Глупавост

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Глуп чоек според мене е тип(почесто типка, без навреда..:)), шо не се спуштат или креват на она интелектуално ниво на кое е околината (не дрва, коли, улица, тротоар, згради, куќи и така натака).
 
Како ги познавам неинтелегентните луѓе?
Глупавите луѓе најчесто се замараат со мислењето на другите, размислуваат плитко, крајно пресигурни се во она што го прават или пак крајно несигурни, неизбалансирани им се емоциите, имале 4 математика у основно и сл.
 
Според мене глуп човек е оној кој мисли дека знае се а уствари нема појма од живот, кога во средина на муабет ке каже нешто без врска само колу да отвори уста, кога му е побитно другото мислење отколку сопственото...итн.
 
Па бидејки ги утврдија границите на вселената, глупавоста е единствено нешто што е безгранично.

Што би представувало? Незнам, најчесто на некој неснаодлив знаеме да му кажеме дека е глуп.
 
Глупавост е кога женско зборува а машкото и буља во деколте...
 
Многу различни гледишта имаме сите ние за поимот глупавост.Се гледа и од постовите.
Мислам дека во моментот кога ќе се унифицира една и единствена спротивност на овој феномен,сите ние ќе имаме заеднички став.
Значи,спротивно за дебел е слаб.Спротивно за висок е низок.
Што е спротивно на глупавоста?
Паметноста?
Интелегенцијата?
Снаодливоста?
Сосем различни поими се овие,сите ние сме сведоци дека постојат паметни и интелегентни луѓе кои едноставно не се снаодливи.Дали се они (не)глупави?

Глупавоста неможе да се едначи со физички или донекаде и психички недостаток.Не можеме нели,сите ние да бидеме богати,сакани,успешни и идеализирани(Иако сите ние се стремиме баш кон тоа).

Затоа и напишав претходно,дека глупав човек е оној кој не сака да си ги прифати сопствените перформанси и да си го најде своето место во општеството.
Многу луѓе не можат да се помират со фактот дека нема да завршат факултет со 10.00,или нема да заиграат за Репрезентацијата,или нема да ја оженат најубавата девојка во градот...тие луѓе се глупави според мене.
 
паа....оние кои што упорно грешат не си учат од грешките и упорно им ги отвараш очите а тие велат не...не знам зошто така...имаше неколку поста погоре напишано никој за себе не е глуп изгледа до то е работата...не знам како можи да вреѓаш да повредуваш да се глупираш а потоа кога ке ти спомнат викаш абе не сакав...значи можи еднаш да било на несакање или два пати ама секогаш...мало морген..едноставно за мене глупи се луѓе шо не си учат од грешките....а за изгледот мислам дека нема врска со глупавоста....не се цени така...
 
Не постогај глупави луѓе, освен оние со психички недостатоци... Дури
и нив да ги наречеме глупави е бездушно. Постојат само не доволно
паметни луѓе односно ограничени, неизживеани и сл. Тоа шо знаат
малку за светот околу нив, ги прави да изгледаат глупаво!
 
Убаво кажаа на почетокот на темава дека глупавоста е релативна работа и варира од способноста на поединците т.е капацитетот на глупавост на истите која честопати е директно оценлива според нивните гестикулации а најчесто понеспособноста сам да се размислува и разговара како што треба, без беспотребно повторување на една иста работа и постојано давење на соговорникот за банални работи.
 
За да си „паметен“ се што треба е само да читаш книги! Јас така мислам....
Дека тоа е само начинот на којшто некој зборува или работите што ги знае...
Ама има повише тука. Памет е интелигенција... како што кажав, само оние со ментални недостатоци се неинтелегентни и може да се наречат глупави, ама треба да си чудовиште такво нешто да направиш!
 
За да си „паметен“ се што треба е само да читаш книги! Јас така мислам....

:nenene: Јас не мислам така .... со читање книги не се станува паметен, со читање само се надоградува сопствениот речник и ако некој е глупав со читање книги мислам оти не може да ја победи глупавоста. Глуп човек си е глуп, и на 5 факултети да дипломира исто му се фаќа. :salut:
 
Глупавоста нема многу врска со образованието иако образованите глупаци се подобро закамуфлирани и потешко се провалуваат оти имаат изградени соодветни камелеонски механизми(пр."С`г су скупе паре, с`г е оскудација:pos2:).
Ако појдеме од најопштата дефиниција дека интелегенција е способност брзо да се усвојуваат и применуваат нови знаења и вештини, тогаш глупавоста, спротивно на ова, е тешко усвојување и невешто применување на знаења и вештини. Сепак, не е толку едноставно.Кај луѓето се разликуваат седум основни типа интелегенција, па може да се случи човек да е потпросечен во една, а натпросечен во друга област.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom