

Не се сложувам дека пливаме во просекот ... повеќе би кажал дека пазарот едноставно не бара повисок квалитет. Не само поради тоа што неможе (несака) да го плати квалитетот, туку и поради тоа што немаме навистина квалитетни печатници.
Сум работел за странстки компании графички дизајни, и за странски печатници, се што излезе од кај мене е со врвен квалитет, а верувам дека има и други (посебно фриленсери) кои се и тоа како добро потковани. Но, сосема друго е кај нас. Џабе е цел труд кога на крај печатницата ќе ве изгори? Од некои европски печатници кога работев за нив добивав упатства на 50 страници со милиони бројки и формули како и што сакаат да добијат за да го постигнат квалитетот, нормално во пакет со драјвери за печатење, пресети и сл.
Кај нас квалитетот на излезот најчесто зависи од тоа дали мајсторот добил вчера на спортска или дали му дала жена му, а пошто и двете с еретки сценарија нормално ќе ја натегне магентата и цијанот за да се релаксира. Како во тој случај може да кажеме дека графичкиот дизајн не е добар. Ѓубре машини и евтина работна сила која ги управува, јасно е дека излезниот квалитет ќе биде мал. Затоа не би судел по излезот дали графичкиот дизајн е добар, но сепак во право си ... често среќавам почетнички бисери од дизајнери кои работат во извикани маркетинг агеници.
Во глобала, цената е веројатно реална, со оглед на потребите на пазарот, со оглед на користењето на пиратски софтвери, нелегално преземање на галерии и темплејти и сл. ... дури можеби е и висока :)
 
Здраво,се двоумам за една моја одлука
Почнав да ги учам основните јазици за правење веб страни,но сфатив дека би било подобро да се запишам на некој курс каде што ќе се доусовршам и ќе се здобијам со некакви сертификати.Е сега,голема желба ми е да ги научам јазиците потребни за да една веб страна функционира, но се судрувам со програмските јазици кои баш не ми се јака страна.Значи повеќе ми се учи и работи на дизајнот ,одколку на програмскиот дел на една веб страна.Па се двоумам дали да зпаишам курс за Веб или Графички дизајнер.Голема ми е желбата да го учам веб дизајнот,но се плашам да не ми бидат пречка PHP,JAVASCRIPT,ASP..a од друга страна пак само со познавање на делот од Веб дизајнот,мислам дека тешко може да се стигне до некоја солидна плата во нашава земја.Секој совет би бил добредојден,благодарам поздрав
 
Мешаш три поими

- Веб дизајн
- Веб програмирање
- Графички дизајн

Веб дизајн е Photoshop+CSS(HTML)
Веб програмирање е PHP, ASP, Javascript...
Графички дизајн - Photoshop/Illustrator

Кај нас вредностите се изместени и најчесто од вработениот се бараат да се знаат трите работи, особено веб програмерите. Затоа имаме толку шит страници со .mk додавка :)
Кај нас леб се вади само со веб програмирање.

Графички дизајн, во фирма 300 еур плата ќе земаш (ако ептен те бива), а газдата тоа го наплаќа само со еден дизајн на плакат.
Веб дизајн ќе работиш ако си веб програмер во фирма и притоа ќе имаш плата од 350-500 еур макс.
 
Значи во оваа ситуација подобра алтернатива е да се определам за веб дизајн и веб програмирање,со тоа што малце повеќе ќе се мачам со програмирањето,ќе работам во некоја фирма,а и ќе можам да правам веб сајтови како freelancer,одколку да се нервирам со бескорпулозни газди,од кој ќе бидам постојано деградиран во иднина?
 
Ај вака.

Ќе ти опишам пластичен пример

Работиш во фирма како Веб дизајнер/програмер

Работно време почнува од 8 (или 9) трае (на хартија) до 5, во реалност до 9. Секој ден!

Доаѓаш дома уморен до посер и гледаш кодови пред тебе.

Размисли реално? Кога/како ќе направиш друга веб страна, која бара дизајн (креативност), иновативност и јас што викам „отворени чакри“? (freelancer)

Додадок: Сигурно! ќе имаш дебилен шеф (газда) што од ништо сака да направи нешто...Најчесто во програмерските фирми, ко по default се такви.

Плата 350 евра.

Епааааа...бујрум!

А јас ти викам...

Барај друга професија! Поддалеку од компјутери!
 
Здраво,се двоумам за една моја одлука
Почнав да ги учам основните јазици за правење веб страни,но сфатив дека би било подобро да се запишам на некој курс каде што ќе се доусовршам и ќе се здобијам со некакви сертификати.Е сега,голема желба ми е да ги научам јазиците потребни за да една веб страна функционира, но се судрувам со програмските јазици кои баш не ми се јака страна.Значи повеќе ми се учи и работи на дизајнот ,одколку на програмскиот дел на една веб страна.Па се двоумам дали да зпаишам курс за Веб или Графички дизајнер.Голема ми е желбата да го учам веб дизајнот,но се плашам да не ми бидат пречка PHP,JAVASCRIPT,ASP..a од друга страна пак само со познавање на делот од Веб дизајнот,мислам дека тешко може да се стигне до некоја солидна плата во нашава земја.Секој совет би бил добредојден,благодарам поздрав

Бујрум :)

http://www.cei.mk/education_mkd/WebDesigner_mkd.aspx

--- надополнето ---

Ај вака.

Ќе ти опишам пластичен пример

Работиш во фирма како Веб дизајнер/програмер

Работно време почнува од 8 (или 9) трае (на хартија) до 5, во реалност до 9. Секој ден!

Доаѓаш дома уморен до посер и гледаш кодови пред тебе.

Размисли реално? Кога/како ќе направиш друга веб страна, која бара дизајн (креативност), иновативност и јас што викам „отворени чакри“? (freelancer)

Додадок: Сигурно! ќе имаш дебилен шеф (газда) што од ништо сака да направи нешто...Најчесто во програмерските фирми, ко по default се такви.

Плата 350 евра.

Епааааа...бујрум!

А јас ти викам...

Барај друга професија! Поддалеку од компјутери!

Ете јас барав/барам друга професија завршив ФЕИТ на насока КСИА (ИКИ се програмерите) ама огласи за КСИА област=0 додека огласи за ИКИ-област се среќаваат често. Кај нас индустрија скоро и да нема, а и таа што е е застарена и пред пропаѓање. Џонсон Монсон ништо...не сакаат ни на пракса да те примат. Треба 50 такви фабрики да има шанса за да се вработат луѓето.

П.С. и јас се зафатив веб програмирањето да го учам, кога нема работа според струката ќе бараме таму каде што се бара раб. сила. :toe:
 
Да бев со овој ум пред 5-6 години. Немаше никогаш да одберам информатика, ама ајде :) сеа коа сум се фатил за орото ќе го играм до крај...
 
Работам 3Ds max,Photohop,after effects,proshow produkter,web i flash се имам дупнато од учење у пм и несум вработе али незнам нема едноставно многу слаба побарувачка ептен слабо
само нервози и да работам во фирма у Скопје ке зимам највеке 23 000 ден. Во друга развиена земја од ЕУ или Америка ке зимаш 23 000 евра плата и плус ке имас мн повеќе за приватна работа муштерии , проекти и сл значи не графички и веб дизајн треба све да знаеш кајнас хахаха незнам нема излез луѓе курсеви зимајте собирајте пари нешо Microsoft, CCNA 1,2,3 i сл и бегајте отука или по партиите одете и апашаана позз
 
Кажи кај даваат во странство 23000 евра сите ќе идеме.. :))) бтв.. и во странство имаш многу јака конкуренција. Графичкиот дизајн и Веб дизајнот се ултра нова работа и многу млади се одлучуваат да ги студираат тие две насоки. Јас учам моментално во Италија на графички дизајн и визуелни комуникации и за разлика од нашиве македонски факултети кај шо сум бил разликата е огромна. Има работа тука ама исто како и во Македонија и тука газдите се насочуваат да одат преку приватни дизајнери (фриленсери) за поефтини пари, зошто во агенција дерат кожа а и дизајнерите таму не зимат повеќе од 3-5000 евра зависи за каква агенција работи....Што е нормално на стандардите тука... така да ако немаш дебело портфолио и изедено многу к***ви од македонските газди не се надевај дека ќе успееш така лесно... и пред се.. Најмногу се цени креативноста а не Техничката способност. (Ако имаш идеи и си креативен ќе работиш повеќе ќе земаш повеќе плата) Ако си само технички подготвен ќе работиш што ќе ти кажат другите.. Графичкиот дизајн е ментален процес, не е само да научиш Фотошоп и 3Д туку и да создаваш идеи да истражуваш и да ги импровизираш во реалност...И за крај како што ми има кажано мој добар професор „Ниедна техничка способност неможе да замени недостаток на идеа
 
Јас сакам да почнам да се занимавaм со дизајн и програмирање. Може ли мала помош од каде да почнам. Знам дека имам многу опции, но бидејќи сум на почеток сакам да ја одберам вистинската. Поздрав...
 
Тешко одат тие две заедно али доколку сакаш дизајн и програмирање земи php+web design можеш и да додадеш и photoshop
 
зависи за каков вид на дизајн сакаш да се определиш, А за програмирање е лесно седни, учи, програмирај.. Дизајнот ни под разно неможе да се спои со програмирање... така да или едното или другото..
 
Значи сакам приоритет да ми биде дизајнот како примарна дејност, а програмирањето нешто како хоби или така не толку битно. Па затоа сакам да ми помогне некој во кои програми да почнам за дизајнирање ( се однесување и на веб дизајн и на било како дизајн што се бара на пазарот). Поздрав.
 
Искрено а малку овака да се расчиташ низ форумов на кајгана и општо по интернетов под дизајн имаш еден купработи и програми од кои 10тина се најкористени и барани ако си приметил (читал ) по форумов ке ги запознаеш друго програмиране имаш мн јазици и разни скрипти и ред други слични ствари од кои исто така имаш на кајгана тема каде ако расчиташ ке видиш што се бара и што е во тренд.Вака да поставуваш некои прашања одговорот е толкав и па нема да ти се разјасни затоа шо на многу постови е објаснувано поззз
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom