ГМО - генетски модифицирана храна

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Сега и Википедија не ја бива:)....а ваму одговор за тоа кои сајтови ги бива не можам да добијам за да истражувам...можеби тие претходните во кои се споменува таа докторката Betty ?????...:)
--- надополнето: 3 јануари 2014 во 22:32 ---
http://rationalwiki.org/wiki/NaturalNews
Мало инфо за вашиот омилен сајт за цитирање..:)

Ако за тебе википедиа е релевантен извор, со тебе муабетот завршува тука. Ако не сакаш да погледнеш и да разлисташ по темата за линковите постирани поназад, тоа е твој проблем.
 
Ти ова навистина го мислиш што го напиша?..:)
Ете ја разгледав темата и што најдов?
Ова се релевантни извори ?
http://www.infowars.com/france-confirms-it-will-continue-ban-on-gmo-corn-despite-council-ruling/
http://www.rawstory.com/rs/2013/08/...an-on-monsanto-gmo-corn-despite-court-ruling/
http://www.naturalnews.com/037328_russia_gmo_monsanto.html
http://www.seattleorganicrestaurants.com/vegan-whole-foods/monsantos-gmo-corn-banned-russia/

Овај последниот посебно ми се допаѓа :)

А да не споменувам дека едно минимум 10 пати членови се повикуваат на Википедија, и не видов дека некој изреагирал за нерелевантност.....:)...вклучувајќи те и тебе...:)

Твои зборови:
1. болд: Кои научници?
2 болд: Кои истражувања?
3. болд: тоа не е точно. Прочитај го постот погоре или постот од Lurtz во другата тема.
4. фактите и доказите ти се под носот....
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 11:34 ---
Мојот омилен блогер..проф. Зоран Вујчиќ кој инаку е биохемичар со специјалност во анализа на храната и интеракција меѓу мали молекули и протеини...прочитај ги статиите ако имаш време..има и за сахрозата нешто...:)http://zoran-vujcic.blogspot.com/2013/
 
И тие линкови се порелевантни од википедија:
1. На википедија секој може да пишува секакви глупости, јас и мои другари имаме едитирано страници од википедија само за заебанции.
2. На факултет семинарските кога ги правевме, и на други факултети што сум правел семинарски, линковите од википедија не ги сметаа за релевантни, па моравме да бараме нови референци.
3. http://en.wikipedia.org/wiki/Gotse_Delchev само мал пример за релевантност на википедија.
Ако веќе бараш постови, пушти ги и овие:
http://www.forbes.com/sites/bethhoffman/2013/07/02/gmo-crops-mean-more-herbicide-not-less/
http://www.enveurope.com/content/24/1/24
http://www.gmeducation.org/environment/p149469-gm cotton research claims are misleading.html
http://tempsreel.nouvelobs.com/ogm-le-scandale/
http://www.leparisien.fr/societe/co...que-de-mortalite-accru-19-09-2012-2171449.php
http://www.egyptindependent.com/new...enetically-modified-foods-pose-health-hazards
http://www.nature.com/news/case-studies-a-hard-look-at-gm-crops-1.12907

Сите твои постови се фокусираат на обид за "дискредитација" на изворите кои ги постираат овде членовите кои се во "спротивниот табор". Во сите тие обиди, тотално (свесно или несвесно) ги избегнуваш проблемите во "твојот двор" и не коментираш ништо околу тоа. Самата ЕУ кажува дека има проблеми со корупција и конфликт на интереси во efsa, со имиња и презимиња на раководните луѓе кои се вмешани во конфликтот на интереси. Тоа укажува дека не може да се верува на извештаите на таква организација. Како аналогија само еден пример: Во некоја влада, има корупција, конфликт на интереси во некое министерство(пр. за финансии). Владата сама кажува дека има корупција во тоа министерство. Дали секој нормален човек би верувал на извештаите и одлуките кои ги донесува такво министерство знаејќи дека постојат проблеми во истото? Секој кој би верувал е или неинформиран или идиот.
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 13:13 ---
Го видов делот за аспартамот од блогот кој си ми го пратила. Статијата на господинот се состои од мало цитирање и мал превод на тоа што го пишува во извештајот од efsa. Смешки.
Ако сакаш за шеќерот да дискутираме, повели отвори тема па може и таму да напишеме по нешто :)
 
1. Благодарам што ме просветли за Википедија :)...муабетот беше дека единствено изреагира на една моја реченица земена од таму, а претходно не видов дека нешто ти сметаше во цитирање на Википедија од тебе и твоите истомисленици на оваа тема...:)
2. Во горе наведените сајтови нема ништо за аспартам или многу малку,претежно текстови објавени во гореспоменатите весници
3. Единствено во последниот сајт се споменува италијанската студија со стаорците и аспартамот која баш и не е направена како што треба (иако има и предности во истата), и поради тоа научната јавност ги отфрла нејзините резултати : "But the statistical analysis is "problematic" since it's tough to compare animals that have died at different ages. Nonetheless, the study has a lot of strengths, says Bucher, including the large group of test animals."

4. Како да се води дискусија за наука, ако изворите од кои се црпат податоци немаат кредибилитет ???....не те разбирам... треба да ги отфрлиме сите научни методи, студии, испитувања, анализи работени со години е, а притоа да им веруваме "независните" извори со сомнително потекло и никаква научна поткрепа?....браво o_O
5. Добро, се разбравме...не и веруваш на ЕФСА, јас и верувам (тоа ме прави идиот,така?)...сакаш да ми кажеш дека не веруваш во институциите на системот ? (аналогијата ти е ужасно лоша бидејќи ако почнеме да ги дискутираме министерствата во Македонија, несомнено ќе дојдеме до заклучокот за неверување во извештаите)....боже, штотуку кажа дека пола жители во МКД се идиоти (или неинформирани)...:)
6. А за ова и веруваш на ЕФСА ? http://www.efsa.europa.eu/en/press/news/131212.htm :)

Кога блогот на еден Професор по Биохемија, (кој верувам дека се разбира повеќе и од тебе и од мене и од сите тука учесници во дискусијата во таа проблематика) ти е смешка, јаснo ми е со каков "противник" имам работа....а ако почнам да прашувам кој ии што е по струка од членовите што дискутираат (не е небитно ако се дискутира за одредена научна тема) , кај ќе ни биде крајот....:)...позз:)
 
"Научни методи" кај корумпирани институции не постојат.
Упорно избегнуваш да коментираш за корупцијата во efsa за која зборува и самата EU и пак го избегна (само едниот од многуте) примерот кој ти го дадов со тутнската индустрија (не е директно поврзано со efsa, ама дава пример како функционираат корпорациите и институциите контролирани од нив).
http://cebp.aacrjournals.org/content/16/6/1070.full

Секој што слепо верува во корпорациски истражувања и во истражувања на корумпирани институции е идиот. Ако се пронајде тука тоа е твој проблем.
http://corporateeurope.org/pressreleases/2013/eu-ombudsman-efsa-fails-conflict-interests-p
http://www.corpwatch.org/article.php?list=classt&type=185&class=21&offset=20 (само како reminder)
(+ ова)
http://www.rai-see.org/news/world/2...-amidst-conflict-of-interest-controversy.html
http://www.foodpackagingforum.org/News/NGO-analyzes-EFSA-s-scientific-independence
Аналогијата со министерствата е точно на место и точно кажува дека не може да се верува на некој кој е корумпиран. Инаку да, доволен број во МКД се идиоти или неинформирани, тоа е и повеќе од очигледно, гледајќи го дереџето до кое си ја дотеравме државата.
Јас не ги спорам знаењата на професорот по биохемија, само кажувам за делот за аспартамот кој го прочитав на неговиот блог, дека тој ништо не кажа освен што ископирал мал дел од извештајот на efsa.
 
1. Каде постојат научни методи и што е тоа научен метод?- конкретен одговор
2. Без разлика што можеби има индиции за некаква корупција во ЕФСА, јас на таа институција и верувам и верувам дека тоа ќе се среди (што нели ме прави идиот)....а на кои тоа институции ти веруваш ????- ако можеш да ги наброиш
3. Не знам зошто имаш потреба по 100 пати да ги постираш истите линкови (вклучително и тој за тутунот)...(под)темата е аспартам на форум за ГМО
4. Идиоти или неинформирани....цццц....супер што има луѓе како вас па да не информираат за СЕ и СЕШТО (оти како што можам да забележам ти се "разбираш" во многу теми).....е сега, единствен проблем е што тие информации се собрани од читкање по интернетот од сензационалистички сајтови како NaturalNews a папагалското повторување на едно те исто цело време не ве прави научници од висок ранг или спасители на народот....ве прави crank-ови...:)
5. На кои министерства ти му веруваш во МКД?- ако можеш да ги наброиш
6. Државата е исто така друга тема...:)

И не се пронаоѓам јас така лесно во твоите изјави....впрочем, со тоа само докажуваш дека кога се нема аргументи најлесно е да посегнеш по лични навреди...:)
 
Mислам дека негде прочитав дека си докторка? Ако е така, како една докторка која учела толку време за многу битна професија со која ќе се занимава, не ја загрижува што јаде? Значи не постои НЕЗАВИСНО ИСТРАЖУВАЊЕ што докажува дека ГМО храната е безбедна. А кога се работи за здравјето на луѓето, мора да се докаже дека е 100% безбедно од независни институции. Да не се повторувам со штипсбург сеа и да ставам линкови.

Или и ти си една од овие:

Професорка од земјоделски, 45 минути зборува како не е докажано дека е штетна, а кога ја прашаа неа, пушти на 45:00 и види што одговара.

Имав еден асистент на факс, обожаваше да иде контра уште кога студирав, ми праќа линкови од МОНСАНТО и FDA, како утврдиле дека не е штетно. Шокантно богами!

Остај ја Велков настрана и ја не се согласувам со некои нејзини ставови, ова е сосема друго.
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 18:26 ---
....

И не се пронаоѓам јас така лесно во твоите изјави....впрочем, со тоа само докажуваш дека кога се нема аргументи најлесно е да посегнеш по лични навреди...:)
Kaде се твоите аргументи дека ГМО храната е безбедна?
 
Не знам дали прочита во претходните мои постови, ама еве да повторам уште еднаш....не дискутирам за ГМО од проста причина што не сум ја истражувала таа тема и не сакам како многу други тука само да постирам нешто без везе и да трескам без аргументи...да докторка сум..:)
Се вклучив во дискусијата за аспартам после линкот на Bucio...:)
 
1. Каде постојат научни методи и што е тоа научен метод?- конкретен одговор
2. Без разлика што можеби има индиции за некаква корупција во ЕФСА, јас на таа институција и верувам и верувам дека тоа ќе се среди (што нели ме прави идиот)....а на кои тоа институции ти веруваш ????- ако можеш да ги наброиш
3. Не знам зошто имаш потреба по 100 пати да ги постираш истите линкови (вклучително и тој за тутунот)...(под)темата е аспартам на форум за ГМО
4. Идиоти или неинформирани....цццц....супер што има луѓе како вас па да не информираат за СЕ и СЕШТО (оти како што можам да забележам ти се "разбираш" во многу теми).....е сега, единствен проблем е што тие информации се собрани од читкање по интернетот од сензационалистички сајтови како NaturalNews a папагалското повторување на едно те исто цело време не ве прави научници од висок ранг или спасители на народот....ве прави crank-ови...:)
5. На кои министерства ти му веруваш во МКД?- ако можеш да ги наброиш
6. Државата е исто така друга тема...:)

И не се пронаоѓам јас така лесно во твоите изјави....впрочем, со тоа само докажуваш дека кога се нема аргументи најлесно е да посегнеш по лични навреди...:)

Не сакате да видите работи кои самата ЕУ ги кажува и сосила се правите слепи. Верувала дека корупцијата ќе се среди :pos: Ти очигледно живееш во некоја утопија. Тие линкови ги постирав чисто како пример (еден од многуте: пестициди, инсектициди, хемикалии во исхраната...и тн) да ја увидиш аналогијата како функционираат корпорациите, ама ти си продолжи со старата песна, не сакаш ништо да коментираш околу тоа.
Никаде ниту сум рекол дека сум научник, ниту сум рекол дека сум некаков си спасител, кај не сакаш да одговориш на прашањата за тоа како можеш да веруваш на корумпирани институции, па одозгора нафрлаш етикети од ракав. Папагалското повторување е нешто карактеристично за вас, кои очигледно ништо друго не сакаат да видат освен вести на сител и cnn.
за 5 и 6, како што рековме темата не е тоа овде, ама ако ти со сиот памет што го имаш во главата и веруваш на оваа политика и власт, тогаш извини ама стварно имаш проблем.

п.с јас никаде конкретно и директно не те навредив, ти самата си лепиш етикети. Како што реков, тоа е твој проблем.
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 18:49 ---
Само што прочитав, ти овде не си заради ГМО, тогаш навистина би било добро ако сакаш да отвориш тема еве да речеме за аспартамот, па да можат сите да дискутираат таму, чисто да не бегаме премногу од темава овде.
 
Супер, значи утврдивме дека ни јас ни ти не сме научници ( затоа не ми го одговори 1-то прашање ?)...значи, на кого ќе му веруваме и како ќе знаеме дека напишаното е научно докажана вистина?.. ( со тоа што јас имам огромна предност кога се работи за теми од медицина- вклучително и биохемија, генетика, хемија, исхрана, читање на клинички студии од оваа област и многу други)...исто како што и ти би имал предност ако зборуваме за програмирање, нели?.. у ствари, јас во принцип не се мешам и не дискутирам за теми за кои немам основни познавања..а доктори и генетичари и биохемичари богами по форумиве колку сакаш....google и се е можно..:)
Моја работа е во која" утопија" ќе живеам ( само за твоја голема жал, науката е наука а квази-науката е утопија).....
Вестите на Сител ???? ( како заклучи дека гледам Сител и CNN???)....
Верувам во оваа политика и власт ???....зборуваме за аспартам

Впрочем, познат ми е вашиот став...вие наместо реално и со вистински методи да се борите против неправилностите во општеството, вие одбирате да верувате во
контрадикторни тези и да пропагирате уште поголеми неправилности...не оди
баш така работата....
 
Реалност и вистински методи кај корумпирани организации и корпорации не постојат.
Што да ти кажам, продолжи да им веруваш, само не се надевај дека ќе ги решат проблемите со корупцијата, а каде има корупција и бизнис интереси, не може да има објективни резултати.
Мислам дека отидовме ептен од темава, така да навистина најдобро би било да отвориш теми и за аспартамот и за шеќерот па таму да се продолжи со дискусијата, а оваа тема да ја оставиме на ГМО.
Поздрав
 
На кого ќе му веруваме? Сигурно не на компаниите кои со години пропагираат лаги, на сметка на пари нели. И како што ти кажаа каде што играат улога милијарди евра нема вистински методи.
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 20:41 ---
Не знам дали прочита во претходните мои постови, ама еве да повторам уште еднаш....не дискутирам за ГМО од проста причина што не сум ја истражувала таа тема и не сакам како многу други тука само да постирам нешто без везе и да трескам без аргументи...да докторка сум..:)
Се вклучив во дискусијата за аспартам после линкот на Bucio...:)
Па баш оти си доктор трагично е да немаш познавања за ГМО. Што да ти речам, освен дојди качи се на ПМФ ќе истражиме ние за тебе. Само немој да кажеш дека си доктор пошо ...храна....здравје на човек...а не била запознаена со ГМО. undefined
Кога ќе ја истражиш темата врати се, дотогаш не коментирај, исто како што ја не коментирам за некоја болест, а реално не знам ни како настанува ни како се лекува.
 
Од 45:30 до 45:45 :facepalm:

Не се вршела контрола бидејќи немало потреба од тоа ?

Оваа очигледно не врши контрола на тоа што внесува во устата, особено на дрогите кои ги консумира, во спротивно би имала барем малку памет во главата.

Ако вакви ни ја водат државата, тогаш Бог нека ни е на помош.
 
Реалност и вистински методи кај корумпирани организации и корпорации не постојат.
Што да ти кажам, продолжи да им веруваш, само не се надевај дека ќе ги решат проблемите со корупцијата, а каде има корупција и бизнис интереси, не може да има објективни резултати.
Мислам дека отидовме ептен од темава, така да навистина најдобро би било да отвориш теми и за аспартамот и за шеќерот па таму да се продолжи со дискусијата, а оваа тема да ја оставиме на ГМО.
Поздрав
Поздрав....;)
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 23:27 ---
На кого ќе му веруваме? Сигурно не на компаниите кои со години пропагираат лаги, на сметка на пари нели. И како што ти кажаа каде што играат улога милијарди евра нема вистински методи.
--- надополнето: 4 јануари 2014 во 20:41 ---

Па баш оти си доктор трагично е да немаш познавања за ГМО. Што да ти речам, освен дојди качи се на ПМФ ќе истражиме ние за тебе. Само немој да кажеш дека си доктор пошо ...храна....здравје на човек...а не била запознаена со ГМО. undefined
Кога ќе ја истражиш темата врати се, дотогаш не коментирај, исто како што ја не коментирам за некоја болест, а реално не знам ни како настанува ни како се лекува.
Веројатно кога ќе созрееш малку повеќе, ќе сфатиш дека не е трагично ако некој не сака да се вклучи во дискусија на форум или било каде ( а не реков дека немам познавања) поради недоволно истражена тема...напротив, тоа е доблест...
Ај сега прочитај што си напишал и утврди си ја контрадикторноста...:)....да ти помогнам ?:)....
Ти кажа :" исто како јас што не коментирам за некоја болест а реално не знам ни како настанува ни како се лекува"..
Што е темата извини??? ГМО е штетна по здравјето на луѓето оти има ефект на подмладување?? :D....или дека предизвикува некоја болест?????:D....ами ти нели не знаеше како настанува некоја болест ?!?:)....ама за ГМО и болестите си експерт, така?:)
Коментиравме со Stipsburg за аспартам кој како линк го постави некој друг и тоа заврши....а не знам во која функција си ти на форумов за да кажуваш до кога не треба да коментирам????.....затоа без нервози...:)
 
Снежно ние НЕ ги напаѓаме докторите (иако во МКД 50% треба да се избркаат од работа) туку системот според кој работат, јасно ни е дека ако кажете против ќе бидете избркани и казнети ама па до толку слепо да верувате во тој систем и тоа не иде. Во минатото има случаеви каде познати и признаени доктори си ја завршиле домашната и резултатите и ги презентирале на јавноста. Последиците од тоа за нив биле негативни.

Побарај на нет книгата од dr.John Tilden - Toxemia Explained па ќе видиш колку храната влијае кај здравјето на луѓето.имаш и од познат dr. Weston A. Price - Nutrition and Physical Degeneration да видиш дали Шеќерот и Брашното се здрави за нас. Цел свет го прошетал и истражувал. Неговите сознанија за мене се доволни да се одлучам.

Битката против ГМО и останати глупости е одамна изгубена и тоа не поради Монсанто и остала компанија , туку поради самите себеси и нашите избори кои ги правиме секојдневно. Ама се надевам дека сме мала држава па ќе ни остават некој си избор
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom