Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
МЕ ЧЕКААТ НА ПИК "ГОЛЕМИТЕ" МАКЕДОНЦИ!

Македончето светски шампион во сер%е тој знае се на сите може памет да им соли и нема авторитер на кој не може да го исплука.Но да погледнеме во реалноста за ништо не не бива погледнете ги Хрватска,Србија не мора нив Црна Гора или Словениа.

Распарчен е Горан Пандев од некои медиуми, фудбалски навивачи, обични граѓани, лимари, штофари... но и од функционери во ФФМ и селектори. Сите се разочараа и се служат со приказни без притоа да разговараат и да ја лоцираат вистинската причина за настанатиот хаос. Најдоброто во спортот од Македонија не можеше да ги издржи навредите, клеветите и начинот на кој се омаловажуваат неговите квалитети, успеси и достигнувања.
"Не ми се верува. Зарем можеше и ова да се случи? Многу сум разочаран. Многу! Ни во најлош сон немаше да помислам дека и ова е возможно...", зборува отворено Горан Пандев за "Македонски спорт". Истиот оној медиум кој пред десетина години веруваше во детето од Струмица кое ја доби етикетата феномен, за која летаа критики и навреди, но токму тоа дете оваа 2010 година им докажа на сите дека е играчиште. Дека со Интер стигна до врвот на Италија и Европа и дека е една од ретките убави работи кои i се случија на оваа наша мала Македонија. Пред фактите молчат и боговите, а бројките кои се зад Пандев се можби уште сега недостижни за следните генерации и генерации. Но! Во што е проблемот!? Беше објавено дека Горан Пандев повеќе нема да игра за Македонија. Фудбалерот на Интер вчера околу пладне од Милано ја кажа вистината околу настанатата случка.
"Никогаш и никаде не сум изјавил дека се откажувам од Македонија и од репрезентацијата. Никогаш! Станува збор за една лажна верзија и приказна пласирана од одредени лица. Мислам дека ме чекаат на 'пик'. Некои луѓе како да не можат да ме поднесат, како да чекаат да се фатат за сламка за да се истурат врз моето име и мојата личност со што ги покажуваат своите вистински лица. Нека им служи на чест затоа што тоа се 'големи' Македонци. Браво! Со нив фудбалот и државата ќе оди напред. А јас ќе поминам низ сe и низ овие напади. Јас можам отворено да кажам дека сум горд Македонец, но и горд на сe она што го направив досега за фудбалот во мојата држава. За жал, толку можам...а ме напаѓаат некои кои се никој и ништо. Не сакав да реагирам, да се оптоварувам со сето ова. Имало и порано вакви срамни напади, но сега се минаа сите граници...", разочарано зборува Пандев.
Но во што е проблемот? Зошто толку тензии и една ваква негативна атмосфера!?

"Јас сум повреден. Имам проблем и жалам што не играм против Русија и Андора. Жалам. Секогаш кога сум бил фит сум бил тука. Навистина имам проблеми затоа што повредите не се до крај санирани, а дополнителни проблеми имам по настапите за националниот тим. Не сакам никому да се правдам, но јас секогаш за националниот тим давам повеќе од 100% Секогаш. Можеби најмногу сакам победи и успеси. Па сите кои се со мене во Интер играат на СП и ЕП. Сон на секој фудбалер е да успее и со националниот тим. Тоа е посебно задоволство затоа што за репрезентацијата се игра од љубов од срце, а не за пари. Некои луѓе не можат да ги разберат основните принципи и затоа жалам што таквите се осмелуваат да критикуваат, да коментираат иако истите се никој и ништо и се загубени и залутани во фудбалот. Дополнителен проблем е тоа што јас не сум дал таква изјава дека се откажувам. Ме нападнаа како да сум најголемиот проблем во нашиот фудбал. Не ми се верува. Вакви глупости не сум видел", коментира најдобриот фудбалер на Македонија за повредите, нападите...
По шпекулациите дека Пандев се откажува следеа и фуриозни, но и безобразни напади од обичните граѓани. На веб-страниците, на порталите може да се причитаат секакви навреди, критики, но и некои ставови кои Пандев не ги заслужува:
"Се согласувам дека Македонија може и без мене. Впрочем, се може без секого. И јас сум сега тука, утре ќе престанам со фудбал, но некој друг треба да игра. Би се радувал доколку националниот тим постигне успеси а да не сум во тимот. Па тоа е моја држава и не можам да бидам контра. Секогаш кога губиме проблемот е во Пандев. Секогаш Пандев, Пандев и Пандев. А што можам јас!? Треба еднаш да се гледа во вистината со отворени очи а не за одредени лични интереси на одредени личност да се кријат фактите. Што имаме ние!? Каков квалитет, каков фудбал се игра во земјава!? До каде ни отиде фудбалот!? Па една Ерменија нe растури среде Скопје. И!? Повторно Пандев, повторно свирежи и пцости. Точно дека ние играме, но некои проблеми се подлабоки. Не се секогаш виновни фудбалерите. Реалната слика е таа. Ние немаме сили да се бориме за високи дострели во овие квалификации. Немаме сила и тоа се виде по стартните два меча. Би сакал да не е така, но ние со Ерменија ќе се бориме да бидеме на 4. место. За жал, тоа е вистината и сите треба да се бориме за да се создаде една подобра атмосфера за едни подобри идни времиња. Потребно е да се кажат реалните работи затоа што со молчење ќе ни се случуваат само дебакли. А јас мислам дека имам право да дадам свој став за квалитетот на фудбалот. Можеби тоа некому му одговара или не, но вистината е таа гледано од моја страна. Можеби други имаат поинакви видувања", гласно кажува Пандев, кој верува во подобра иднина која ќе дојде само ако се вледа во очи на вистината.

Струмичанецот вчера беше во родниот град. Со приватен лет стигна да побара помош со познатата струмичанка Шинка која лекува повреди. Има проблеми со коленото и пред него е пауза од две недели. Вчера се врати во Милано и веднаш терапии, третмани.
"Каде си имам проблеми со повредата па уште ова ми требаше. Не кријам. Многу сум нервозен и не можам да трпам неправди. Сега почнаат да ѕвонат и медиумите од Италија, а потребен ми е мир.... Некои луѓе едноставно не знаат какви проблеми можат да им направат на други. Јас не заслужив вакво нешто. Со ништо не сум им дал причина за ваквите напади. Но реков. Не сакам да се заморувам со такви лица и нека им служи на чест...", беше крајниот коментар на Пандев, кој за "Македонски спорт" ја кажа и другата страна на приказната која е спротивна од онаа која беше лансирана деновиве.
А на Пандев му посакуваме брзо заздравување, враќање на теренот и успеси со Интер па и со националниот тим. Неговите успеси со Интер се и успех на фудбалот во Македонија. Сите беа со Пандев пролетва во Мадрид и сите на нозе кога со македонското знаме струмичанецот го крена големиот пехар на УЕФА. Е тоа е историски момент кој, за жал, брзо се заборава и се удира врз Пандев, единствениот фудбалски бренд кој го има во моментов Македонија.

Секогаш ќе играм за Македонија!!!
"Секогаш ќе играм за Македонија и сум играл и со повреди и со проблеми.... Додека можам ќе играм", открива Пандев околу неговата репрезентативна иднина. Нашиот најдобар фудбалер има и свои поинакви размислувања за сегашната реалност:
"Знаете и вие. И со вас во минатото многупати сме разговарале за проблемите во македонскиот фудбал. Истото беше и со Вест. Разговаравме отворено дека ако ги загубиме овие квалификации би било добро да одморам, да им се даде шанса на помладите и да се создаде атмосфера за следниот циклус. Што има лошо во сето тоа. И многу други поголеми фудбалери го правеле истото. Но сега е рано да се размислува за такво нешто. Ако се победат Андора и Русија, се враќаме во игра. Во моментов не сум со репрезентацијата поради повреда. Многмина не знаат, но јас на своја рака дојдов да играм со Словачка и Ерменија а не бев комплетно фит. Згора на тоа се повредив на дуелот во Скопје. Сето тоа се проблеми кои ги имам подоцна со клупските лекари во Интер кои бараат да не влегувам во ризик, но мојата желба е да & помогнам колку можам на репрезентацијата. За жал, многу луѓе сето тоа не го разбираат. Веднаш ме осудија, ме навредуваат, ме критикуваат. Се служат со глупости и невистини, а вистината е таа. Не сум дал изјава дека се откажувам. Што да кажа повеќе....", децидно тврди Пандев.

Не можам да ги поднесам свирежите

Пандев веќе со месеци потенцира дека е разочаран од односот на навивачите во Скопје.
"Ние не сме Бразил или Шпанија. Ние сме Македонија. Не можеме секогаш да победуваме и далеку сме од позициите со кои би можеле да направиме сензација. Барам од навивачите да го сменат својот однос. Да ги замнеат свирежите и навредите со поддршка за националниот тим. На нас, фудбалерите, многу ни пречи таквиот нивни однос. Тоа делува на сите на теренот. Факт е дека подобро играме на гости. Но еднаш треба сите да сфатиме. Заеднички интерес и заедничка цел е репрезентацијата. Треба да бидеме заедно. Треба да гледаме како е тоа кај другите и да учиме. Зарем ние играме за да не победиме!? Јас повеќе не можам да ги поднесам тие свирежи. Многупати ме извадиле од такт. Многупати сме губеле па на крај сме победувале. А свирежите не се забораваат. Најмногу боли кога твоите те осудуваат иако во таквите моменти е потребна поддршка", зборува Пандев за односот на навивачите кон дресот со државниот грб.

Хари и Јонуз "разочарани"

Се огласи Мирсад Јонуз: "Шокиран сум од Пандев". Се јави и Харалампие Хаџи-Ристески: "Изненаден сум од изјавата". Двајцата кои се виновници за хаосот во фудбалот, а посебно за слабите резултати на националниот тим докажаа дека се загубени и дека не се на линија со најдобриот фудбалер - Горан Пандев. А дури вчера следеше и реакцијата на бев-страницата на ФФМ, но и Јонуз и Харалампие се докажаа во своите изјави околу случајот "Пандев". Тоа што тие коментираа е доказ дека не се чуле со Пандев, дека не се во контакт со него. И тиа како и другте веднаш со реакции кои не се на ниво и не се за луѓе кои имаат функции како селектор и како прв човек на ФФМ. Браво за двајцата. И тиа како и другите се дел од ударот врз Пандев, а тој тоа не го заслужи.
"Не сакам моето име да се меша во никакви приказни околу тоа дали сум за Хаџи-Ристески или за некој друг. Јас сум само за подобар фудбал и не сакам да ме мешат во фудбалската политика", изјавува Пандев.

Бугарска лекција - "Бербатов"
Македонија треба да учи, медиумите да гледаат што се случува во другите земји, а навивачите да го почитуваат државниот тим. Не сакаме да оправдуваме, да критикуваме. И да не сака Пандев да игра за Македонија тоа е негова лична одлука. Сепак, вистината е поинаква и нашиот најдобар фудбалер кажува дека тој и во иднина ќе биде дел од државниот тим.
Се направи голема фама за ништо. Се нападна Пандев за ништо. А на сите тие кои критикуваат би им дале совет да прочитаат бугарски медиуми. Таму деновиве топ тема беше доѓањето на Матеус за селектор и новиот обид да се врати Бербатов. Сепак, фудбалерот на Манчестер Јунајтед е категоричен. "Не играм за Бугарија". Тоа е негова одлука. Нема таму навреди, критики, дека се може и без Митко. Истото беше и со Ибрахимовиќ во Шведска и со еден куп други познати ѕвезди. А кај нас веднаш со огнени стрели кон Пандев. Бил ваков, таков - предавник. Срамота!
 
Бербатов изјавил... Не играм за Бугарија за да им оставам простор на помладите да се докажат...
Пандев (наводно, според Вест и Мак. Спорт) изјавил... не играм за Македонија поради навивачите...
И што е сега срамота?
 
Не го мешајте Бербатов за Бугарија и Ибра за Шведска кога тие покажува/ат залагање во натпреварите за нивната земја низ квалификации. Барем нешто да покажеше Пандев квалификацииве, не мора ни голови секој натпревар, нешто, било што. Многу високо мислење имав за него ама да ти смета што навивачи те критикуваат е тоа ми е многу смешно. Тоа против Ерменија за овации да не беше? Па критиката не беше само за него, за сите целокупно беше. Мое мислење е ова, се надевам и молам Бога дека следниве натпревари од квалификацииве ќе ме демантира.
 
Tи бе го прочита цел текст или си 1 од многуте што зборат и зборат и зборат на памет ....
"Никогаш и никаде не сум изјавил дека се откажувам од Македонија и од репрезентацијата. Никогаш! Станува збор за една лажна верзија и приказна пласирана од одредени лица. Мислам дека ме чекаат на 'пик'. Некои луѓе како да не можат да ме поднесат, како да чекаат да се фатат за сламка за да се истурат врз моето име и мојата личност со што ги покажуваат своите вистински лица. Нека им служи на чест затоа што тоа се 'големи' Македонци. Браво! Со нив фудбалот и државата ќе оди напред. А јас ќе поминам низ сe и низ овие напади. Јас можам отворено да кажам дека сум горд Македонец, но и горд на сe она што го направив досега за фудбалот во мојата држава. За жал, толку можам...а ме напаѓаат некои кои се никој и ништо. Не сакав да реагирам, да се оптоварувам со сето ова. Имало и порано вакви срамни напади, но сега се минаа сите граници...", разочарано зборува Пандев

"Се согласувам дека Македонија може и без мене. Впрочем, се може без секого. И јас сум сега тука, утре ќе престанам со фудбал, но некој друг треба да игра. Би се радувал доколку националниот тим постигне успеси а да не сум во тимот. Па тоа е моја држава и не можам да бидам контра. Секогаш кога губиме проблемот е во Пандев. Секогаш Пандев, Пандев и Пандев. А што можам јас!? Треба еднаш да се гледа во вистината со отворени очи а не за одредени лични интереси на одредени личност да се кријат фактите. Што имаме ние!? Каков квалитет, каков фудбал се игра во земјава!? До каде ни отиде фудбалот!? Па една Ерменија нe растури среде Скопје. И!? Повторно Пандев, повторно свирежи и пцости. Точно дека ние играме, но некои проблеми се подлабоки. Не се секогаш виновни фудбалерите. Реалната слика е таа. Ние немаме сили да се бориме за високи дострели во овие квалификации. Немаме сила и тоа се виде по стартните два меча. Би сакал да не е така, но ние со Ерменија ќе се бориме да бидеме на 4. место. За жал, тоа е вистината и сите треба да се бориме за да се создаде една подобра атмосфера за едни подобри идни времиња. Потребно е да се кажат реалните работи затоа што со молчење ќе ни се случуваат само дебакли. А јас мислам дека имам право да дадам свој став за квалитетот на фудбалот. Можеби тоа некому му одговара или не, но вистината е таа гледано од моја страна. Можеби други имаат поинакви видувања", гласно кажува Пандев, кој верува во подобра иднина која ќе дојде само ако се вледа во очи на вистината.
.
Битно он пичка бил, ваков бил, онаков бил ... шо ти праи пристап до интерент.

--- надополнето ---

Не го мешајте Бербатов за Бугарија и Ибра за Шведска кога тие покажува/ат залагање во натпреварите за нивната земја низ квалификации. Барем нешто да покажеше Пандев квалификацииве, не мора ни голови секој натпревар, нешто, било што. Многу високо мислење имав за него ама да ти смета што навивачи те критикуваат е тоа ми е многу смешно. Тоа против Ерменија за овации да не беше? Па критиката не беше само за него, за сите целокупно беше. Мое мислење е ова, се надевам и молам Бога дека следниве натпревари од квалификацииве ќе ме демантира.
Да да, ко што Флечер ке ги демантира шкотите и ке игра ко што игра во Манчестер, зашто Пандев е буквално исти случај ко него.

п.с. Незнам кое залагање Бербатов го дал за бугарите кога ги немам видено на големо натпреварување со него до сега, тежок декор се у квалификации години и години наназад.
 
^ Џену види,Бербатов и Носот имаа со кој да играат за нивните репрезентации,имаа асални играчи,додека ние имаме повеќе од пола мртов тим,никој ни се залага ништо,играат колку да се каже дека играат...што не ги свиркаат нив,на пример Ристиќ да го земеме или Шуми ?
Пандев е прв на мета бидејќи од него се очекува највеќе,цела репрезентација да ја качи на грб и да ја одведе на некое големо натпреварување...е не може така.
Го поддржувам Пандев што и да одлучи,дал ке продолжи дал не,ама ќе биде буквално во право,бидејќи Јонуз работи како ќе му каже Дон Хари,а не од што знае нешто.Повикува играчи кој си немаат врска од фудбал,а не повикува вистински играчи кој што навистина ќе играат со срце за репрезентацијата...
Нешто ту је труло,до Пандев не е работава,туку до Хари и ФФМ е...
 
Абе пак ви викам, значи не очекувам јас од Пандев чуда, да ја земе топката од Едо и да ја стави во гол кај противникот, не очекувам од него втор Коперфилд ама барем да покаже залагање. Флечер и Бербатов јас не сум ги чула да се бунат за свирење ама барем нешто прават на натпревари. И како што кажа Syn добро еве, и Бугарија е крш репрезентација, декор а и ние сме, Бербатов се повлече да остави место, не кажа дека било од тоа што му свиреле. Пак ќе кажам еве, не знам што толку се најде тој повреден да коментира за ова кога свирежите беа упатени кон целата репрезентација. Некој штедени пари дава за да оди на стадион и што треба да прави на такви партии? Сигурно аплауз не.
Сепак и капитен е и фала Богу дека ќе се очекува од него најмногу. Ама дај Боже да ме демантира на следните натпревари.

А за протести заборавете, и јас за мојот спорт имам протестирано, баравме само топла вода во базен, прво добивме политичка лепенка, ко второ кажаа сме претерувале и ко трето го дадоа базенот во Карпош на извесен Агим (не памтам презиме) и тоа како земјиште, не како градба, по 8 евра на квадрат и беше out of order година и нешто. Не бива протести од човечка маса во земјава, како што кажа Сабер Рајдер, некој дебело ќе си го изеде по глава, само ако некој влијателен како Пандев повлече конци е тогаш може да се очекува нешто :) :smir:
 
Бербатов изјавил... Не играм за Бугарија за да им оставам простор на помладите да се докажат...
Пандев (наводно, според Вест и Мак. Спорт) изјавил... не играм за Македонија поради навивачите...
И што е сега срамота?

За Бербатов не ми кажувај за што си отишол не си отиде поради помалдаите туку затоа што го правеа од го`но подолу во БГ секогаш тој беше крив за неуспесите такви заебанции трпеше во медумите од поранешни фудбалери.Еден ден не можеше да трпи се тоа и им рече чао.Сега го меолеа да се врати но пак им рече чао.

http://vbox7.com/play:c944a4fa
 
Значи колку сме за нигде. Човек да не посака да биде репрезентативец, се нешто ни смета, се нешто не ни чини.
Гомно од народ сме :tapp:
 
А како ќе изреагиравте доколку Пандев искочеше и речеше: Си одам од репрезентацијата, сакам да им отстапам место на помладите?

И друго, од кај знаете која е вистинската причина на Бербатов?

едит: Браво мите за линкот, само ми го поткрепи второто прашање :)
 
За Бербатов не ми кажувај за што си отишол не си отиде поради помалдаите туку затоа што го правеа од го`но подолу во БГ секогаш тој беше крив за неуспесите такви заебанции трпеше во медумите од поранешни фудбалери.Еден ден не можеше да трпи се тоа и им рече чао.Сега го меолеа да се врати но пак им рече чао.

http://vbox7.com/play:c944a4fa
Не, Пандев ја измислил топлата вода, иако, никад не ни планирал откажување од национален дрес но народов, дел од истиов, падна на статија од весник ко Вест, ништо чудно на времето да ги чекале и вонземјаните на тераса кога Ем Експрес тоа го најавуваа ...
 
Колку од тие гола ги постигнал на квалификациски натпревари??? :nesvest:

Околу погорната изјава, мило ми е што трга по нашите совети, сигурно го чита форумов :pos:

Јас ќе ти кажам. Само осум, од кои 3 на Ерменија и 2 на Андора. И останатите 15 во пријателски, Е, тоа е учинокот на феноменот за репрезентацијата. Епа нека ми извини, ама Христов и Шаќири даваа значајни голови за репрезентацијата, а не си го подобруваа просекот на пријателски утакмици.
 
Јас пак вака не гледал статистика памтатм и два против Холандија едниот последен од пенал.
И натпреварот кој заврши 2-2 кога се враќавме два пати од негатива Пандев прво даде гол за 1-1 потоа во акција во која направи страшен прием на топка и даде асистенција кон Стојков за 2-2.
Но ти си од тие најпаметните кои знаат се.

Но ајде и за ова може да се се’не нешто
Жално е да зборите против човекот.
 
^ И чист гол му поништија, мислам он го постигна тогаш ...
А за тоа феномен, амебава од народ и медиуми кои шиткаат штампа го направија, зашто и благоретардиран човек кој прати фудбал знае кои се вистинските можности на Пандев во овој национален тим.
 
Можда боље ќе испаднеше стварно да се откаже од репрезентација, а по него уште 6-7 души и со тоа да се смени цела мафијашка куќа. Ова стварно нигде не води. Јонуз дојде на место селектор благодарение на Хари (мамата негова) и што направи? Ништо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom