Затоа, никако не би осудувала бели лаги. Уште помалку пак би поверувала дека било кој не ги користи.
Јас би осудувал АдО.
Еве,дури ќе бидам дрзок и ќе ги категоризирам,бидејќи има бели лаги и "
бели" лаги.
Намерно во болд,да асоцира повеќе на црно.
1.Бели лаги мотивирани од интересот на личноста која и ја кажуваме лагата.Во превод,несебични бели лаги.Лаги според кои и вистината да ја кажеме би било подобро за нас,но не го правиме тоа.
Бели лаги кои дури и би не ставиле нас во лоша положба.
Бели лаги со цел да и помогнеме и ја заштитиме особата која ја лажеме,најискрено.
Иако овде има многу контрадикторности,како тоа дека лажеме од искреност,сепак ваквите лаги постојат.
Ако некој ми побара пример за да ми поверува,едноставно нека не верува.
2.Бели лаги мотивирани од себе.
Како,да се заштитиме самите.Овие не би требало да се викаат бели лаги,ама психата на човекот е феноменална.
За овие лаги да се наречат бели,прво нашата психа не лаже нас самите,односно бара некоја причина/корист за другиот која наводно би ја оправдала лагата.
И на крај,ние лагата ја правиме за нас самите,а се лажеме дека е бела лага.
И да,ние самите не знаеме дека не е бела лага.
Ваквите лаги лесно се откриваат и всушност овие лаги ги оцрнуваат другите бели лаги.
Кога на човекот што ја кажал ќе почне да му гори под нозе,да се чуствува самиот загрозен...или пак кога ќе треба и ќе може да земе кредит за лагата,тој и тоа ќе го направи,тој ќе ја признае без размислување за другата страна.