Gossip Girl

  • Креатор на темата Креатор на темата FoxXy Iv=)
  • Време на започнување Време на започнување
Си ја спуштам од нет јас..Ја обожавам...супер ми е ..па и се соживеав со ликовите некако...А нова сезона кога ??
 
Gossip Girl says bonjour to Paris!

Фајнали 4та сезона :vozbud:
Добро е и што конечно надвор од Њујорк се снимало, до сега само на кратко во 1 минута кажуваа како си поминале летово, а сега директно од Париз.
Е сега ќе видиме Серена која ќе и биде нова жртва, ако му се врати и годинава на Ден е аман веќе. Блер е разочарана од љубовта, па уше коа ќе дознае дека Чак има нов живот и нова цура... ќе збесне. Џорџина ќе прави сплетки. Ама затоа тука е и новата цура која ги мрази оговарачките.
Интересна прва епизода.
Се надевам сезонава ќе е одлична ко ланската или бар ко првата сезона ;)

 
Е сега ќе видиме Серена која ќе и биде нова жртва, ако му се врати и годинава на Ден е аман веќе.

Имаат заеднички брат, ептен би било невкусно да бидат пак заедно.
 
Имаат заеднички брат, ептен би било невкусно да бидат пак заедно.

Хмм Серена стандардна работа и е да прави невкусни работи, да спие со дечко на најдобра другарка, да оди со женет човек, да спие со брат и (на крајот на 3тата сезона пак беа заедно нели 1 епизода) ...
Така да ништо чудно.
Уште со Чак да легне и Блер да ја убие!
 
Ја изгледав новата. Леле бе малоумна ми е серијава ама заразна е пустото.
Лелее Нејт колку е згодеееен. Чак па ич не ми се свиѓа, не знам зошто сите го сакаат. Ден се запуштил откога стана татко.
Блер претера максимално со фонтаната, јас да бев ќе ја истепав. И леле колкаво беше изненадувањето со принцот. Само не знам кај ги наоѓа војводи, грофови, принцови. Џорџина е закон, баш сакам да стане добра. Џени Хамфри ја нема, ама ич не ми недостига, многу антипатичен лик. Блер и Чак се интересни само кога се заедно. И уште не ми е јасно зошто Блер толку му се налути на Чак што спиеше со Џени, ама ич не ми е јасно.

--- надополнето ---

Хмм Серена стандардна работа и е да прави невкусни работи, да спие со дечко на најдобра другарка, да оди со женет човек, да спие со брат и (на крајот на 3тата сезона пак беа заедно нели 1 епизода) ...
Така да ништо чудно.
Уште со Чак да легне и Блер да ја убие!

Леле ова ако го направи, цел свет ќе ја мрази. Се знае, Чак и Блер се soul mates.
 
Леле бе малоумна ми е серијава ама заразна е пустото.
Исто. Заразна е 500%. Али добра е за релаксација, не е некоја напорна серија.
Иначе, не сум многу воодушевена. Не знам што мати Џорџина со кој и да збори на телефон. Чекам сега Чак и Блер да се сретнат, па да видам што ке стане со нив. Ај, ваљда натаму ке се оправат. Трета сезона зезнаа, се надевам нема и оваа.
 
Ако може некој линк од првава епизода 4 сезона? :pipi:
 
Шо сте и се стилиле на Серена толку? За разлика од Блер, она не ги уништува животите на другите само за да го добие тоа шо го сака.
 
Серијава се спремав цело лето да почнам да ја гледам и никако да се наканам.:)
Ми ја кажуваше една другарка, во Швајцарија живее и ми напомена дека таму им е премногу популарна...нешто како Касандра кога беше кај нас на времето...кога и мува мислам не поминуваше.
Почнав книгата јас да ја читам, убава е....ама сакам прво серијава да ја изгледам, па после книгата да ја прочитам:)
сепак книга како книга, секогаш има разлика од филмот:)
 
Убава беше серијава на почетоков ама веќе од што нема што да се прави претераа.......мислам стварно не требаа да го расипат ликот на Лили
 
Има некој што редовно ја следи?
После 3та епизода од тековната сезона немам гледано, па ме интересира да ги гледам или да ја баталам. Некако многу ми и опадна квалитетот, не дека и онака беше којзнае што.
 
И јас ја обожавам серијата. Моментално сум на средина на втора сезона и забрзано гледам. Омилени ликови ми се Блер и Нејт засега, иако во првата сезона сите ми беа супер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom