И мене се уште ме мачи прашањето, Џени... Најјако беше што му наплати 20-ка на Теди, му рече "немам ситно"
Инаку републиканците јадат ќотек во сите филмови па не знам што би било различно во овој.
Мерил Стрип е Доналд Трамп
Џона Хил е или Иванка или син му на Трамп.
Don't Look Up е Lock Her Up.
Кометата е пандемијата или глобалното затоплување или што и да е друго што ги дели Америте на два табори.
Црвените капчиња, тоа што Џона Хил ги нарече Rednecks кога го гаѓаа со шише и тоа што републиканскиот сенатор им зборуваше за милион имигранти од Чиле, сето тоа е јасно, појасно да не може да биде. Воопшто не се обиделе да скријат ништо,
Тоа беше политичкиот дел.
Од останатото, медиумите беа испердашени без агенда. Дејли рип шоуто кое ги претставува сите други talk show програми, беше разобличено и уништено во поим. Корупцијата, поставувањето идиоти и полтрони на клучни позиции (НАСА), билионери донатори кои се мешаат и одлучуваат за се, претседател кој им се покорува, сето тоа прикажано како што треба. Отпуштањето и оцрнувањето научници кога ќе ја прозборат вистината која не им одговара на политичарите, spot on. Приоритетите на обичниот човек, особено на младите, на кои поважни им се celebrity news, кој со кого раскинал, отколку било каква сериозна вест која треба ги засега (не се замарам брат јас...). Социјалните мрежи кои собираат податоци до степен да знаат повеќе за нас од нас самите (You will be killed by brontorec)
Теоретичарите на (сулуди) заговори од типот на Рамна Земја (He is a porn actor или како и да беше тоа за Лео). Исмевање со FBI и нивните методи и со фактот дека им се подредени на најобични идиоти во Белата Куќа итн итн...
Така да, имаше од се по нешто. Јас лично сум против целото woke лудило но овој филм не беше толку woke колку што беше политички определен. Фамилија Марковски беше повеќе woke од ова. Во филмов освен диверзитетот на кој сме навикнале (кој е единствена причина што оној јадникон од Yesterday добива улоги, немаат друг Индиец) немаше ништо посебно. Не би рекол дека Џени е woke, she just doesn't give a shit, можно е ова да е единствена улога во која ми се допаднала. Unless you assholes are taking me to the Batcave, fuck you for putting this hood on me!
@Zlatikevichius, овој ти е филм за во темите за дебата, мал милион работи има за дискусија и плус за разлика од Power of the dog и слични филмови во кои апсолутно ништо не се случува, овој е забавен.