- Член од
 - 10 февруари 2008
 
- Мислења
 - 3.947
 
- Поени од реакции
 - 2.061
 
Мојата најомилена серија. Никогаш не сум била затрескана по некој филм или серија, ама серијава е екстра. Ја обожавам. Толку е заразна што мора да продолжиш да ја гледаш. Сега сум до четврта сезона и интересна ми се гледа за разлика од третата сезона која малку ми беше досадна.
				
			
	
 Се додека не ја открив Gossip Girl. Е тогаш веќе не се виде ништо од мене. Кога почнав да ја гледам серијава, веќе течеше третата сезона. Никогаш не бев чул за неа, но откако прочитав кратка рецензија, ја симнав првата сезона и ја изгледав првата епизода, која, да бидам искрен, не ме завлече многу. Се беше океј, следниот ден се вратив од училиште и требаше да седнам да учам затоа што имав тест по италијански следниот ден. Прво јадев и велам ајде да излгедам уште една епизода, па ќе седнам да учам. Претпоставувате што се случи нели? Кога се свестив, часот беше веќе 11 навечер и не стануваше збор за учење. Тестот ми беше катастрофа и прв пат во животот добив 2ка по некој јазик 
 И така, јас си почнав да си бегам од часови, да си барам изговори и да мислам само на Serena, Blair, Dan, Chuck, Nate, Jenny и Vanessa и само умот ми леташе што ќе се случи во следната епизода. Третата сезона ја стигнав кога имаше некаде 18 епизоди излезено, а четвртата ја гледав секој вторник (кај нас среда) само што ќе излезеше. Не можам да дочекам да излезе 5 сезона! Дефинитвно една од моите омилени серии! 
	