Град ги уништи посевите во Скопско, за градобојни ракети нема пари, а за врби има

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Прво да кажам дека сочувствувам со луѓето кои претрпеле огромни штети и загуби и тоа не само материјални туку верувам дека и душевно и здраствено настрадале од ова голема елементарна непогода.

Околу информацијата дека целосно е укината градобијната заштита мислам дека не е баш така. Освен тие неколку “приватни“ пунктови кои ги наведе членот (моментално црта со две * поранешен Добро познат мислам дека беше) државата мислам дека има оставено неколку регионални такви центри за градобијна заштита. Центарот во Ѓуриште мислам дека главен беше и некои други (Радовиш, Струмица..) се државни. Порано имаше скоро во секое село куќарка со топче и ракети, како и еден задолжен за нив со радо врска, е тие повеќе не функционираат. Дали било оправдано или не нивното гаснење е дискутабилно и мислам дека е поширока тема за дискусија, од наука до практичност. Според мене во принцип ретко кога може човекот да се избори против природата и најчесто се сведува на она „шит хепенс јебига“. Освен вака со вербална и виртуелна подршка ние обичните и да немаме друг начин да помогнеме. Владата треба да се погрижи да ги санира штетите минимум до 80 % а не некои бедни 10-15 % или во најчест случај 0 %.

На МТМ случано го начекав заменик министерот за земјоделие (со соодветно презиме) Коњановски, како објаснува дека поради близината на аеродромот не се делувало со ракетите. Од кој пункт евентуално би пукале не наведе, ама било ризично таму да се испалуваат градобијни ракети. Дали пробува само малку од малку да ги испере гомната од веќе засраните панталони или беше искрен на негова глава си е.

На МТВ г.г. метеоролог Глигорче покажа некаква сателитска снимка од облаците со порооен дожд и град. Облакот што го потопи Ржаничино и околината доаѓа од позади водно се истура со максимална сила на релативно тесен регион и после се разбива.

Логичниот заклучок ми е дека облакот својата максимална енергија и влага ја собира над езерото козјак ја прави бељата и после тоа се нормализира и се разбива бидејќи нема друга поголема водена површина да црпи енергија.

Браната козјак е голема придобивка поради евтината електрична енергија, ама сепак мислам дека влијае на промена на микро климата која во голема мера се чувствува во Скопје и околината. Град со големина на јајце немало до сега што не значи дека во иднина нема да се деси да биде и со големина тениско топче или како Глигорче наведе најголемата топка мраз незнам каде во светот и незнам која година била со тежеина од 1 кг. :нинџ:

Во Скопје освен Козјак има и други фактори кои влијаат на промена на климата и факт е дека ниту зимите ниту летата (пролет и есен нема повеќе) не се исти како порано. Малку природни феномени малку човечки фактор и имаме “чудни“ временски појави.
Наше е да се прилогодуваме колку можеме на новонастанати ситуации.

Уште еднаш до Добро Познат и останатите настрадани кои имаат штети од невремево, жал ми е и ви посакувам што побрзо да се опоравите пред се физички и психички а богами и материјално со тек на време.
 
Како ќе извезеш илегално добра во вредност од 10 милијарди евра? :pos: Какви се идеи ќе прочиташ на форумов. :pos:
Ке бара анекс договори со СТО,Цефта и Еу за слободен извоз на дроги , и за нив да важи договорот за слободна трговија, а тоа што е незанонски производство и продажба во скоро сите земји не му ја мисли важно е да се пишуува......
 
ми се кења од некои на форумов.......навистина......форумов кајгана стана пресликување од реалниот живот сите се у право а никој нема појма за што е работата.....:mad:
 
ХАХАХ ми ја зеде мислата
баш вчера сакав да го напишам ова
стварно треба некој посоодветен збор кој ќе ги разграничи град- од град(населено место)
бугарите имаат интересен збор за ова-Градушка;)
Скратено се користи уште како град
 
Скратено се користи уште како град
мене повеќе ми се допаѓа градушка
барем знаете на што се однесува -
а не паѓа град( смешки)
 
Мене наслов за во Чек Дис Аут ми мењате а ваков наслов како за темава стои 24 часа на форумов. Башка ова не е за во економија туку за во психологија.
 
Мене наслов за во Чек Дис Аут ми мењате а ваков наслов како за темава стои 24 часа на форумов. Башка ова не е за во економија туку за во психологија.

Порке?
 
не заебавај напет текст со навреди за природната појава ГРАД. Демек кога имаше (по сите искази застарен тип на заштита градобијни ракети) имаше некакво фајде од нив и немаше земјоделски загуби...многу поголема опасност имаше од пожари а во тој дел се модернизиравме последниве години, ама се разбира нема некој да напише текст као еееј земавме нови противпожарни возила уау лонг лив грујо пошо тоа е нормална работа исто ко што градот што предизвикува штета е нормална појава. Исто ко што осигурување е нормална работа и така натака...
 
Дали некој ќе се јави тука земјоделец што работи и ќе каже дека му бил осигуран посевот или имотот??А ако го удри некој гром курле ќе му биде крив.Немојте да серете сите вие земјоделци дека сте имале штета еден куп по 20-50 000 евра штета ,а кажувате не сте се осигурале за 100 евра.Ова не е да му го пожелиш на душман.Сочувствувам со вас жал ми е.Имаше лани исто град и во Велес не ваков страшен ама сепак градот е како камен.Исто беше со големи зрна.И на крајот познавам некои земјоделци што рекоа.АУУУУ арно оти се осигуравме барем ќе ја извадиме годината и на недоработено.Не верувам дека сте немале по некоја пара да дадете за да се осигурате.10 години да биде се како што треба еднаш ќе пукне нешто лошо.Гвујо е крив што врнеше град а Бране ги набуцка облаците за да се направи штета.Пак баби и жаби мешаме.Сега ќе има избори и новиот кандидат ќе обеќа дека ќе прави муабет со дедо Боже веќе да не врне град.Само дожд и тоа по потреба.Абе ајде не се заебавајте за се крив е некој од бладата.А да си ги чукнеме главите???
Да слушнам некој паталец што платил осигурување дали ќе плука по некој.Или работат по 10 хектари земја и не им се дава пари за осигурување.Не знам ама без зборови ме оставате некогаш.
 
Ке бара анекс договори со СТО,Цефта и Еу за слободен извоз на дроги , и за нив да важи договорот за слободна трговија, а тоа што е незанонски производство и продажба во скоро сите земји не му ја мисли важно е да се пишуува......

Па и сега е дрогата нелегална и ја има секаде пациент и си објаснив како ќе се продава на претходната страна.Ај назад у партиски штаб да ти напишат некој подобар пост па врати се.
 
Градобијните ракети не се укинати.Вчера во Струмица се испукани над 20 ракети,а во Радовиш неможело да се испукаат поради тоа што некаде во близина се движел авион.
 
Прво да кажам дека сочувствувам со луѓето кои претрпеле огромни штети и загуби и тоа не само материјални туку верувам дека и душевно и здраствено настрадале од ова голема елементарна непогода.

Околу информацијата дека целосно е укината градобијната заштита мислам дека не е баш така. Освен тие неколку “приватни“ пунктови кои ги наведе членот (моментално црта со две * поранешен Добро познат мислам дека беше) државата мислам дека има оставено неколку регионални такви центри за градобијна заштита. Центарот во Ѓуриште мислам дека главен беше и некои други (Радовиш, Струмица..) се државни. Порано имаше скоро во секое село куќарка со топче и ракети, како и еден задолжен за нив со радо врска, е тие повеќе не функционираат. Дали било оправдано или не нивното гаснење е дискутабилно и мислам дека е поширока тема за дискусија, од наука до практичност. Според мене во принцип ретко кога може човекот да се избори против природата и најчесто се сведува на она „шит хепенс јебига“. Освен вака со вербална и виртуелна подршка ние обичните и да немаме друг начин да помогнеме. Владата треба да се погрижи да ги санира штетите минимум до 80 % а не некои бедни 10-15 % или во најчест случај 0 %.

На МТМ случано го начекав заменик министерот за земјоделие (со соодветно презиме) Коњановски, како објаснува дека поради близината на аеродромот не се делувало со ракетите. Од кој пункт евентуално би пукале не наведе, ама било ризично таму да се испалуваат градобијни ракети. Дали пробува само малку од малку да ги испере гомната од веќе засраните панталони или беше искрен на негова глава си е.

На МТВ г.г. метеоролог Глигорче покажа некаква сателитска снимка од облаците со порооен дожд и град. Облакот што го потопи Ржаничино и околината доаѓа од позади водно се истура со максимална сила на релативно тесен регион и после се разбива.

Логичниот заклучок ми е дека облакот својата максимална енергија и влага ја собира над езерото козјак ја прави бељата и после тоа се нормализира и се разбива бидејќи нема друга поголема водена површина да црпи енергија.

Браната козјак е голема придобивка поради евтината електрична енергија, ама сепак мислам дека влијае на промена на микро климата која во голема мера се чувствува во Скопје и околината. Град со големина на јајце немало до сега што не значи дека во иднина нема да се деси да биде и со големина тениско топче или како Глигорче наведе најголемата топка мраз незнам каде во светот и незнам која година била со тежеина од 1 кг. :нинџ:

Во Скопје освен Козјак има и други фактори кои влијаат на промена на климата и факт е дека ниту зимите ниту летата (пролет и есен нема повеќе) не се исти како порано. Малку природни феномени малку човечки фактор и имаме “чудни“ временски појави.
Наше е да се прилогодуваме колку можеме на новонастанати ситуации.

Уште еднаш до Добро Познат и останатите настрадани кои имаат штети од невремево, жал ми е и ви посакувам што побрзо да се опоравите пред се физички и психички а богами и материјално со тек на време.
Градобијните центри се финансираат со пари од приватни фирми, АКТУЕЛНАТА ВЛАДА излезе со став : Градобијните ракети се не функционални и не вршат никаква заштита, државата нема пари да ги финансира нив и градобијната служба се укинува. Осигурувајте се ставајте заштитни мрежи.
Што од кажаното не ти е јасно ?
Петровец, Р жаничино, Катланово, Зеленикво, се до Арачиново беше заштитувано од Зик Скопско поле. Додека беше газда Трифун Костовски.
Комбинатот сега е во рацете на еден “ германец “ арно ама него некој како тебе го убедил дека Државата има градобијна служба. Ама заборавил да му каже дека треба он да ги финансира за да му ги заштитуваат посевите. Или евентуално му се дебело осигурани па ке лапне пара од осигурањето.
Оваа држава јавно се откажа од градобијната заштита, и не не се државни тие станици како што сакаш да наметнеш овде мислење,тие станици се финансираат со пари од приватни фирми. Тоа со црвеното нема ама баш благе везе си ги перат гомната,се пукало овде порано нити сме глуви а и знаеме како пукаат тие ракети.
козјак не е од вчера езерото па сега од козјак било. Знам јас гледам пак бранко ке биде крив маму му он ја направи таа брана.
Македонија нема градобијна служба, сите стрелања се вршат од приватни станици.

Од годинава земјоделците ќе треба да почнат да ги осигуруваат земјоделските посеви, како што е заштитата од град, наместо како досега да се надеваат дека градобијната заштита може да ги ублажи последиците од врнежите на град. Ова е законска измена што ја иницираа Министерството за земјоделство и Управата за хидрометеоролошки работи, а која треба да овозможи ефикасна заштита на земјоделското производство. Досегашните искуства од градобијна заштита во државава покажуваат дека овој систем не е доволно ефикасен, поради што во повеќето земји веќе е исфрлен и од употреба.

Неколку години наназад повеќе експерти иницираат укинување на противградобијната заштита, но досега ниту една влада не го зеде како релевантно нивното мислење.

„Во ниту една земја од Европската унија не се практикува оперативна заштита од град. Изминатите влади не ги слушаа препораките на Светската метеоролошка организација дека современите сознанија за физиката на облаците се недоволни и дека со заштитата од град треба само да се експериментира, но не и оперативно таа да се применува, поради што препорачуваше да се прекине со оперативна заштита од град, која во Македонија се практикува од 1968 година до денес, укажа Коле Јордановски, дипломиран градежен инженер, во допис објавен во „Утрински весник“, пред две години.

Според Јордановски, СМО укажал дека со оперативната заштита од град не само што не се штитиме туку, можеби, дополнително предизвикуваме паѓање на град и на тој начин ги зголемуваме материјалните штети од град.

„Градобијната заштита не е ефикасна и премногу е скапа, поради што не е препорачлива за примена. Истражувањата дури покажале дека во некои ситуации ракетите што се пукаат може да предизвикаат контраефект, односно зголемување на врнежите од град, поради што предложивме законски измени, согласно со кои градобијната заштита треба да се замени со друг вид заштита, односно осигурување на посевите“, вели директорот на УХМР, Ѓорѓи Котев.

Според него, ракетите се оружје опасно за животот и начин на одбрана застарен педесетина години.

„Земјите во ЕУ не спроведуваат градобијна заштита. Во 6. регион на Светската хидрометеоролошка организација, каде што спаѓаме и ние, од 36 земји само во девет има градобијна заштита. Од бившите ЈУ-републики, градобијна заштита има само во Србија, Македонија и Хрватска, а од годинава најверојатно и таа ќе ја укине градобијната заштита“, објаснува Котев.

Првиот човек на УХМР информира дека од МетеоФранс е добиено известување дека, согласно со истражувањата, утврдено е дека не постои ефикасен начин за заштита од град.

Покрај државата, и земјоделците „навиваат“ за воведување систем на заштита на производството преку осигурување.

„Во ниту една земја нема обесштетување од град, поради што мора да се напушти принципот на заштита од невреме преку градобијна заштита и да започне осигурување на посевите. Меѓутоа, за да може да се реализира тоа, неопходно е државата да партиципира во 25-50 отсто од осигурителната премија, а остатокот да го плаќаат земјоделците“, вели Данил Паланков, претседател на Федерацијата на фармерите.

Неофицијално, цената на една ракета изнесува околу 250 евра, а за разбивање на еден градоносен облак се потребни десетина ракети. Колку за илустрација, во Србија државата за градобијна заштита издвојува 10 милиони евра, додека Македонија издвојува само 9-10 милиони денари.


И дајте договорете се ВЛАДАТА вели нема градобијна заштита , ПОЛТРОНИТЕ НА ФОРУМОВ И ПО МЕДИУМИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ИМА СТРУМИЦА БИТОЛА.
Еднаш велите дека не е ефикасна и затоа е укината, потоа велите дека е ефикасна и постои ете во струмица ВЛАДАТА го спасила родот.

И УШТЕ ЕДНАШ ПОВТОРУВАМ СПОРЕД ВАЛДАТА НА МАКЕДОНИЈА НЕПОСТОИ ГРАДОБИЈНА СЛУЖБА И НЕ СЕ ОДЕЛУВААТ НИКАКВИ СРЕДСТВА ЗА ТАКВА БИДЕЈКИ СПОРЕД ВЛАДАТА Е“ НЕ ЕФИКАСНА “
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 02:52 ---
Има ако го легализираш.Еден земјоделец од хектар опиум за хероин ќе извади пивеќе пари отколку 100 хектари пченица.Место хектар грав хектар марихуана.Земјоделците би станале најбогатата класа во Македонија за многу краток период.

Само тие пари одма ќе треба да бидат трошени максимално на оружје за да не ни го сварат гравот.

Гледав пред 7 години имаше видео од еден кошаркар даваше интервју и му викаат како професијата дали има пари и овој им вика : "Мене тате хубаво ми кажа земи дрога,оружје во раце стани човек јас не с`с топка ќе си играм епа сега на ќе чекам 2 месеци плату".И се согласувам со него 100% иднината на Македонија е оружје и дрога .

.
Како ќе извезеш илегално добра во вредност од 10 милијарди евра? :pos: Какви се идеи ќе прочиташ на форумов. :pos:
Момци џабе ви се сите идеи ни афионот ни марата не се отпорни на град, ке фати едно невреме а без градобијна заштита 10 000 000 000 евра отидоа, значи и од тој бизнис ништо.
 
Неофицијално, цената на една ракета изнесува околу 250 евра, а за разбивање на еден градоносен облак се потребни десетина ракети. Колку за илустрација, во Србија државата за градобијна заштита издвојува 10 милиони евра, додека Македонија издвојува само 9-10 милиони денари.

Го слушнав вчера на вести министерот како кажува дека се одвојуваат годишно 30 милиони денар за осигурување, односно 50% од осигурителната премија. Што значи, граѓаните и владата заедно би дале 60 милиони денари за осигурување, а од друга страна за вакви ракети се потребни 9-10 милиони денари. Логиката ја нема...
 
Па и сега е дрогата нелегална и ја има секаде пациент и си објаснив како ќе се продава на претходната страна.Ај назад у партиски штаб да ти напишат некој подобар пост па врати се.
Нема што кур да идам во штабови немам партиска книшка, а ти назад во бардовци да ти напишат подобра терапија, за пари не се секирај мама и тато ке ти средат.
 
Го слушнав вчера на вести министерот како кажува дека се одвојуваат годишно 30 милиони денар за осигурување, односно 50% од осигурителната премија. Што значи, граѓаните и владата заедно би дале 60 милиони денари за осигурување, а од друга страна за вакви ракети се потребни 9-10 милиони денари. Логиката ја нема...
Не сум баш сигурен дека со 9-10 милиони денари.....тоа е смешна сума за било каква озбилна противградна заштита.., која нема да биде само илузија која го чува стравот....Ракетите се минато во оваа приказна. Во Македонија се правеше реагенс кој се продваше и по свет, но незнам дали сега уште се прави. Некој систем со авион способен да лета во сложени услови дење и ноќе и со за тоа обучена посада би можел да делува на целата територија на регионот. Но тоа значи и прецизно радарско следење на ситуацијата со облаците и добро обучени посади за такво нешто. Треба да се процени благовремено уште од појавата на облачноста кој облак може да нарасне на опасна големина и во право време да се третира. Грешките тука се скапи и во пари за потрошени средства и во штети на теренот.
Многу комплицирано за рурална земја како Македонија.
Подобро е сепак осигурување кое ќе ги покрие трошоците на инвестицијата во посевите.., да не остануваат земјоделците голи пиштоли.., се друго е ептен нереално.
Овде читам и за некакво приватно испалување на ракети.., навистина не ми е јасно како и кој го организира тоа и во кои релации. Да се остане во законски рамки со таков систем е многу комплицирано...,освен ако ова не е некое свадбарско пукање под патронат на некоја обезбедувачка компанија....со седиште у Арачиново;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom