Glamour

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Не, не мислам на Glamour магазинот :)
Сакам да знам што претставува гламурот за вас, која е првата слика што ви доаѓа во глава кога ќе го чуете овој збор? Дали сеуште постои гламурот? Дали сте вие гламурозни или пак на која личност која живее гламурозно се огледувате?
Ако ви е полесно претставете преку слики :helou:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Гламурот за мене е начин на живот. Ние барем тука во Македонија не можеме да живееме гламурозно. Тоа го има на западот. Или поточно за гламур треба пари, ние тука за тој начин на живот ги немаме, а и немаме околности за гламурозен живот.
Внимавање максимално на изгледот и убавината, облекување по најнова мода со скапи дизајнерски парчиња, секогаш стокмени и ин, присутни на многу манифестации и со одличен изглед на црвениот тепих, дружба со оние од високите кругови итн.

Taка не знам некој што живее гламурозно кај нас. Македонскиот гламур е на ниско ниво. Има девојки и момци кои се облекуваат убаво, кои се елегантни и кои внимаваат на себе, се познати пред се фаци низ градовиве, но тоа е далеку од вистински гламур. Тие се само шемата низ градов и државава :icon_lol:
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.515
Поени од реакции
33.686
Претставува ноќен клуб во Ср. Океј, пропаѓа.
Гламурозно во глобала се татовите богати шмизлички, кои имаат доволно пари да си платат асален дизајнер што би ги направил да изгледаат фенси и барем малце со стил. Ако се самите на себе би изгледале ко курви.
Гламур во Македонија.. Непознат термин. Ги немаме финансиските предности.
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Гламурот за мене е начин на живот.
Да,и за мене е начин на живот.Прва асоцијација за гламур ми е раскош и богатство,но не секој што има многу пари живее гламурозно.Мислам дека треба да си класа за да живееш така,бидејќи тоа подразбира движење во одредени кругови,дистанцирање од "помалку гламурозните",треба целото опкружување да ти биде гламурозно..

Со оглед на тоа што тука ниту имаме доволно стандард,а уште помалку улови за гламур,мислам дека нема некој гламур во Македонија.Можеби и има неколку што можат на прсти да се избројат кои се приближуваат до она што би можело да се нарече гламурозен живот,но и нивниот гламур е заматен и извалкан од негламурозноста на средина во која живеат.
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Гилмор ми се прочита давебам.
Гламур кај нас? За жал погрешно сфатен и искористен термин кај нас. Светкање во ноќта, дефинитивно не е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom