Гитара (почетник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
Да не ги цитирам многуте над мене, и ја би ти кажала да си земеш акустична за почеток ,маарко ти ги даде акордите,научи ги основните не се воопшто тешки ке видиш и сам. Незнам зашто толку мразиш (нејќеш) акустична,меѓутоа многу полесно е да преминеш од акустична на електрична отколку обратно.

Ако си решен да земаш електрична не би можела да те советувам.Бидејќи си почетник можеш пакет, а за подобра гитара понатаму-усоврши се прво. Не се ни тие толку лоши :)

И стварно не си ништо по кул со електрична,покул ке си ако научиш да свириш,а на акустична можеш доста од тоа.
Да се живи и здрави моите што Не ми купија одма електрична уште на почеток. Бидејќи ми беше мерак секако. Али увидов после дека не било само мерак, пред се воља за свирење ти треба:).
Ако стварно сакаш да научиш,и не ти е само до мерак за електрична,верувај нема воопшто тешко да ти биде.Само воља и труд :)
 
Е да, и тоа.
Ако уопште не знаеш да свириш почињај со акустична (така и ја почнав), после елетричната ко вода ќе иде, зашо акустиката е потешка.
А ако земеш прво елетрична ќе имаш проблеми додека ја совладаш акустичната.
 
А ти бате како почетник, дали воопшти си фатил гитара во рацете т.е. дали знаеш правилно да ја држиш и дали можеш да врзеш барем два акорди со било каков ритам?
 
А ти бате како почетник, дали воопшти си фатил гитара во рацете т.е. дали знаеш правилно да ја држиш и дали можеш да врзеш барем два акорди со било каков ритам?
абе еднашка кај еден другар бев и у скопје и имаше гитара ја фатив враце дрмав 2 жици се наежив (=
не сум свирел на гитара не знам, затоа да ми објаснете
 
Од прилика би требало вака да ја поставиш, со тоа што можеш малку да го повлечиш вратот на кај тебе, бидејќи ќе треба многу да го држиш погледот кај левата рака.
sitrightleg.jpg

Важно секој прст има своја определена позиција т.е. секој прст мора да го користиш за едно поле, нешто вака
firstpositionc_smaller.jpg

Прво научи ги овие три акорди (дурови) и се додека не ги совладаш, да можеш без никаков проблем да преминеш од еден на друг, со било каков ритам на почеток не би ти предлагал да бараш повеќе.
46179962cc5.jpg

Важно!!! Точките ти се жиците што треба да ги свириш, каде што нема точки значи нема ни звук да вадиш. Бројките ти се позиција за прстите, па сега читај и прави како што читаш.

Толку од мене за почеток.
 
Гледам се развила добра дискусија.
Епа вака: Ако се разбираш од клавир ќе ти биде полесно да се вклопиш бидејќи десната рака е ритамот т.е белите дирки а левата се црните дирки. Ако знаеш да свириш хармоника ќе ти биде уште полесно бидејќи скоро сите ритмови ќе ги знаеш.
Ако не си свирел никаков друг инструмент до сега и тоа не е проблем. Мислам дека во Струмица можеш да најдеш нешто пригодно за почетник(иако акустична е најдобар избор за почеток... можеби и ќе те убедиме хехе) Многу не се разбирам од марките па затоа не ти препорачувам нешто ама и вработените во продавницата можат да ти кажат која е најдобра за почетник и не гледај да фрлиш тешка пара за гитара а сеуште почнуваш да учиш најосновни работи.
Со желба напред научи ги акордите(дурови, молови, димови итд... )
И после ќе ти дадам некои песнички со акорди ( македонски ) бидејќи во претходниот пост ти дадов страна за странски и српски акорди :)
 
Како мислиш Ноти нема да му требат .. ноти се 6 нема повеќе .. повеќе се потребни дуровите освен за соло.

Па нема да му требаат да ги учи, јас свирам гитара веќе 5 години и сум во бенд, а не ги знам нотите на гитара и не ми ни затребале. За солото може и табулатура да послужи и онака се поедноставни, нотите се комплицирани за учење.
 
Вака би рекол јас.

Таблатури? Да, голема помош.
5 години и незнаеш едно соло да отсвириш? Срамота.
Накратко кажано ебати свирењето.
 
Па нема да му требаат да ги учи, јас свирам гитара веќе 5 години и сум во бенд, а не ги знам нотите на гитара и не ми ни затребале. За солото може и табулатура да послужи и онака се поедноставни, нотите се комплицирани за учење.

и мене не ми е јасно како може да не знаеш НИЕДНО соло :nenene:.. јас на 2рата недела научив и тоа 2.
Добро и тоа не е лошо сепак да дадам пример .. мојот да го наречам професор е самоук гитарист( во тоа време немало од кај да се учи.. денес ние имаме се сомелено само да го џвакнеме) ама свири 30 години гитара и свирел во бенд а не знаел име на ритам, дурови или слично.
И за ова што велиш дека нотите се комплицирани за учење. Ај кажи ми од каде дојде до овој заклучок :nesvest:
 
Значи бог да чува и да брани сте. Знам сола колку сакаш да свирам!! Го знам на Dire Straits "Sultans Of Swing", на Metallica "Nothing Else Matters", на White Stripes "Seven Nation Army", на Cranberries "Zombie" итн. Незнам како да ве натерам да сватите, очигледно не ја разбирате разликата помеѓу табулатури и ноти! Јас солата ги учам од табулатури, а не преку ноти!!! И нотите се комплицирани за учење, зошто на една жица имаш по три ноти. Плус другарка ми кај што иде на гитара ми објаснуваше и учителот каде што одев јас! И не се правете многу паметни, една основна разлика не знаете да направите!
 
Па нема да му требаат да ги учи, јас свирам гитара веќе 5 години и сум во бенд, а не ги знам нотите на гитара и не ми ни затребале. За солото може и табулатура да послужи и онака се поедноставни, нотите се комплицирани за учење.

Pa ako saka da sviri solazi od Metallica ili nekoj drug rok ili metal bend sigurno nema da gi bara kako noten zapis poso nema nikad da gi najde ...

Notite bile komplicirani...Yeah right, zatoa decana u nizo muzicko gi ucat za edno polugodie....:toe::toe::toe:
 
Па ја не реков дека се невозможни за учење, што сте толку накострешени. Само реков дека се покомплицирани од колку табулатурите и дека ако сакаш да свириш рок или забавно не ти требаат толку зошо прочепкајте малце интрнет и ќе видите дека табулатурите се пораспространети.
 
Ај ја да не останам покуса, морам тука да цитирам
Па нема да му требаат да ги учи, јас свирам гитара веќе 5 години и сум во бенд, а не ги знам нотите на гитара и не ми ни затребале. За солото може и табулатура да послужи и онака се поедноставни, нотите се комплицирани за учење.
Ако ги знаеш акордите и низата како тие се движат, тогаш логично ќе ги знаеш и нотите на гитара, а ако акордите само напамет си ги научила и све си учиш така од таблатури, ондак џабе свириш од 10 години у бенд кога тапа си.
А за нотите на петолиние, тоа е боза ствар :)
 
Значи бог да чува и да брани сте. Знам сола колку сакаш да свирам!! Го знам на Dire Straits "Sultans Of Swing", на Metallica "Nothing Else Matters", на White Stripes "Seven Nation Army", на Cranberries "Zombie" итн. Незнам како да ве натерам да сватите, очигледно не ја разбирате разликата помеѓу табулатури и ноти! Јас солата ги учам од табулатури, а не преку ноти!!! И нотите се комплицирани за учење, зошто на една жица имаш по три ноти. Плус другарка ми кај што иде на гитара ми објаснуваше и учителот каде што одев јас! И не се правете многу паметни, една основна разлика не знаете да направите!

Абе слушај. Јас знам што е таблатура а што нота. Ама ај сега да не го замараме Xfire бидејќи нотите му се поважни сега отколку таблатурите .. сеуште нема изберено гитара, треба да му помогнеме .. а ние се караме за ноти и таблатури
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom