А каде можат да се најдат постарите детски песнички? Ако некој има, нека не ги скржави, сите по некоја да ставиме, има колекција да се направи... Од Златно славејче со кое ние растевме пред едно.. еехеееј.... Еве и една за потсетување:
БОНБОНЧЕ
Така си убаво завиткано
правено толку вешто
па не знам дали си за гледање
или за друго нешто.
Бегај од тоа, вели мајка ми
не јади слатки тајни
тие за забите се опасни
јади бисквити чајни.
Бонбонче, бон-бон-бонбонче
те гледам, гледам и се мислам
Бонбонче, бон-бон-бонбонче
не ќе издржам и ќе те грицнам.
Бонбонче, бон-бон-бонбонче
те гледам, гледам и се плашам
Бонбонче, бон-бон-бонбонче
треба мама после да ја лажам.