GG - емисија за игри

Член од
12 јуни 2006
Мислења
96
Поени од реакции
309
Браќа и сестри по компјутери, ви ја претставуваме шестата епизода на ултра-мега-гига популарното шоу GG!!!

Зборуваме за почетоците на Нет Кафињата со Боки и Јане (од Седмица). Правиме рецензии на, Гораст омилената, Starcraft II: LOTV, Кало Дуди (Call of Duty Black Ops 3) и Fallout 4.

 
Член од
12 јуни 2006
Мислења
96
Поени од реакции
309
Народе чуј и почуј излезе новата епизода на GG, повторувам, излезе новата епизода на GG!!!

Муабетиме за Дота заедницата во Македонија со DrDurex, неговиот стрим, ребутот на Tomb Raider, враќањето на Star Wars Battlefront, инди играта што не врати во детството и шо уште не.


Не заборавајте да не испоштуете со едно шерче и лајкче. Се гледаме следниот понеделник од 22:00.
 
Член од
12 јуни 2006
Мислења
96
Поени од реакции
309
Дечки сорите што се замајав со други работи и не ви пишав римајндер. GG си беше во стандардниот термин а линковите од претходните епизоди се:

- GG S02E08 - Кико и Филип со Ocolus Rift, Assassin's Creed Syndicate, Hard West, Anno 2205,...
- GG S02E09 - Нашата репрезентација во Magic, PS Experience, VGA 2015, Just Cause 3,...

и последната епизода - 10

Легендата Јанко Илковски на каучот на вистината. Како се калеше Македонската играчка популација, колку беше тешко да се стигне до ова денес, зошто замина од Канал 103 и како Данко во слободно време слуша Turbo Commodore Loader.

Јубилејната 10та епизода од втората сезона ја имате тука! Шернете, лајкнете, follow-ирајте и сабскрајбнете!


GG
 
Последно уредено:
Член од
12 јуни 2006
Мислења
96
Поени од реакции
309
Со мало каснење (поради капиталистичкиот однос на Јутуб) имаме чест да ви ја претставиме единаесетата епизода на најгледаното шоу во галаксијата.

На гости ни беа првиот македонски Хартстоун шампион Андреј Спасовски, како и претставникот на старата школа и организатор на турнирот Самоил Петрески.

На крајот ги рецензиравме Devilian и Tom Clancy's Rainbow Six Siege а правиме најава за една супер кул инди игра со наслов Salt and Sanctuary.


Тие што не ја гледале претходната 10та епизода, како гостин го имаме Јанко “Јади бурек“ Илковски. Праиме муабет за зачетоците на гејмингот, неговата радио емисија за компјутери, и останати работи... линкот тука.

и не заборавајте да стиснете (Сони енд) Шер, пуштите Лајкче, направите Сабскрајб и останете среќни и весели.
Ве поштуе GG!!!
 
Член од
12 јуни 2006
Мислења
96
Поени од реакции
309
Среќна Нова година дечки! Да ме живи, здрави и убави, а другото ќе си го заработиме!

Тенќу за среќата што ни ја давате. Претенќу за финансиската поддршка...

Зад нас се одлични 12 епизоди, и ни остануваат уште двапати по толку до летото. Доколку сте пропуштиле некоја епизода (особено, 12тата, веселата,... онаа кај што пиеме Газоза© ) трк на http://yt.gg.mk

Пишете по другарки да направат шер и фалоу на http://tv.gg.mk, а вие кои немате направено, направете subscribe за да се вклучите во гејминг револуцијата.

Уживајте во богатата новогодинешна програма по нашиве телевизии кои отсекогаш поштуеле и гаеле култура за ретро филмови (кои секако се најавуваат како премиера).

GG, и се гледаме во понеделник!



пмс: Оставете коментар колку од карактериве на сликата погодивте!
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Среќна Нова година дечки! Да ме живи, здрави и убави, а другото ќе си го заработиме!

Тенќу за среќата што ни ја давате. Претенќу за финансиската поддршка...

Зад нас се одлични 12 епизоди, и ни остануваат уште двапати по толку до летото. Доколку сте пропуштиле некоја епизода (особено, 12тата, веселата,... онаа кај што пиеме Газоза© ) трк на http://yt.gg.mk

Пишете по другарки да направат шер и фалоу на http://tv.gg.mk, а вие кои немате направено, направете subscribe за да се вклучите во гејминг револуцијата.

Уживајте во богатата новогодинешна програма по нашиве телевизии кои отсекогаш поштуеле и гаеле култура за ретро филмови (кои секако се најавуваат како премиера).

GG, и се гледаме во понеделник!



пмс: Оставете коментар колку од карактериве на сликата погодивте!
max payne so gi eam drugite :D
 
Член од
12 јуни 2006
Мислења
96
Поени од реакции
309
Најтазе епизода директно од визбата на GGTV. Епизодата 13 носи информации околу новините во гејмингот, поголемите гејминг и ИТ фејлови на 2015та и рецензии на Escape from Tarkov и Grim Dawn.


Плеснете едно божиќно сабскрајбче на http://tv.gg.mk

GG
 
Член од
12 јуни 2006
Мислења
96
Поени од реакции
309
Навали народе!!! Свежа епизода на најгледаното гејминг шоу во универзумот!!!
Топ кауч игри за вашите собиранки, рецензии на Unravel и Firewatch, дискусија за случувањата во Собранието и законот за Е-Спорт Федерација, како и актуелни теми и дешавки од светската гејминг индустрија.
Задолжително прегледување, шерување, лајкање и нормално сабскрајбање.

Фала ви што сте дел од македонскиот гејминг,
GG
https://youtu.be/pGHVXA8J8rE

И да, за ќотек сме, пропуштивме еден куп епизоди да постираме па еве линк од плејлистата па видете што сте пропуштиле вие - https://goo.gl/IOf5sK
 
Член од
12 јуни 2006
Мислења
96
Поени од реакции
309
ОПШТОНАРОДНА ВЕСЕЛБА ОД МАСОВНИ ПРОПОРЦИИ!

Новата епизода ГГ е објавена на доленаведениот линк!
Зборуваме за најјаките тепачки игри низ историјата во светот и пошироко! На гости ни е царот на тепачките игри кој ни докажа колку во суштина појма немаме - ФиЏи!


Не заборавајте да направите Сони и Шер!
С'с љубав. GG кру!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom