Пандев во тимот на светот!!!
*"За мене ова е голема чест, а воедно голема работа е тоа што ќе ја претставувам и Македонија", е коментарот на Пандев по веста дека ќе биде во ист тим со Кристијано Роналдо, Бекам, Балак...
Македонија меѓу фудбалските ѕвезди благодарение на "маестро" Горан Пандев. Нашиот најдобар фудбалер доби покана да биде дел од светската фудбалска елита на 22 декември кој ќе се одржи на стадионот "Сан Сиро" во Милано. Светските ѕвезди ќе одиграат ревијален меч со селекцијата на Ирак, а комплетниот спектакл го има носи името "Гол за мир".
Покровители на овој проект се фудбалските "босови" Силвио Берлускони (премиер на Италија и сопственик на Милан) и Масимо Морати (Интер).
"Утрово моите менаџери ми кажаа дека сум во спискот на фудбалери кои ќе настапат на ревијалниот меч во Милано", беше коментарот на Пандев од Италија само неколку часа пред настапот на неговиот Лацио против Милан во Купот на Италија.
"За мене ова е голема чест, а воедно и голема работа затоа што доаѓам од една мала земја како што е Македонија. Ова е прв ваков меч во мојата кариера кој сигурно ќе ми даде дополнителен мотив за понатамошниот дел од мојата кариера", беше ставот на нашиот најдобар фудбалер кој ќе го претставува нашиот фудбал на 22 декември во Милано.
Организаторите вчера ги објавија имињата на фудбалерите па така Пандев ќе биде дел од тимот во кој ќе настапат ѕвездите од типот на Кристијано Роналдо, Бекам, Балак... Комплетната фудбалска елита во која спаѓа и нашето најдобро фудбалско име кое го имаме во моментов.
Колку за потсетување дека и порано шанси фудбалери играле на вакви собири, но овој е најдобриот, најелитниот ваков хуманитарен меч. Шаќири неколкупати играше ревијални средби, но никогаш не во Милано. И Зоран Јованоски во минатото беше дел од божиќните ѕвезди исто како и Дарко Панчев. Еве сега на еден од најголемите собири на најдобрите во фудбалот и Горан Пандев. Ова е само уште еден доказ за големината на Пандев на светско ниво и рејтингот што го има струмичанецот во светот.
И. Д. Ивановски
"Хет-трик" во Македонија!!!
Без конкуренција Горан Пандев ќе го понесе признанието и за најдобар фудбалер на Македонија во 2008 година. За него ова е "хет-трик" на вакви признанија од родната земја. Церемонијата во Скопје ќе се одржи на 25 декември, три дена по неговиот настап во Милано.
Пандев го понесе најсветлото признание од ФФМ во 2006 и 2007 година.
Единствениот од "Балканот"
Можеби чудно, но вистинити. За претстојниот спектакл во Милано на листата на ѕвезди има само едно име од екс-ју просторите, но и само едно име на фудбалери од ова наше балканско поднебје. Горан Пандев и с$ е кажано!!!
Тимот на светот
Абонданзиери (Гетафе)
Неста (Милан)
Балак (Челзи)
Бекам (Л.А Галакси)
Пујол (Барселона)
Кордоба (Интер)
Роналдо (Манчестер Ј.)
Дел Пјеро (Јувентус)
Дрогба (Челзи)
Канаваро (Реал Мадрид)
Буфон (Јувентус)
Инзаги (Милан)
Тери (Челзи)
Кака (Милан)
Пандев (Лацио)
Меси (Барселона)
-------------
Малдини (Милан)
Матераци (Интер)
Милер (Лион)
Раул (Реал Мадрид)
Рекоба (Торино)
Роки (Лацио)
Роналдињо (Милан)
Роналдо (Милан)
Ето (Барцелона)
Силвињо (Барселона)
Жерард (Ливерпул)
Тевез (Манчестер)
Тоти (Рома)
Занети (Интер)
Жирков (ЦСКА Москва)
Карири (Ал Итихад)