Bas taka.
Mislev vo 2022 nema da ima veke orange bad man vicovi, no eve sme.
Најверојатно се плашат дека ќе се кандидира пак во 2024, ќе немаат со каква параноја да му ја загрозат евентуалната кандидатура. Короната и смртта на Џорџ Флојд ја искористија до максимум за изборите во 2020, во меѓувреме претседател им стана човек кој не знае на која планета се наоѓа, а немаат ни поасален кандидат.
Кратко резиме на филмов:
-претседателката е игнорантен себичен идиот на кој не му гајле за ништо освен личниот профит (Трамп);
-Џона Хил е игнорантен неспособњак кој е вработен само затоа што е мамино синче (Иванка);
-партијата и симпатизерите се Републиканци;
-CEOто на BASH со гласчето и фризурата е Џордан
Питерсон. (суптилност not found)
;
-на крајот мислам дека беа опфатени и Фокс и Такер.
Најголема иронија во филмов ми е што е прикажано дека научниците се игнорирани од јавноста, дека никој не ги слуша што зборуваат и предупредуваат за климатските промени (за тоа беше филмов). Па баш од таквите како Леонардо Ди Каприо и Грета Тумберг научниците не можат да дојдат до збор, целиот медумски простор им го имаат окупирано. Еден научник не сум слушнал со име и презиме јавно да може да елаболира за проблемот со климатските промени кои се реални и опасни. Цело време слушаме за Грета Тумберг, Бил Гејц, загрижениот Ди Каприо што патува со својот приватен авион каде што ќе му текне и други познати пејачи и актери со завршено средно вечерно школо.
Друго, гледам низ нетов дека мноогу голема мистерија е тоа што генералот им наплатил 40 долари за бесплатни грицки и значењето на тоа, па да ви каже чичо Тајлер и за тоа. Метафора е за healthcare, бидејќи во моментов е тренди бели мултимилионери кои работат за мултимилијадерски корпорации да се борат за еднаквост и да глумат социјалисти.
Иначе филмов не е воук, туку класична платена политичка пропаганда какви што ги гледаме од сдсдпмне на избори, а тоа што е направен една година откако Трамп не е претседател на САД и прашање е дали воопшто пак би се кандидирал на избори е next level шизофренија.