На темата за христијанство поставив прашање, Што ако се најдат контрадикции во Библијата.
Христијаните тврдат дека Библијата е Божја објава,и со тоа само го понижуваат Бога,бидејќи Бог е безгрешен а денешната представа на христијанството за Бога е понижувачка.
Нема да одам подалеку,само неколку примери ќе наведам за катастрофална контрадикција во Библијата.
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, глава 19
14 Беше околу пладне, ден пред празникот Пасха.
15 Тогаш тие се развикаа: „Убиј го! Убиј го! Распни го!“ Пилат им рече: „Зар вашиот цар да Го распнам!?“ “Ние немаме друг цар освен римскиот цар!“ - му одговорија свештеничките поглавари.
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ, глава 27
46 Околу петнаесет часот, Исус извика со силен глас: „Ели, Ели, л’ма ш’вактани?“ што во превод значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!?“
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО, глава 15
25 Беше околу девет часот претпладне кога Го распнаа Исуса.
---------------------------------------------------------------------------------------------------
Или смртта на Јуда:
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ
Глава 27
5 Тогаш ги фрли сребрениците во Храмот, излезе и отиде и се обеси.
ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ
Глава 1
18 Имено, тој придоби нива со злосторничка плата; и падна ничкум и пукна по средина, и се истури целата негова утроба.
--------------------------
Колку години имал Јоахин???
ВТОРА КНИГА ЦАРЕВИ
Глава 24
8 На Јоахин му беа осумнаесет години кога се зацари, и царуваше три месеци во Ерусалим. Името на мајка му и беше Неуста, ќерка Елнатанова, и беше од Ерусалим.
ВТОРА КНИГА ЛЕТОПИСИ
Глава 36
9 На Јоахина му беа осум години кога се зацари, а царуваше три месеци и десет дена во Ерусалим;правеше што е зло во Господовите очи.--- надополнето: 1 ноември 2013 во 01:49 ---
ВТОРА КНИГА САМОИЛ
---------------------------------------------------------------------------------
Глава 24
1 Уште еднаш Господовиот гнев пламна на Израелците та го поттикна Давида против нив, зборувајќи: „Оди, изброј ги Израелците и Јудејците!”
ПРВА КНИГА ЛЕТОПИСИ
Глава 21
1Тогаш Сатаната стана против Израел и го поттикна Давида да го изброи Израел.
????
--------------------------------------------------------------------------------------
ВТОРА КНИГА САМОИЛ
Глава 6
23 А Михала, Сауловата ќерка, немаше пород до денот на својата смрт.
ВТОРА КНИГА САМОИЛ
Глава 21
8 Така царот ги зеде двата сина на Ресфа, ќерката на Ајин, која му ги роди на Саула, Армониј и Мефивостеј, и сите пет синови на Михала, Сауловата ќерка, која му ги роди на Адрил, синот Варзелаев, од Меола.
-----------------------------------------------------------------------------
А и математикава слабо...
Прва Книга Цареви
Глава 9
23 Главините, пак, распоредници над Соломоновите работи, односно управниците на народот, што ја извршуваа работата, беа петстотини и педесет.
Втора Книга Летописи
Глава 8
10 Главните настојници, што управуваа со народот при царот Соломон, беа двесте и педесет.