Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.650
- Поени од реакции
- 48.922
МЕ ЧЕКААТ НА ПИК "ГОЛЕМИТЕ" МАКЕДОНЦИ!
Македончето светски шампион во сер%е тој знае се на сите може памет да им соли и нема авторитер на кој не може да го исплука.Но да погледнеме во реалноста за ништо не не бива погледнете ги Хрватска,Србија не мора нив Црна Гора или Словениа.
Распарчен е Горан Пандев од некои медиуми, фудбалски навивачи, обични граѓани, лимари, штофари... но и од функционери во ФФМ и селектори. Сите се разочараа и се служат со приказни без притоа да разговараат и да ја лоцираат вистинската причина за настанатиот хаос. Најдоброто во спортот од Македонија не можеше да ги издржи навредите, клеветите и начинот на кој се омаловажуваат неговите квалитети, успеси и достигнувања.
"Не ми се верува. Зарем можеше и ова да се случи? Многу сум разочаран. Многу! Ни во најлош сон немаше да помислам дека и ова е возможно...", зборува отворено Горан Пандев за "Македонски спорт". Истиот оној медиум кој пред десетина години веруваше во детето од Струмица кое ја доби етикетата феномен, за која летаа критики и навреди, но токму тоа дете оваа 2010 година им докажа на сите дека е играчиште. Дека со Интер стигна до врвот на Италија и Европа и дека е една од ретките убави работи кои i се случија на оваа наша мала Македонија. Пред фактите молчат и боговите, а бројките кои се зад Пандев се можби уште сега недостижни за следните генерации и генерации. Но! Во што е проблемот!? Беше објавено дека Горан Пандев повеќе нема да игра за Македонија. Фудбалерот на Интер вчера околу пладне од Милано ја кажа вистината околу настанатата случка.
"Никогаш и никаде не сум изјавил дека се откажувам од Македонија и од репрезентацијата. Никогаш! Станува збор за една лажна верзија и приказна пласирана од одредени лица. Мислам дека ме чекаат на 'пик'. Некои луѓе како да не можат да ме поднесат, како да чекаат да се фатат за сламка за да се истурат врз моето име и мојата личност со што ги покажуваат своите вистински лица. Нека им служи на чест затоа што тоа се 'големи' Македонци. Браво! Со нив фудбалот и државата ќе оди напред. А јас ќе поминам низ сe и низ овие напади. Јас можам отворено да кажам дека сум горд Македонец, но и горд на сe она што го направив досега за фудбалот во мојата држава. За жал, толку можам...а ме напаѓаат некои кои се никој и ништо. Не сакав да реагирам, да се оптоварувам со сето ова. Имало и порано вакви срамни напади, но сега се минаа сите граници...", разочарано зборува Пандев.
Но во што е проблемот? Зошто толку тензии и една ваква негативна атмосфера!?
"Јас сум повреден. Имам проблем и жалам што не играм против Русија и Андора. Жалам. Секогаш кога сум бил фит сум бил тука. Навистина имам проблеми затоа што повредите не се до крај санирани, а дополнителни проблеми имам по настапите за националниот тим. Не сакам никому да се правдам, но јас секогаш за националниот тим давам повеќе од 100% Секогаш. Можеби најмногу сакам победи и успеси. Па сите кои се со мене во Интер играат на СП и ЕП. Сон на секој фудбалер е да успее и со националниот тим. Тоа е посебно задоволство затоа што за репрезентацијата се игра од љубов од срце, а не за пари. Некои луѓе не можат да ги разберат основните принципи и затоа жалам што таквите се осмелуваат да критикуваат, да коментираат иако истите се никој и ништо и се загубени и залутани во фудбалот. Дополнителен проблем е тоа што јас не сум дал таква изјава дека се откажувам. Ме нападнаа како да сум најголемиот проблем во нашиот фудбал. Не ми се верува. Вакви глупости не сум видел", коментира најдобриот фудбалер на Македонија за повредите, нападите...
По шпекулациите дека Пандев се откажува следеа и фуриозни, но и безобразни напади од обичните граѓани. На веб-страниците, на порталите може да се причитаат секакви навреди, критики, но и некои ставови кои Пандев не ги заслужува:
"Се согласувам дека Македонија може и без мене. Впрочем, се може без секого. И јас сум сега тука, утре ќе престанам со фудбал, но некој друг треба да игра. Би се радувал доколку националниот тим постигне успеси а да не сум во тимот. Па тоа е моја држава и не можам да бидам контра. Секогаш кога губиме проблемот е во Пандев. Секогаш Пандев, Пандев и Пандев. А што можам јас!? Треба еднаш да се гледа во вистината со отворени очи а не за одредени лични интереси на одредени личност да се кријат фактите. Што имаме ние!? Каков квалитет, каков фудбал се игра во земјава!? До каде ни отиде фудбалот!? Па една Ерменија нe растури среде Скопје. И!? Повторно Пандев, повторно свирежи и пцости. Точно дека ние играме, но некои проблеми се подлабоки. Не се секогаш виновни фудбалерите. Реалната слика е таа. Ние немаме сили да се бориме за високи дострели во овие квалификации. Немаме сила и тоа се виде по стартните два меча. Би сакал да не е така, но ние со Ерменија ќе се бориме да бидеме на 4. место. За жал, тоа е вистината и сите треба да се бориме за да се создаде една подобра атмосфера за едни подобри идни времиња. Потребно е да се кажат реалните работи затоа што со молчење ќе ни се случуваат само дебакли. А јас мислам дека имам право да дадам свој став за квалитетот на фудбалот. Можеби тоа некому му одговара или не, но вистината е таа гледано од моја страна. Можеби други имаат поинакви видувања", гласно кажува Пандев, кој верува во подобра иднина која ќе дојде само ако се вледа во очи на вистината.
Струмичанецот вчера беше во родниот град. Со приватен лет стигна да побара помош со познатата струмичанка Шинка која лекува повреди. Има проблеми со коленото и пред него е пауза од две недели. Вчера се врати во Милано и веднаш терапии, третмани.
"Каде си имам проблеми со повредата па уште ова ми требаше. Не кријам. Многу сум нервозен и не можам да трпам неправди. Сега почнаат да ѕвонат и медиумите од Италија, а потребен ми е мир.... Некои луѓе едноставно не знаат какви проблеми можат да им направат на други. Јас не заслужив вакво нешто. Со ништо не сум им дал причина за ваквите напади. Но реков. Не сакам да се заморувам со такви лица и нека им служи на чест...", беше крајниот коментар на Пандев, кој за "Македонски спорт" ја кажа и другата страна на приказната која е спротивна од онаа која беше лансирана деновиве.
А на Пандев му посакуваме брзо заздравување, враќање на теренот и успеси со Интер па и со националниот тим. Неговите успеси со Интер се и успех на фудбалот во Македонија. Сите беа со Пандев пролетва во Мадрид и сите на нозе кога со македонското знаме струмичанецот го крена големиот пехар на УЕФА. Е тоа е историски момент кој, за жал, брзо се заборава и се удира врз Пандев, единствениот фудбалски бренд кој го има во моментов Македонија.
Секогаш ќе играм за Македонија!!!
"Секогаш ќе играм за Македонија и сум играл и со повреди и со проблеми.... Додека можам ќе играм", открива Пандев околу неговата репрезентативна иднина. Нашиот најдобар фудбалер има и свои поинакви размислувања за сегашната реалност:
"Знаете и вие. И со вас во минатото многупати сме разговарале за проблемите во македонскиот фудбал. Истото беше и со Вест. Разговаравме отворено дека ако ги загубиме овие квалификации би било добро да одморам, да им се даде шанса на помладите и да се создаде атмосфера за следниот циклус. Што има лошо во сето тоа. И многу други поголеми фудбалери го правеле истото. Но сега е рано да се размислува за такво нешто. Ако се победат Андора и Русија, се враќаме во игра. Во моментов не сум со репрезентацијата поради повреда. Многмина не знаат, но јас на своја рака дојдов да играм со Словачка и Ерменија а не бев комплетно фит. Згора на тоа се повредив на дуелот во Скопје. Сето тоа се проблеми кои ги имам подоцна со клупските лекари во Интер кои бараат да не влегувам во ризик, но мојата желба е да & помогнам колку можам на репрезентацијата. За жал, многу луѓе сето тоа не го разбираат. Веднаш ме осудија, ме навредуваат, ме критикуваат. Се служат со глупости и невистини, а вистината е таа. Не сум дал изјава дека се откажувам. Што да кажа повеќе....", децидно тврди Пандев.
Не можам да ги поднесам свирежите
Пандев веќе со месеци потенцира дека е разочаран од односот на навивачите во Скопје.
"Ние не сме Бразил или Шпанија. Ние сме Македонија. Не можеме секогаш да победуваме и далеку сме од позициите со кои би можеле да направиме сензација. Барам од навивачите да го сменат својот однос. Да ги замнеат свирежите и навредите со поддршка за националниот тим. На нас, фудбалерите, многу ни пречи таквиот нивни однос. Тоа делува на сите на теренот. Факт е дека подобро играме на гости. Но еднаш треба сите да сфатиме. Заеднички интерес и заедничка цел е репрезентацијата. Треба да бидеме заедно. Треба да гледаме како е тоа кај другите и да учиме. Зарем ние играме за да не победиме!? Јас повеќе не можам да ги поднесам тие свирежи. Многупати ме извадиле од такт. Многупати сме губеле па на крај сме победувале. А свирежите не се забораваат. Најмногу боли кога твоите те осудуваат иако во таквите моменти е потребна поддршка", зборува Пандев за односот на навивачите кон дресот со државниот грб.
Хари и Јонуз "разочарани"
Се огласи Мирсад Јонуз: "Шокиран сум од Пандев". Се јави и Харалампие Хаџи-Ристески: "Изненаден сум од изјавата". Двајцата кои се виновници за хаосот во фудбалот, а посебно за слабите резултати на националниот тим докажаа дека се загубени и дека не се на линија со најдобриот фудбалер - Горан Пандев. А дури вчера следеше и реакцијата на бев-страницата на ФФМ, но и Јонуз и Харалампие се докажаа во своите изјави околу случајот "Пандев". Тоа што тие коментираа е доказ дека не се чуле со Пандев, дека не се во контакт со него. И тиа како и другте веднаш со реакции кои не се на ниво и не се за луѓе кои имаат функции како селектор и како прв човек на ФФМ. Браво за двајцата. И тиа како и другите се дел од ударот врз Пандев, а тој тоа не го заслужи.
"Не сакам моето име да се меша во никакви приказни околу тоа дали сум за Хаџи-Ристески или за некој друг. Јас сум само за подобар фудбал и не сакам да ме мешат во фудбалската политика", изјавува Пандев.
Бугарска лекција - "Бербатов"
Македонија треба да учи, медиумите да гледаат што се случува во другите земји, а навивачите да го почитуваат државниот тим. Не сакаме да оправдуваме, да критикуваме. И да не сака Пандев да игра за Македонија тоа е негова лична одлука. Сепак, вистината е поинаква и нашиот најдобар фудбалер кажува дека тој и во иднина ќе биде дел од државниот тим.
Се направи голема фама за ништо. Се нападна Пандев за ништо. А на сите тие кои критикуваат би им дале совет да прочитаат бугарски медиуми. Таму деновиве топ тема беше доѓањето на Матеус за селектор и новиот обид да се врати Бербатов. Сепак, фудбалерот на Манчестер Јунајтед е категоричен. "Не играм за Бугарија". Тоа е негова одлука. Нема таму навреди, критики, дека се може и без Митко. Истото беше и со Ибрахимовиќ во Шведска и со еден куп други познати ѕвезди. А кај нас веднаш со огнени стрели кон Пандев. Бил ваков, таков - предавник. Срамота!