- Член од
- 12 јуни 2006
- Мислења
- 96
- Поени од реакции
- 309
Сеуште не сум копиљак али да ја разјасниме дилемата:Што е тоа канал, што е флагирање, а што се клејмови? Баш ја глеав првава епизода и таму истово го кажавте.
Канал сеа го викате оноа коа некој ќе стаи видео на јутјуб?
флагирање и клејмови, е тоа поима неам што значи у овој контекст, али барем јако ми звучи реченицава.
(а се кладам дека сите вие тука копиљаци што читате знаете све ова што значи и дека само ја поима неам)
Канал - каналот ја Јутуб на кој стававме видеа. Претходниот се пристапуваше со /ggtvmk а сега најверојатно ќе биде друго. Гледај на тоа како на ФБ пејџ
Клејм - жалба, клевета дека користиме туѓ материјал. Видеото е флагувано (бележано) и Јутуб го санкционира.
Во зависност од жалбата некои видеа неможе да се гледаат во некои држави, некои неможе да се монетизираат а некои воопшто несмее да се пуштат.
Проблемот настана што после повеќе клејмови, прв жут картон од Јутуб е што те кине да неможеш да ставаш видеа повеќе од 15 минути. Тоа ни се случило летово по пат, но не сме апдејтирале видеа па немавме поима се до завчера и требаше нешто да се направи.
Комплетно не е наша вина зашто системот ги пријавува трејлерите и музиката во нив. Кога до СМЕ (Сони Мјузин Ентертеинмент) им стига дека некој таму користи нивна песна автоматски те бутка. Не ни проверува туку само клика НОУ.