Get EXITed - Струмица (Егзит фестивал)

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.896
Поени од реакции
7.570
1661341808096.png 1661342020704.png
Забавата на фестивалот Егзит во Струмица што ќе се одржува под мотото „Возбуди се“ (Get EXITed) ќе се одржи на 7 септември на Големиот парк. На забава ќе настапи една од водечките итајлијански техноѕвезди Дебора Де Лука, хитмејкерот, продуцент и диџеј Махмут Орхан, траперката Сенида и еден од најпознатите регионални диџеи со меѓународна кариера Кристијан Молнар.

Егзит, еден од најголемите и нареномирани фестивали во Европа, најави дека наскоро ќе бидат најавени уште музичари, а влезот на струмичката забава која ќе трае девет часа е слободен.
Оваа забава во Струмица го најавува покренувањето на Егзитовиот фестивал во Македонија, планиран за 2023.


Сакам да кажам
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.940
Од владата рекоа дека егзит ќе биде кај Скендербег.

Пак некои каури од струмичко СДСМ се преправаат дека не знаат кој им е газда.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
Screenshot_25-7-700x338.jpg

... да се потсетиме на свирење гитара на струмички начин! :D

index.jpg
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Баш добро што Егзит доаѓа во Македонија, само да не остане само на името и од догодина да гледаме сериозни музички имиња, пред се' такви што дп сега немаат настапувано тука. Годинава секако беше најавено како почетна забава па и немав некои големи очекувања. За сега ниту едно од овие имиња не ме привлекува да отидам, се надевам во другите изведувачи што ќе ги откријат ќе има нешто поинтересно.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.980
Поени од реакции
6.899
Како за прв пат и пробен добро помина фестивалот, посебно што бројот на посетители беше многу повеќе од тој што првично беше очекуван од нивна страна, забавата беше топ (барем за мене), догодина се најавени 4 дена па ќе видиме што понуда ќе има, како и да е право освежување за Струмица како град во секој поглед беше фестивалот во целина.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.896
Поени од реакции
7.570
Како за прв пат и пробен добро помина фестивалот, посебно што бројот на посетители беше многу повеќе од тој што првично беше очекуван од нивна страна, забавата беше топ (барем за мене), догодина се најавени 4 дена па ќе видиме што понуда ќе има, како и да е право освежување за Струмица како град во секој поглед беше фестивалот во целина.
Нормално дека имало многу повеќе кога влезот бил бесплатен.


Туку Get EXITed и во Словенија, Љубљана ќе има во декември. Taму се вика Get EXITed UNITY.
 
Последно уредено:
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.091
Поени од реакции
2.145
И да се четири дена ќе виде калакурница, ќе има све и свашта.

Од трубачи до гоа. :icon_mrgr:

Јас за малце ќе тргнев, ама бесплатниот влез ме одврати, реков ќе има се и сешто од публика, а да беше со пари знаеш дека само тој што стварно е љубител ќе отиде, вака да одам и да има и трупци што само седат, и други кои дошле да фаќаат сеир на тие што сакаат да се журкаат не ми се исплаќаше.

А и по некои видеа што ги видов и таков впечаток добив за публиката.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.040
Поени од реакции
948
Kaj znaet strumica da oragnizret festival sejte aman
За фестивал се знае ,само Скопје ,таму ем парите ќе ти земат Скопјанишчана ем ќе се изгужваш, и ќе си дојдеш така за никад више.

Sent from my SM-A225F using Tapatalk
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.504
Поени од реакции
6.135
За Дебора таман се расчисти гужвата. Дебора направи одлична журка, се изденсавме. Махмут беше очај, ептен досадна музика.

Солидно како за прв пат, догодина се надевам уште подобро. Како и да е од Лепи Брени, Цеци и слични срања кој ги носеа на плоштад, ова е освежување и те какво.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.278
Поени од реакции
22.550
За Дебора таман се расчисти гужвата. Дебора направи одлична журка, се изденсавме. Махмут беше очај, ептен досадна музика.

Солидно како за прв пат, догодина се надевам уште подобро. Како и да е од Лепи Брени, Цеци и слични срања кој ги носеа на плоштад, ова е освежување и те какво.
Од тие што дојдоа на македонскиов Егзит ништо не слушам, но целосно се сложувам за анти Брени, Цеци, Аца Лукаси, Дино Мерлини и се е подобро од срањето турбофолкерско.
Во Белград последно упориште им се останати сите 2 сплава а и таму полека трап глупостите ги истиснуваат и секако некои забаталени биртии.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom