Vetrence
...believe in yourself! :)
Ај кажи ми дали има нешто по лошо еден фудбалер па уште и капитен да го исвирка публиката?
Тие што јадат трици против Седлоски можат единствено да се бават со лупење зелка, бидејќи фудбалот за нив е премногу сложена работа. Ај ве молам кажете ми што му направи Седло на Попов па тој да вели ќе ти дадам 200 евра ама нема да играм? АЛОООООООООООООО!!!!! Ќе ти дадам 200 евра ама нема да играм. Малку му е шамар, тој си плачи за машки ќотек. Па и уште го браните. Седлоски не сакајќи го добре со копачката по лицето, ако за такво нешто се напушта тренинг и се почнува расправија тогаш Попов треба да почне да се бави со балет.
Плус тоа тепачка на тренинг не е така не секојдневна работа. Љунберг не се степа на стренинг со Мелберг? Даер со Боер се степаа на среде натпревар па никој не ги исвика. Пујол со Висенте.
Просто не можам да поверувам дека цела публика на Чави и на Фабрегас им аплаудираше, а си го исвирка капитенот. Срамота. Гревота. Катасрофа.
Како што знам имаше и пост претходно пишано не му беше 1 пат да го удри и пред тоа го удрил со копачката и затоа Попов несакал да игра и му рекол ке му даде кладбата од 200 евра ама да не игра.. и кој .!. Седлоски рипа право на котек и овој глупакот наумоски? Неможе убаво да се разбере на убав начин,како капитен на репрзентација да каже со зборови па скока на котек? Е кај го има бе тоа? Остај ти таму боер дајер и другите,овој е КАПИТЕН на РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА и треба да размисли дали треба така да се понаша,да прави неред и фрки или треба тој да ги смирува?