Пандев најдобро зимско засилување
Среда, 03 Февруари 2010 01:16
Зимскиот трансфер период заврши, за разлика од летото сега немаше баш големи и застрашувачки суми потрошени за трансфери.
Според интернет порталот Гол.ком нашиот репрезентативец Горан Пандев е најдобро зимско засилување. Како што е познато Горан по раскинувањето на договорот со Лацио, како слободен агент се префрли во редовите на италијанскиот шампион.
Листата на Гол.ком за најдобри трансфери изгледа вака:
1. Горан Пандев - Лацио - Интер, слободен агент
Нашиот репрезентативец дојде на Сан Сиро со големо педигре во италијанскот фудбал при што шампионот на Италија не потроши ниту едно евро за него. Своите перформанси ги покажа на дербито против Милан а во четирите натпревари за Интер има постигнато 2 погодци и 2 асистенции.
2. Руд Ван Нистерлој - Реал - Хамбургер, слободен агент
Уште едно бесплатно засилување, Руд од почетокот на сезоната беше постојано повреден па неговото место во нападот комплетно го завзеде Гонзало Игуаин. Затоа сега ќе може повторно да постигнува погодоци и да рачуна на повик во Холанската репрезентација во дресот на Хамбургер.
3. Робињо - Манчестер Сити - Сантос, слободен агент
САмо две кратки години Робињо успеа да преседи во тимот од Манчестер. Тој не успеа да се избори за место во тимот на Манчини па поради тоа беше вратен назад, во тимот на Сантос.
4. Адам Џонсон - Миделсброу - Манчстер Сити, 8м фунти
Менаџерите обожаваат да имаат „еден за иднината“, токму тоа е Џонсон во тимот на Роберто Манчини, италијанскиот стратег се надева дека токму овој млад фудбалер ќе биде вистинската аквизиција за наредните години.
5. ЛЕндон Донован - ЛА Галкси - Евертон, непознато
Донован беше еден од најдобрите играчи на Галакси во Американскиот фудбал и се претпоставуваше дека ќе појде како позајмица во Баерн Минхен, исто како минатата година. Но сепак оваа година тој се пресели во тимот на Евертон каде што ќе ја заврше пролетната полусезона.
6. Мекдоналд Марига - Парма - Интер, сојузништво
Требаше да биде продаден на Манчестер Сити но сепак поради тоа што не доби виза замина во редовите на Интер, докажано е дека Мурињо ги сака црните играчи па се надева дека токму Марига ќе му биде од голема полза во средината на теренот.
7. Роби Кин - Тотенхемн - Селтик, слободен агент
Роби Кин повторно се врати во Шкотската Премиер Лига. Велшанецот ќе се обиде да му помогне на новиот тим во трката со Ренџерс за освојување на шампионската титула во Шкотска.
8. Олександр Алијев - Динамо Киев - Локомотив Москва, непознато
Украинскиот интернационалец замина од Динамо, тој се префрли во тимот на Локомотив Москва тим кој прави силна екипа за следната сезона во европските натпреварувања.
9. Марио Болати - Порто - Фиорентина, 3,5м фунти
24-годишниот играч за врска се пресели во тимот од фиренца со цел да се аклиматизира до крајот на сезоната кога се очекува да го потполне местото што го остави испразнето Фелипе Мело со неговиот трансфер во Јувентус.
10. Кеисуке Хонда ВВ-Венло - ЦСКА Москва, 9м фунти
Неколку европски клубови пројавија интерес кон јапонскиот напаѓач, но тие сепак не успеаа да го надтицаат рускиот клуб во однос на цената, ЦСКА плати дури 9 милиони фунти за да го прибере во своите редови Хонда.