ГИВГИЛИЈА

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Ajde sefte da si mavnam na Topic-ov!:)

Ahhh Gevgeliya...grad sho najvishe go sakam u zadnje vreme.. :love1:
Mnogu emotivno sum vrzana nataka pa zatoa.. :wink:
Naj po-najbolji grad..so ushte najponajbolji luge....Gevgelichkiot akcenAt mi e slaba tacka isto taka :0
Mnogu vi e dobra fintava so Palmite...hahahaaa...ZAKON!!
Isto taka voodushevuva faktot deka Gevgeliya izobiluva so TRANCE Dj-i..RESPECT! Dobra kultura u toj plan si ima razvieno gradot...
btw. ima strashno dobri momci :)

Pozzz...
 
Некогаш познат како град во кој цвета земјоделието, сега Гевгелија се претвори во град на конфекција и на казина. Во некогашните стари фабрики сега се произведува гардероба која се извезува, а во казината најчести гости се Грци.

Но не само таму и во бутиците, во кафулиња, пазарџиите, сите чекаат пари од Грците.

„Претежно од Грција доаѓаат туристи, од други места слабо. Тие го прават прометот, ако не се тие, за никаде сме. Четврток кога е пазар доаѓаат, ама и тие многу се ценкаат, си го ценат еврото многу“, изјавија гевгеличани.

Ноќите им припаѓаат на казината. Од граница до градот со комбиња и такси возила се носат богати Грци.

„Ако не е границата, за никаде“, вели таксист.

На само неколку метри од границата се гради ново ексклузивно казино. Досега се вложени 20 милиони евра странски капитал.

„Од причини што грчката граница е единствена граница на Македонија со ЕУ, размислуваме малку понапред и во иднина, кога Македонија ќе влезе ЕУ, ќе бидеме чекор пред другите“, рече Антон Егер, хотел менаџер.

„Ќе бидеме први каде што ќе се одредуваат стандардите на ЕУ и ќе се создава позитивна атмосфера за развој на локалната економија“, додаде Егер.

Гевгеличани велат дека имаат среќа што живеат блиску до границата. Тоа за нив, за разлика од другите градови во Македонија, значи дека имаат избор.

„Ние сме музичари, одиме на свирење, свадба имаме денес. Скоро секоја недела јас сум во Грција, има работа. Поголем дел од младите одат за Грција, не е страшно“, изјавија граѓани на Гевгелија.

Младите се снаоѓаат, но најтешко е за повозрасните - фабриките се затворија, а тие останаа без работа.

„Фабриките тешко работат, на приватно повеќе луѓето се снаоѓаат. Нема, лошо. Тука е граница, добро е, не е лошо“, велат гевгеличани.

Три километри од граница, но илјадници од Европа. Така е во Гевгелија.

Во градот, кој е порта кон Унијата, се живее скромно и далеку од европски. На чекор од Европа, но многу далеку од европските стандарди.

„Ние далеку сме од Европа, може некој само да фантазира, ама од Европа сме далеку можеби едно 100 години, каква Европа“, изјави еден жител на Гевгелија.
 
gvgnok.jpg

Gordinia2.jpg

hasis2.jpg
 
МАГИЈАТА НА КОЦКАТА ГО ДОПРЕ ЈУГОТ НА ЗЕМЈАТА

Гевгелија - македонски Лас Вегас

ПОСТОЈНИТЕ КАЗИНА “АПОЛОНИЈА КЛУБ", “ХИТ ИНТЕРНАЦИОНАЛ" И “АТЛАНТИК" НАСКОРО ЌЕ ДОБИЈАТ КОНКУРЕНЦИЈА

787656933200596204351.jpg


Во Гевгелиско виреат домати и пиперки. Но во последно време виреат и казина. И по се изгледа ќе ги има уште повеќе бидејќи се подоходовни. А и зошто да не. Ако Американците можеа во пустината Невада да направат чудо со Лас Вегас, ако целата држава Монтекарло живее од казина, зошто и ние да не ја искористиме местоположбата која ја има нашиот најјужен град и секако заинтересираноста и желбата, пред се на Грците да си ја испробаат среќата на коцка. Но за разлика од споменатите градови кои одлично живеат од комарот, а оваа “индустрија” многу придонесува и за економиите на самите земји, кај нас за казината се уште никој не сака да зборува. Не се знае точно кои се газдите, тоа се шведски, австриски, германски или какви не фирми или капитал, нема шанси да се влезе во нив и да се слика дури ни кога се празни и секаде на влезовите стојат силни момци, задолжително облечени во црно, кои не дозволуваат неовластено приближување. А оние кои раководат со нив, дење ги нема. Тие тогаш спијат, бидејќи ноќе работат. А дека Гевгелија, за која велат дека е рамна како тепсија и дека има една улица од станица до граница, полека станува коцкарски град се забележува веќе по самото минување на македонско-грчката граница. Прво што патниците кои од граничниот премин Богородица влегуваат во Македонија ги пречекува е билбордот со реклама на казиното “Аполониа клуб". А веднаш потоа ќе го видат огромното и преубаво здание на казиното “Фламинго", кое се најавува дека многу скоро ќе почне да работи.

787656933200596204402.jpg


Казиното “Аполониа", сместено во хотелот “Југо" во центарот на Гевгелија е најстаро и постои уште од времето кога бевме дел од Југославија. Таму е извршена една од првите приватизации во земјава, во времето на Анте Марковиќ, и денес е сопственост, како што се кажува, на извесна Шведска фирма.

787656933200596204411.jpg


Хотелот е убаво уреден, со четириесетина соби кои се наменети пред се за клиентите кои доаѓаат во казиното. Најмногу има Грци, млади и стари, жени во поодминати години кои имаат пари и сакаат провод. А во последно време има и Холанѓани. На онаа “обичната” клиентела може да и се случи да не најде слободна соба во најубавиот хотел во градот. Меѓутоа, ова казино многу брзо ќе добие сериозна конкуренција во казиното “Фламинго", кое се наоѓа веднаш на излезот од граничниот премин Богородица. Како некој успеал на таа локација да добие право да гради толкав објект е прашање кое веднаш се наметнува. Но официјално на преминот велат дека, наводно, не бил во граничниот појас и дека се работи за земјиште купено од приватни лица. Дури се кажува дека за уште едно мало делче кое сопствениците сакаат да го купат за да го оформат паркот сега им се бараат 120.000 евра. И повторно во сферата на шпекулациите е кој е сопственик на “Фламинго". Имало австриско-германски капитал, но неофицијално се зборува дека вистински газда бил Србин кој имал фирма во Австрија. Оние што имаат бизнис на преминот зборуваат дека отворањето е одложено затоа што дошол газдата и прво не му се допаднало како се направени собите - му биле многу еднолични. Па се додавале удубленија, се ставало специјално осветлување. Потоа повторно дошол и не му се допаднал мебелот, па и тука се се менувало. Колку соби ќе има не се знае, но се зборува дека ќе има и базени, фитнес-центри и други содржини кои на клинтите ќе им овоможат, покрај коцкањето и пријатен престој. Луѓето зборуваат дека брзо “Фламинго" ќе добие конкуренција. Наводно, од спротива некој Турчин ќе градел уште поголем и поубав објект и повторно со казино. И се фалел дека ако во “Фламинго" има најави дека ќе се вработат 300 до 350 луѓе, тој ќе вработел 500. Гевгеличани со нетрпение очекуваат да видат дали таа најава, како и неколку други, ќе се остварат. Зашто, општината ќе живне и ќе има нови вработувања. Во градот се зборува дека целото ритче од десната страна на граничниот премин (кон Македонија), па се до Прдејци, што е на 8 километри од Гевгелија, е купено и тоа по цена од 40.000 до 50.000 евра за декар. Некогаш таа земја чинела не повеќе од 15 евра за декар. Има најави дека “Лукоил" ќе отворел две бензински пумпи, “Меркатор" ќе правел голем трговски центар и пумпа, а и уште некои други.

787656933200596204441.jpg


Кога ќе се одмине “Фламинго", има уште едно казино кое чека да проработи. Засега има назив “Казино-базен", бидејќи е веднаш до базените кои ги користат гевгеличани и кои местото го викаат Фатаморгана. Симпатично ниско здание, во пембе боја, веројатно ќе побуди внимание. Во овој регион има уште две казина, на влезот и излезот од Дојран. На првото, “Атлантик" кое е преправено од некогашно одморалиште, не се знае на кого му припаѓа. Било со странски капитал. Момците кои стојат на влезот ќе ве информираат да дојдете навечер и да се обидете со некој надлежен да разговарате. Второто, во хотелот “Мрдаја" е на словенечка фирма ХИТ.

787656933200596204428.jpg


Хотелот е ист како и порано, бидејќи во него не е влезен странски капитал. Откако помина сезоната сега е веќе празен. Вработените велат дека речиси единствените гости им се оние кои доаѓаат во посета на казиното. И очекуваат од некого да дознаат што ќе се случува со нив во иднина. Би сакале да можат да ги имаат условите кои, на пример ги има хотелот “Југо". Таму, се зборува, сите вработени биле добро платени. А можеби и ќе добијат странски газди. Зашто, дефинитивно, гевлелиско - дојранскиот регион и неговата близина до границата со Грција допрва ќе стануваат интересни за странските инвестиции.
 
Givgilija

Mora da spomneme i nesto novo za nasata Givgilija: ke se otvaraat uste dve novi kazina i spored mene ovoj grad e mal Las Vegas. Sekoja cest, bidejki ke ima mnogu rabotni mesta za mladite. Slusnav i deka dobro se plateni. Vo sekoj slucaj, prekrasen grad :D
 
Во Ѓевѓелија го имаф најголемото повраќање од алкохол во мојот живот :pos: :pos: :pos: :pos: беф на гости кај другар од средно, во втора или трета, не ми текнува, и излегнафме вонка у еден кафич мислам дека се викаше Гранит ама не сум сигурен, одамна беше. Се сеќавам дека беше недела и дека чаша бамбус чинеше 10 денари. Наредниот ден кога ми раскжување другарот, а и си ги гледаф алиштата мои и негови од претходната вечер ми беше многу срам, ама дете, од кај да знам дека алкохолот е штетен :wink:
 
А Џевџели иија граТ је или?!!! ја цело време си мислам дека е само царинска зона, онака, кој работи у царина, живее таму?!! :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Garfield напиша:
А Џевџели иија граТ је или?!!! ја цело време си мислам дека е само царинска зона, онака, кој работи у царина, живее таму?!! :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:


Bre, bre, bre, sto kaza.
Toa se vika, " Zini zemjo, g'tni go" !!!
 
...И, сигурно тука треба да се додадат и прекрасните ресторани Елени, Мандра, Боко, пицеријата Бакарди, и незаборавниот и неодминлив Јавор на само неколку километри од Гевгелија.


----------
ama si zabravil da ja spomnis i picerijata "Eldorado"...
ima super ambient,super pici...a so e najvazno,locirana e odma sproti baba mi,taka da koga i da sum vo gvg(skoro sekoj vikend),
nemozam da si odam bez da apnum barem parce pizza :)
pozdravcee
 
Гевгеличани, скоро сите кои до сега сум ги запознал се супер луѓе со понекои исклучоци. Градот баш не ми се допаѓа, не заради нешто друго туку затоа што никогаш не сум сакал рамничарски места. Добро е што е поблиску до Солун и Дојран одколку до Скопје, тоа е според мене огромна предност. И мило ми е што е еден навистина битен стопански, сообраќаен и земјоделски центар во нашата држава.
 
За Гевгелија можам да зборам многу, секој летен и зимски распуст сум таму и има доста журки низ сите дискотеки.
Cool се: Fashion, Devil, Avata Bluestar итн...
Има многу фер луѓе и секој одмор го поминувам супер кога сум таму! :)
 
За Гевгелија

Старите хроники велат дека одовде некогаш поминувала Вардарската магистрала, крак од патот Виа Игнација. Околу овој пат нашите прадедовци изградиле град. Тргувале со богатите каравани, се приклучиле кон богатите пазари и станале дел од големите пристаништа за да спечалатазно за себе и за нас, нивните потомци. На нас се тие патишта да ги обновиме, од нашата Гевгелија да направиме излез кон светските пристаништа. За нас и нашите потомци.

gevgelija1.jpg


Гевгелија се наоѓа на најужната точка во Р. Македонија. Распослана е на површина од 3175км квадратни, меѓу планинските врвови на Кожуф и Пајак Планина. Гевгелиската општина преставува дом на околу 20.000 жители од кој најголемиот број живее во општинскиот центар Гевгелија, лоциран на десното крајбрежје на реката Вардар, на надморска височина од 64 метри. Останатите жители ѓивеат во околните 11 населени места. Оваа медитеранско подрачје од секогаш представувало значајна крстосница за патниците и стоката кои патувале од Европа кон Блискиот Исток или обратно. Со изградба на железничката пруга Скопје-Гевгелија-Солун во 1873 година и на автопатот Скопје-Гевгелија, таа стана значаен транзитен коридор. Гевгелија се наоѓа на само 70км од Солун, а на 165км од Скопје, главниот град на Р. Македонија. Токму поради значакните сообраќајници тука се вкрстуваат патиштата од себер и југ, така што Гевгелија представува Европска порта за сите оние кои тргнале на север.

gr_a321.jpg


.Античките автори забележале дека долж Вардарската долина, во непосредна близина на Македонската престолнина Пела, постојат повеќе антички градови. Во локалитетот Вардарски Рид, крај Гевгелија, отркиена е античка населба во чие седиште се наоѓа импозантна јавна градба, еден вид стона или градско собиралиште. Во посебни простории се откриени огромни садови за жито, вино или мед, чаши со македонски штит-симбол на македонската кралска куќа, садови за миризливи масла, теракотни фигури и други раритети од класичниот и хелинистичкиот период. Археолозите од Музејот на Р. Македонија, Народниот музеј во Гевгелија и Тексашката фондација за историски археолошки истражувања од Хјустон, САД, кои го истражуваат археолошкиот локалитет на Вардарски Рид, дополнително треба да утврдат дали се работи за античката населба Гординија или Аталанта.

location01-1.jpg


Кај некогашната античка населба Гординија или Аталанта, минувале бројни каравани. Денес крај Гевгелија минува јужниот коридор низ кој секојдневно се одвива патен и железнички транспорт на луѓе и стока. Со изградбата на железничката пруга Скопје-Гевгелија-Солун и на автопатот Скопје-Гевгелија, градот стана значаен транзитен коридор. Годишно во просек преку Македонско-Грчката граница, односно крај Гевгелија минуваат 3,8 милиони патници. Најголемиот број од нив минува преку патниот граничен премин Богородица-Евзони, а делумно преку граничниот премин Гевгелија-Идомени. Само преку автопатот Е-75 годишно поминуваат просечно 1 милион возила, поради што делницата од Гевгелија до Македонско-Грчката граница, представува транзитен коридор. Овде годишно минуваат 780.000 патнички, 158.000 товарни возила и над 16.000 автобуси. Поради сообраќајната фрекфренција, јужниот транзите коридор е опремен со бензински пумпи, авто-сервиси, поштенски, банкарски, шпедитерски и други услужни пунктови, како и мотел и угостителски објекти. На самиот граничен премин Богородица, се наоѓа царинскиот терминал, каде покрај царинските услуги се врши и складирање на стока во покриени складишен и деловен простор.

gevgelija.gif

 
(продолжение)

Кожуф Планина, чиј највисок врв е Зелен Бег, се наоѓа на 2.180м надморска височина, представува природна граница меѓу медитеранската и континенталната клима. Додека пак дебелите почвени пластови, настанати по повлекувањето на Палеогоното Море, овозможиле овде да се простира зелена граница. Поточно, плодното поле на 4.200 хектари, над кое се издигаат шумовите планински предели на кои одпаѓаат дури 20.524 хектари од вкупната територија на општината. Годишните температури изнесуваат 25 степени целзиусови, бидејки средната јануарска температура е над 5 степени целзиусови, а средната јулска над 28 степени. Безмразниот период од 240 денови во годината, главно сончеви, овозможуваат подолг вегетационен период, а изобилството на природни водотеци обезбедува планинска и чиста вода за пиење. Шумските предели на Кожуф Планина, богати со букова, дабова и борова шума, изобилуваат со шумски плодови и печурки, а представуваат и дом за богат и разновиден дивеч. Оваа поднебје ги има сите услови за бањски, планински, транзитен и езерски туризам. Ваквите погодности се искористени за развој на туризмот со изградба на соодветна туристичка инфраструктура и капацитети, кои им овозможуваат на голем број гости преку целата година да се одмараат, лекуваат и рекреираат.

Kozuf-1-2.jpg


На почетокот на 18-от век, од Божиќ до Водици, во центарот на градот се собирале руселиските дружини, кои по звуците на зурлите го изведувале традиционалното Руселиско Оро. Одбрани момчиња на возраст од 20-40 години, обелечени во руселиска облека низ игра го демонстрирале цвоето витештво. Руселиското оро сеуште се игра во Гевгелија, благодарејки на момчињата од фолклорната група при КУД "Јосиф Јосифовски, кои играта на своите прадедовци ја презентираат и на бројните концерти во странство. Првите театарски представи во Гевгелија биле одржани во 1908 година ,а 4 децении подоцна изграден е првиот театар. Градската библиотека "Гоце Делчев" денес располага со преку 70.000 книги. Музичката традиција на познатите гевгелиски серенади ја пренесуваат учениците во музичкото училиште "Васо Карјанов", како и меѓународниот детски фестивал "Калинка". Ликовното творештво, од година во година се збогатува со меѓународната графичка колонија "Гевгелија" и меѓународната ликовна колонија "Дојрана". Покрај богатата културна традиција, Гевгелија ја негува и спортската, преку унапредување на популарните спортови, но и омасовување на физичката култура.

Уште од средината на минатиот век, Гевгелија ги привлекувала богатите трговци од Европа, заради откуп на кожурците од свилена буба, но и заради разновидниот зеленчук, црвеното и бело грозје, лубениците, калинките, смоквите. Бо 1898 година во Гевгелија е изградена фабрика за точење на свилен конец, а 10 години подоцна и фабриката за обработка на тутун. Свилената буба одамна исчезна од овие простори, но затоа останаа доматите и другиот ран зеленчук. Во специјално изградени стаклени бавчи се одгледуваат домати и краставици, кои во зимскиот период се затоплуваат со геотермални води. Истовремено никнуваат пластеници, во кои според најсовремена еко-технологија се произведува свеж и здрав зеленчук преку целата година. Крај зеленчуковите и лозовите насади се изградени најсовремени преработувачки капацитети. Конзервната ф-ка, Винарската визба, Фабриката за безалкохолни пијалоци, пекарско-мелнички капацитети, Живинарска фарма за производство на еко-јајца и погони за високо квалитетни млечни производи. Ориентацијата на поднебјето кон производството на еколошки здрава храна го диктира стопанскиот развој. Гевгелиската општина располага со капацитети за лесна конфекција, металопреработувачки капацитети, фабрика за производство на цевки за домашна инсталација и водостопански системи. Најголемиот дел од земјоделскиот род и сточарските производи се наменети за македонскиот и странскиот пазар. Трговските контакти со Солун придонесоа трговската размена со соседна Грција да добие нови димензии. Во последно време се интезивира структурата на размена на стоки на планот на земјоделството, производството на здрава храна, текстилната индустрија и сообраќајот.

Sewing.jpg


Отвореноста на Гевгелија кон север и југ е во тесна врска со нејзиниот развој, бидејки шансите на оваа поднебје и можностите за оплодување на вложениот капитал се многу пореални. Патиштата и железничката комуникација, сообраќајната фрекфренција и отвореност на јужниот транзитен коридор, овозможува развој на цела мрежа од услужни пунктови. Слободната економска и трговска зона според предвидувањата, треба да обезбеди целосна ревитализација на овој регион. Вратите за соработка и заедниќко вложување се отворени и во преработувачките капацитети. Конзервната ф-ка ЗОРА, чуј капацитет е преработка на 10.000 тони земјоделски производи, Винарската визба со капацитет на преработка на 8.000 тони грозје, Разладните Капацитети за складирање на 18.000 тони производи, како и Живинарската фарма. Секако и инсталираните и модерно опремени капацитети и подигнатите оранжерии за пластеници за производство на ран зеленчук.

File0015_11.jpg


 
Август 2004 :cry:

Ама ќе дојдам пак скоро :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom