Гоце Седлоски ја напуштa репрезентацијата ?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Бокица
  • Време на започнување Време на започнување
qyvl2f.jpg

Интересно е тоа што додека играше за Динамо, една сезона беше најдобар стрелец на екипата :pos:

:pos2:
 
Новески не го наведувам како замена... туку како подобар од Седлоски. Исто и Васоски е далеку подобар од Седлоски... А се препотив за да ја гледам Македонија, вклучувајќи го и Гоце, и Илчо, и Попов и Пандев... така да можеше Гоце да не почитува малце повеќе доколку сакаше да не биде исвиркан.

Новески е ОДЛИЧЕН дефанзивец и без него не можам да ја замислам МАКЕДОНИЈА, ама не е стопер, или барем не подобар од Седлоски!!! :baeh:

Цела задна линија ни е одлична, а ништо подолу од нив не паѓа ни Васоски, кој многу го ценам како фудбалер, ама командантот на одбраната е СЕДЛО!!! И тешко нас ако го немаме Васоски оти сепак треба достојна замена во одбраната (има жолти и црвени картони, а богами и повреди во фудбалот)!!!

Седло че ја истурка стотката...дај боже да се прости од репрезентацијата после настапот на СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2010!!!:vozbud:
 
Ако сака физички да се пресметува тогаш нека се запише кик бокс ... а ако е решен да си замине нема што да чека ..
 
А шо и ние ли имаме репрезентација????
 
Ако сака физички да се пресметува тогаш нека се запише кик бокс ... а ако е решен да си замине нема што да чека ..

Те поддржувам во тоа дека ако сака физички пресметки нека се запише кик бокс.. но, ако погледниме наназад секогаш тој ја предводел екипата... можеби ако излези и се извини пред цела Македонска јавност, можеби ќе му простат сите и ќе можи да ги изигра уште овие 2 последни натпревари... пошто крајот го краси делото. После овие 2 натпревари можи да замини и да отстапи место за некој (Васоски,Новески), кој ќе го оставиме Јонуз да го одбери.. пошто и онака за другиот циклус квалификации треба да помини некое време(2год.), или пак ако евентуално влезиме на Светско :pos: тогаш сам нека реши дали ќе игра уште... Сепак поентата ми беше дека треба да ги изигра уште овие 2 последни натпревари. Мислам дека се согласувате.
 
Барем да се извинеше пред јавноста можеби ќе го гледав поинаку но сега го гледам како некој тепач демек направил нешо мн јако не се ни извинува и се заканува дека ќе ја напушти репрезентацијата .. мн го поштуев се до оној момент пред неколку дена но мислам дека шерифи не ни требаат во екипата ...
 
Нека си оди ако така сака. Лут е на публиката затоа што му свиреше???
Тоа беше спонтана реакција на публиката, не е ниту местена работа ниту заговор против него.
Дали ќе биде подобро или полошто без него, ќе треба да видиме. Имаме помлади дефанзивци кои треба да добијат шанса.
Гоце игра со срце, добар скокач е, ама па и кисови има многу. Не е незаменлив.
 
prost narod glupa drzava kreteni nevideni bea skoro cela juzna ama toa e:kesa:

Свесен ли си дека нарекуваш кретени 12000 луѓе? Мислиш дека си попаметен од сите нив? Абе оди изврши си самоубиство од заседа!

:tapp: :tapp: :tapp: :tapp: :tapp: :tapp: :tapp: :tapp:
 
Почнува острењето за Шкотска и Норвешка

29AB893E96943744B1B645FC08BD73B1.jpg

Македонската фудбалска репрезентација вчера попладне во Охрид ги започна подготовките за последните два меча од квалификациите за Светското првенство кое следната година ќе се игра во Јужна Африка. Во септемврискиот квалификациски циклус Македонија најпрво на 5 септември гостува на Шкотска во Глазгов, а четири дена подоцна играме против Норвешка во Осло.

На првата прозивка на селекторот Мирсад Јонуз вчера на стадионот „Билјанини извори“ беа присутни капитенот Гоце Седлоски, потоа Јане Николовски, Един Нурединовски, Филип Ивановски, Александар Васовски, Илчо Наумоски, Игор Митрески, Влатко Гроздановски, Роберт Петров, Дарко Тасевски, Даниел Мојсов, Арменд Алими и Ацо Стојков. Синоќа на репрезентацијата требаше да и' се приклучи и Бесарт Ибраими од Ренова. Преостанатите девет репрезентативци треба да пристигнат денеска, а репрезентацијата попладнево да го одработи првиот комплетен тренинг со 23-цата повикани играчи. Засега нема најави за ниедно откажување.
 
Не,не.Тој незаслужува да биде капитен , што е бе Гоце?Што се замислуваш?Па ти си едно ко*иле што игра во еден да не речам аматерски клуб , толку се горделив , а сељачино една?Навреди 2 милиона народ , неможеше да одржиш пресконференција од 3 минути во која ќе се извинеше за се и ќе ти простеше секој македонец?Па ти за мене си веќе едно искомплексирано копиле кое се замислува дека е Фердинанд,Видич или незнам кој.
Нема да играл повеќе за репрезентацијата , голем к*р ако не играш.:tapp::tapp::tapp:
 
Јас би сакал да одигра Седлоски до крај барем на овие квалификации. Сепак, тој е фудбалерот со најмногу настапи за националниот тим и дај боже да се пласираме на СП 2010, па нека се пензионира после тоа. Ако не, нека истера до 100 натпревари (се надевам не е далеку од тоа?), да имаме таков фудбалер, за идните генерации да имаат на што да се угледуваат.
 
Точно! Потполно се сложувам со ова. Потребен е Седлоски во овие натпревари. А треба да му се даде и шанса да изигра 100 натпревари, кога е толку блиску до тоа. На Канаваро во катастрофална форма му се даде таква шанса во италијанската репрезентација, а на Седлоски кој игра добро уште жално е да му се одземе таа можност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom