... да го спомнеме докторот- Човекот кој ја сакаше Гевгелија. И Гевгелија го сакаше. Вечна слава.

... на денешен ден 22 фебруари- пред 112 години бил роден доктор Александар Сингер, легендата на гевгелиското здравство, постарите гевгеличани го паметат „народниот лекар“, педијатар, гинеколог и акушер зошто тој целиот свој живот го посвети на својот лекарски повик, бдеејќи над животот и здравјето на своите сограѓани, иако не бил роден гевгеличанец, со своето полувековно живеење во Гевгелија, остави силен печат а луѓето го прифатиле како свој роден сограѓанин.
... роден бил на 22 февруари 1914 година во Сента, Војводина, Србија, во средно имотна еврејска фамилија, основно училиште завршил во Сента, а гимназија во Суботица, студирал на Медицинскиот факултет во Белград каде и дипломирал во 1939, во 1941 година, како воен лекар бил заробен и бил депортиран во германнски логор каде полни четири години ја минувал голготата на својот живот, до крајот на војната.
... во 1945 година по свое барање др.Сингер дошол во Гевгелија, каде започнал неговиот вистински живот заедно со гевгеличани како негови сограѓани, пријатели и пациенти, тој истовремено бил и педијатар, и гинеколог и акушер и затоа го добил прекарот „народен лекар„

Др Сингер дал голем допринос во изградбата и развојот на Медицинскиот центар во Гевгелија.

... на почетокот, Сингер работел во примитивни услови со 20 болнички кревети, но лечел и подалеку одејќи пеш четири часа за да стигне во Валандово за да спаси човечки живот, ги вакцинирал сите деца а со маларијата успеал сам да се справи, па за своите залагања и заслуги, др Сингер добил повеќе одликувања и заслуги за народ , пофалби и благодарници, но сепак најмила му била 7ми Ноемвриска награда од општина Гевгелија.
... покрај лекарската пракса, др. Сингер бил активен шахист, тој бил основач на шаховскиот клуб во Гевгелија и успеал во Гевгелија да ги донесе познатите шаховски велемајстори Глигориќ, Спаски, Гелер, Ивков.

Др. Александар Сингер починал на 83 години, 1996 година меѓу своите колеги лекари и персоналот во Медицинскиот центар во Гевгелија, каде поминал 40 години.
Останува оваа генерација на гевгеличани да му се оддолжи на овој лекар и хуманист со исполнување на барањето не само на Сојузот на здружението на борците на Гевгелија, туку и на многу гевгеличани, Општата болница во Гевгелија да се именува по Александар Сингер, една улица во градот да го носи неговото име, а во дворот на Медицинскиот центар да се подигне негова биста.
