Господ и лагата

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
.

.
395629.jpg

.
Аман бе спиро остана бог на мачој и ножој. Само за колење збора ко некој муџахедин во транс. Дајте свети тенкови, благословени хаубици, пречесни ручни ракетни бацачи, милосливи пушкомоитраљези... Ете да миу излезе сатаната на госпо во тенк со сендвич оклоб башка од озгора нареден со реактивен оклоп, има ноќни нишан, аутоматски пуњач, ласерски даљинар, а го пратат у 3 оклопни транспортери еден вод врагови наоружани со аутоматски пушки а на секој транспортер некој 20мм топ. И седи бог со мачо таму пребледнат....
 
На темата за христијанство поставив прашање, Што ако се најдат контрадикции во Библијата.
Христијаните тврдат дека Библијата е Божја објава,и со тоа само го понижуваат Бога,бидејќи Бог е безгрешен а денешната представа на христијанството за Бога е понижувачка.
Нема да одам подалеку,само неколку примери ќе наведам за катастрофална контрадикција во Библијата.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН, глава 19

14 Беше околу пладне, ден пред празникот Пасха.
15 Тогаш тие се развикаа: „Убиј го! Убиј го! Распни го!“ Пилат им рече: „Зар вашиот цар да Го распнам!?“ “Ние немаме друг цар освен римскиот цар!“ - му одговорија свештеничките поглавари.
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ, глава 27
46 Околу петнаесет часот, Исус извика со силен глас: „Ели, Ели, л’ма ш’вактани?“  што во превод значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави!?“
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАРКО, глава 15
25 Беше околу девет часот претпладне кога Го распнаа Исуса.
---------------------------------------------------------------------------------------------------

Или смртта на Јуда:
ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ

Глава 27
5 Тогаш ги фрли сребрениците во Храмот, излезе и отиде и се обеси.
ДЕЛА НА СВЕТИТЕ АПОСТОЛИ

Глава 1
18 Имено, тој придоби нива со злосторничка плата; и падна ничкум и пукна по средина, и се истури целата негова утроба.
--------------------------
Колку години имал Јоахин???
ВТОРА КНИГА ЦАРЕВИ

Глава 24
8 На Јоахин му беа осумнаесет години кога се зацари, и царуваше три месеци во Ерусалим. Името на мајка му и беше Неуста, ќерка Елнатанова, и беше од Ерусалим.
ВТОРА КНИГА ЛЕТОПИСИ

Глава 36
9 На Јоахина му беа осум години кога се зацари, а царуваше три месеци и десет дена во Ерусалим;правеше што е зло во Господовите очи.--- надополнето: 1 ноември 2013 во 01:49 ---
ВТОРА КНИГА САМОИЛ

---------------------------------------------------------------------------------
Глава 24

1 Уште еднаш Господовиот гнев пламна на Израелците та го поттикна Давида против нив, зборувајќи: „Оди, изброј ги Израелците и Јудејците!”

ПРВА КНИГА ЛЕТОПИСИ

Глава 21

1Тогаш Сатаната стана против Израел и го поттикна Давида да го изброи Израел.

????

--------------------------------------------------------------------------------------
ВТОРА КНИГА САМОИЛ
Глава 6
23 А Михала, Сауловата ќерка, немаше пород до денот на својата смрт.

ВТОРА КНИГА САМОИЛ
Глава 21
8 Така царот ги зеде двата сина на Ресфа, ќерката на Ајин, која му ги роди на Саула, Армониј и Мефивостеј, и сите пет синови на Михала, Сауловата ќерка, која му ги роди на Адрил, синот Варзелаев, од Меола.

-----------------------------------------------------------------------------

А и математикава слабо...
Прва Книга Цареви
Глава 9
23 Главините, пак, распоредници над Соломоновите работи, односно управниците на народот, што ја извршуваа работата, беа петстотини и педесет.

Втора Книга Летописи
Глава 8
10 Главните настојници, што управуваа со народот при царот Соломон, беа двесте и педесет.

Па то бе Хатаб, не оќоре овој Спиро, време беше да одмориме очи.

Ти за каков се сметаш себеси, за паметен или за безумен? :)

Никој нека не се лаже; ако некој од вас мисли дека е мудар во овој свет,
нека стане безумен, за да биде мудар.
Зашто мудроста од овој свет е безумство пред Бога, како што е напишано:
„Он ги фаќа мудрите во нивното лукавство.”

(1 Коринтј. 3:18+19)

.

Спиро, дај сега сериозно: твое е Семе Синапово?

И размисли пред да пишеш, лажењето е грев за кој одиш во адот.
 
Спиро, дај сега сериозно: твое е Семе Синапово?

И размисли пред да пишеш, лажењето е грев за кој одиш во адот.

Нема гајле спиро, тој го има Исуса во срце може слободно да лаже краде и убива - ништо нема да му се случи. То ти е како свето каско осигурање.
 
Не е спиро таков... ја верувам во спиро и неговата добрина.
 
Не е спиро таков... ја верувам во спиро и неговата добрина.

.

Најдобро е потполно да веруваш во ОТЕЦОТ Небесен, Кој (што на земјата живее во срцата на Неговите вистински чеда и) како Единствен е навистина совршено добар! (y)

@spiros може 500 евра на заем?

За што ти се, може да знаем? :cautious:

.

Нема гајле спиро, тој го има Исуса во срце може слободно да лаже краде и убива - ништо нема да му се случи. То ти е како свето каско осигурање.

.

Љубовта не му прави зло на ближниот; и така, љубовта е исполнување на Законот.
Па, знаејќи го ова време дека дошол часот, тоа да се разбудиме од сонот,
оти спасението е сега поблизу до нас, отколку кога поверувавме.
Ноќта помина, а денот се приближи: да ги отфрлиме, пак, сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината.
Да одиме чесно како дење - не во срамни гоштавки и пијанство,
не во блуд и нечистотија, ниту, пак, во препирки и завист;
туку облечете се во Господа нашиот Исуса Христа,
и грижата за телото не шретворајте ја во похоти.
(Римја. 13:10+)

.
 
Е дај сега не ја расипувајте темава... :(

А да го игнорирате Спиро наш, бидејќи со неговата „мудрост чиста, радост бистра“ и сите тие црвени бои со вклучен транс на Радио Исус Христо ништо не правиме... Тамам се зачитав на темава и се муабетите за глупостите на Спиро. Нека си пишува тој за неговата форма на Исус и Алах... тупнете го на игнорирање.
Дај да видиме тука што како со христијанската библија, па после и со куранот ако може.

Ок си е тој што мисли, дај добро почна темава со цитати каде што е лажено со дискусија добра итн...
Да се вклучат поеќе лујџе :)
 
.
Љубовта не му прави зло на ближниот; и така, љубовта е исполнување на Законот.
Па, знаејќи го ова време дека дошол часот, тоа да се разбудиме од сонот,
оти спасението е сега поблизу до нас, отколку кога поверувавме.
Ноќта помина, а денот се приближи: да ги отфрлиме, пак, сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината.
Да одиме чесно како дење - не во срамни гоштавки и пијанство,
не во блуд и нечистотија, ниту, пак, во препирки и завист;
туку облечете се во Господа нашиот Исуса Христа,
и грижата за телото не шретворајте ја во похоти.
(Римја. 13:10+)

.
Оти бе спиро цело Римјани 13 не го цитираш:

1 Секоја душа да им се потчинува на предпоставените власти, зашто нема власт, што не е дадена од Бога.

2 Затоа, оној што се противи на власта, се противи на Божјата наредба. А оние, што се противат, тие ќе паднат под осуда.

нема власт која не е дадена од господ, и спротивставување на власта - е спротивставување на Бога.
Фашизам, Комунизам, Диктатура.... се е тоа од бога дадено - и секој кој се противел на фашизам, комунизам диктатура - се противел на Бога
 
.

За што ти се, може да знаем? :cautious:
.
За да му докажам на Let3 дека си добар во суштина. Вистински христијанин помага, не прашува.

И сеуште не ми одговори за Семе Синапово.
 
Навистина, секоја власт е допуштена од БОГА со цел да се грижи за луѓето, да воспоставува ред, праведност, сигурност ... но, за жал има и такви изроди што се грабаат за власт како би владееле противејќисе на БОЖЈАТА Волја (Која што е Мудроста БОЖЈА чиста отелотворена во Исуса Христа) и затоа станува со ними тоа што станува! :)

Затоа, началниците не се страшни за добрите дела, туку за лошите; сакаш ли, пак, да не се боиш од власта, тогаш прави добри дела, па ќе добиеш и пофалба од неа;
оти таа е слугинка Божја, за твое добро.
Ако, пак, правиш зло, тогаш страхувај, бидејќи власта не носи залудно оружје; таа е служител Божји и со гнев се одмаздува на оној што прави зло.
(Римја. 13:2+)

Зошто се *бунат народите, и племињата смислуваат лоши работи?
Се креваат (неверните) цареви земски, и кнезовите се собираат заедно против Господа и Неговиот Помазаник?
Ќе ги раскинеме врските нивни и ќе го отфрлиме од себе јаремот нивни."
Оној, Кој живее на небесата, ќе *им се смее и ќе ги исмее!
(Псалм 2:2-4)

.
 
.
За што ти се, може да знаем? :cautious:

.

Te напушти Исус тебе, не ти е веќе во срцето, тоа е сега празно и студено, те напушти милоста божја инаку ќе знаеше што велат писмата:

На оној што бара од тебе, дај му, и не го одбивај оној што ти сака нешто на заем.

Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така, ќе биде голема наградата ваша и ќе бидете синови на Севишниот; зашто и Он е добар кон неблагодарните и кон лошите.

А бе знаев спиро дека само однадвор си христијанин и верник.
 
За да му докажам на Let3 дека си добар во суштина. Вистински христијанин помага, не прашува.

И сеуште не ми одговори за Семе Синапово.

.
Вистинското чедо БОЖЈЕ помага каде што е за помош, а не соделува во делата на темнината!

п.с. Не само во Синаповото Семе, туку се’ што е добро и вистинито во овој свет Му припаѓа на нашиот Отец Небесен! :)

п.п.с. Браќата и сестрите од фејзбук страницата Синапово Семе телесно не ги познавам, ... :)
.
 
.
Навистина, секоја власт е допуштена од БОГА со цел да се грижи за луѓето, да воспоставува ред, праведност, сигурност ... но, за жал има и такви изроди што се грабаат за власт како би владееле противејќисе на БОЖЈАТА Волја (Која што е Мудроста БОЖЈА чиста отелотворена во Исуса Христа) и затоа станува со ними тоа што станува! :)

.
Шо станува спиро? ете Византија пропадна и падна од страна на Алаховите следбеници, Рим падна под варваи и пагани, руското царство за секогаш е уништено и то од страна на комунисти. Која власт спиро за тебе е најбожја? Америка? Кина? Индија? Германија? Грција??
--- надополнето: 2 ноември 2013 во 17:24 ---
.
Вистинското чедо БОЖЈЕ помага каде што е за помош, а не соделува во делата на темнината!

.

На оној што бара од тебе, дај му, и не го одбивај оној што ти сака нешто на заем.

Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете добро, и на заем давајте, не очекувајќи ништо. Така, ќе биде голема наградата ваша и ќе бидете синови на Севишниот; зашто и Он е добар кон неблагодарните и кон лошите.

За да бидеш син на Свевишниот на заем ќе деаш без прашање и да не очекуваш ништо.
Спиро?? тука си??
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom