Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Џабе толку фрлавте дрва и камења по човекот кој беше единствена светла точка на спортски план во изминатата сезона за Македонија, најдобриот стрелец на сите времиња за репрезентацијата, убедливо најквалитетниот и најталентираниот фудбалер на нашиве простори последниве години, истиот Горан Пандев кој има какви-такви идеи за просперитет на фудбалов во државава со тоа што со сопствени средства отвори и фудбалска Академија во Струмица.
Подобро да се откажеше, полн му е џебот, незнам што мајка бара да се замара за искомплексирани фаци кои ни го водат фудбалот во пропаст.
 
Како не одговори на италијански, ти изгледа не си го познаваш македонскиот јазик...
А ти не беше горд кога го носеше македонското знаме на грбот а
Си амо де шампиони де Еуропа или како и да беше не е на македонски. А јас ќе бев горд и без да го носеше македонското знаме, тоа беше плус ;)

Инаку повелете и мрш да не ве слушам појќе како јадите трици на текст кој некој го напишал за да го продава својот мизерен весник

По информациите објавени во печатот за наводно откажување на Горан Пандев од националниот тим , нашиот интернационалец од Интер го информираше претседателот на ФФМ Хари Хаџи-Ристески и Стручниот штаб на националниот тим дека останува и натаму дел од нашата најдобра селекција и по заздравувањето од повредата ќе се стави на располагање на селекторот Мирсад Јонуз. Во продолжение го пренесуваме неговиот став кон националниот тим: - Точно е дека разговарав со новинарите, но единствено на тема односот на дел од фановите на македонската фудбалска репрезентација и нивниот навредлив однос кон фудбалерите и кон мене во моментите кога националниот тим пројавува криза во играта. И тука барам и ќе барам нешто да се смени бидејќи репрезентативниот дрес е светост и за мене а верувам и за моите колеги и секогаш со гордост настапувам за Македонија . Репрезентацијата затоа мора да биде почитувана и од навивачите. Од настапите во репрезентацијата ќе се откажам само кога кариерата ќе ми биде во залез или пак под притисок на повредите.
- Барам трпеливост и разбирање бидејќи во овој квалификациски циклус сите ние заедно , фудбалерите , стручниот штаб, раководството на ФФМ влеговме со големи амбиции кои тврдам дека беа реални а тоа е да го поправиме пласманот во однос на претходните квалификациски циклуси и воедно да ги нападнеме првите две места во групата. Морам да кажам дека атмосферата во националниот тим беше и е извонредна. Навистина имаме извонредни услови за подготовки, репрезентативно сместување, професионален однос од генералниот секретаријат и федерацијата во целост. Задоволен сум и од работата на стручниот штаб и токму затоа ние репрезентативците на состанокот на Малта одлучивме да се откажеме од премиите за победи , туку се договоривме да биде валоризиран само вистинскиот успех, односно освојување на едно од првите две места што федерацијата го прифати.
- Мислам дека трагичниот пораз во Братислава остави траги врз сите нас и не поремети пред се на психолошки план и тоа се почувствува на средбата со Ерменија.
- Јас, Горан Пандев и незалечен од повредите сум настапувал за националниот тим бидејќи моја најголема желба ми е оваа генерација фудбалери да заигра на едно големо натпреварување како што е следното Европско првенство.



Извор: ФФМ
 
Не е вистина дека Пандев се откажал од Репрезентацијата!!!!! Глупости се ова што се пишува низ весниците и на форумов!
 
Важно клошариве на форумов се изнајадоја лајна против Пандев.
 
И да беше само шпекулација јас останувам на тврдењето дека пандев би требало да се откажи од репрезентацијата и ќе му биди најлогично решение за неговата кариера....
 
И да беше само шпекулација јас останувам на тврдењето дека пандев би требало да се откажи од репрезентацијата и ќе му биди најлогично решение за неговата кариера....
Да, ке му биде најлогично решение но ако и само ако причината за тоа биде ФФМ и начинот на кој они дестркутивно влијаат врз мак фудбалот со години, и да рече дека ја подржува иницијативата за смена на гробарот Хари и дека би се вратил во националниот дрес само тогаш кога оваа земја ке биде водена од луѓе кои можат само позитивно да влијаат врз фудбалот во истата ...
 
Ништо ново не е јадењето шит.Еден момент Гранде Пандев,следен клошар.Мене воа не ме изненадува.Како и да е доколку еден ден одлучи навистина да замине,е негова одлука.Никој не го врзал и да го тера да остане.
 
Чудно само Интерашите го бранат :)
Со што го бранат ? Со тоа што викаат да не паѓате на дневен весник ко Вест ? И не гледам само интераши да застанат во негова одбрана на форумов, т.е. не дека ја го бранев, и јас бев против тој начин на откажување и еве и пишав погоре под кои околности тоа ке го оправдам, ама да паднам на статија од '' Вест '', бегај бе, вреѓа интелигенција на народ тоа и само удираат потврда што све дише во земјава ...
 
Само да се јадело гомна бре...срамота...а и ова новинариве се тешки сероњи...ама си се научив јас..дур не видам од него изјавено ништо не верувам.
 
Дур се Харалампиефци на влас, добрите фузбаљери не требе да играет за репрезентацја
 
Свирењето не беше само за него беше за цела репрезентација и си заслужија тоа е. И што сега зар треба сите да се повлечат. Прави спортисти трпат секавква критика, и ппозитивна и негативна. Ова Струмица изгледа испадна град на добри спортисти ама многу свилени. И Влатко Илиевски е од Струмица и он не доаќа да игра кошарка за Македонија освен кога нема клупски ангажман.

Според ова не се повлекувал туку не бил задоволен од навивачите.

http://www.time.mk/read/c191280db2/e2ad51a1aa/index.html
 
Свирењето не беше само за него беше за цела репрезентација и си заслужија тоа е. И што сега зар треба сите да се повлечат. Прави спортисти трпат секавква критика, и ппозитивна и негативна. Ова Струмица изгледа испадна град на добри спортисти ама многу свилени. И Влатко Илиевски е од Струмица и он не доаќа да игра кошарка за Македонија освен кога нема клупски ангажман.
Tрпат ? Демек потоа не се бунат ? Бекам не негодуваше на тој однос ? Ибра не негодуваше на истиот однос од фановите на Интер ? Ете ти 2 големи имиња од светскиот фудбал ... можам и многу други да набројам али ете, доволни се и овие.

И да, треба да се повлечат од репрезентативниот дрес но со причината наведена од погоре во мојот пост, бидејќи и онака фудбалската основа на оваа земја, со оваа федерација и овој селектор марионетка на истата е длабоко влезена во фудбалски минус, немаат никаква шанса да просперираат далеку, освен ако се лажеме нели и не гледаме реално на работите.
Зашто со овој народ очигледно потребен е само ваков потег за да го гледаме она од Босна, зашто тогаш во случај да се повлечат пример Пандев, Попов, Новевски и ред други баш поради тоа медиумите ке посветат огромно внимание и тоа ке трае и трае со денови, и сакале нејкеле ке се деси истото уз оној домино ефект и кај народов, а вака, ке чекаме наредно доаѓање на Платини и ке излезат петорица надвор со транспаренти и толку, ке им се удри дебела рецка, или, нормално, ке се логираме на кајгана форум и ке тераме на филозофии и ке креваме виртуелно востание кое за мене е аналогно на еден голем епик фејл.
 
Свирењето не беше само за него беше за цела репрезентација и си заслужија тоа е. И што сега зар треба сите да се повлечат. Прави спортисти трпат секавква критика, и ппозитивна и негативна. Ова Струмица изгледа испадна град на добри спортисти ама многу свилени. И Влатко Илиевски е од Струмица и он не доаќа да игра кошарка за Македонија освен кога нема клупски ангажман.

Според ова не се повлекувал туку не бил задоволен од навивачите.

http://www.time.mk/read/c191280db2/e2ad51a1aa/index.html

Влатко Илиевски никој не го бранел тој си е Словенец таму е женет не му се игра за Македонија.
Пандев си живее во Струмица доаѓа секогаш кога е слободен Илиевски не стапнал во Струмица но да ти кажам и тој од свои пари ја реновира сопортската сала Партизан..И Попов е од овде и не него ли не му се игра не вреѓај локално.

И Пандев не се повлекол од репрезентација или ти сакаш да се повлече.
Инаку и Дарко Панчев е по потекло од Струмичко.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom