Генерална дискусија за светското првенство во Франција

  • Креатор на темата Креатор на темата Saber Rider
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде владетел во светскиот ракометен крем?


  • Вкупно гласачи
    82
  • Гласањето е завршено на .
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.503
Поени од реакции
78.302
Локација
Б'с
Јануари е месец за машки ракомет.
Сеуште ја имаме среќата да бидеме учесници на големите континентални собири, па имаме привилегија да си отвораме посебни потфоруми за истите :icon_mrgr:

Светското пренство кое ќе се одигра во Франција, трае од 11 до 29 јануари.
На првенството учестуваат 24 екипи кои се поделени на 4 групи.
Првите 4 екипи од секоја група одат во осмина-финале, па следува нокаут систем на елиминации.

Ќе бидат отворени посебни теми за секоја група во текот на наредниве денови :D
Македонската репрезентација ќе има тешка задача да ја мине својата група, иако во ждребката бевме во релативно високиот трет шешир.
Франција ќе се обиде пред својата публика да ја одбрани титулата од минатото светско првенство и веројатно е главен фаворит за шампионскиот трофеј. Ќе биде интересно како ќе се снајде Катар без евидентната помош која ја имаше од судиите на минатото СП, одиграно на нивен терен. Како главни претенденти за титулата се и европските шампиони Германците, финалистите Шпанија, како и екипата која никогаш не смее да се потцени, Хрватска.
Веројатно Пољаците се оние кои го затвораат кругот на фаворити.


Корисни линкови за СП се:
1. Официјална страна на турнирот
2. Страна на википедиа
3. ИХФ

Темата за Македонската репрезентација ќе биде затворена до крајот на турнирот :D
 
Данска обавезно во тие топ 4-5 фаворити. Полска попара ќе биди на ова СП, ништо чудно и група да не поминат, без цел тим се. Се пензионираа Биелицки, Б.Јурецки, Лијевски и Шмал. Повредени се Вишомирски, Михал Јурецки и Сипжак, а вчера на пријателска се повреди и Јуркевич.

Франција е прв фаворит за освојување и мислам нема да пропуштат да освојат уште едно злато и тоа на домашен терен, башка ова им е и последно на Омејер, Нарцис, Гигу итн. Има и доста млади како Ремили, Фабрегас, Н'гесан, предводени од Карабатакот. :pistoldz:
 
Ja за нашиве ќе си пишам гајле ми е кој е фаворит..

Влез во 1/8 финале и тоа е тоа. Се друго е очај, се повеќе е фантастично. Просечни очекувања како никогаш до сега..

Од немакедонскиов дел мислам дека ќе гледаме некои изненадувања на светсково... едноставно од кваплификациите нешто ако сфатив тоа е дека ракометов има еден нестабилен период во кој што секој може со секого....

Типувам на Франција-Шпанија освен ако не се сретнат порано
 
Германија шампиони, Французите попарени во финале.
 
Червар и официјално кажа дека ќе одиме во Франција со 19 ракометари, 16+3 замени. Инаку Жалуз и Теж играа за пријателските на Тунис со Црна Гора и Хрватска, така да ќе играат на СП.
 
Арно што Кроативе ги викнале Тунис на турнир. Сега Чика Лисац да повуче мало везице и да узме видеото од натпреварите со Црна Гора и Кроација и ги имаме.

Мислам џабе ги преувеличувате Тунижаниве, турниров за ЛОИ ги потценија, си рекоа ги тепавме претходно и сега ги имаме и затоа го примија од нив. И самите во интервјуата пред турнирот си мислеа ги имаме, зашто ги тепавме во Катар.

Ако чика Лисац направи добра анализа ги тепаме нив и Ангола, а се друго е бонус. :)
 
Освен шо игра во Вардар Јуниор и е десно крило who the fuck is Мартин Поповски и дали е боље од Мице Шилегов?:D
 
Освен шо игра во Вардар Јуниор и е десно крило who the fuck is Мартин Поповски и дали е боље од Мице Шилегов?:D
некој што фрлил некој денар да се прошета до Франција. :icon_mrgr:

И да гледа утакмици од најбоље место евер + гратис смештај. :LOL:
 
Освен шо игра во Вардар Јуниор и е десно крило who the fuck is Мартин Поповски и дали е боље од Мице Шилегов?:D

Има влегувано неколку пати и за Вардар во Сеха, по некоја минута. Ако не се лажам со Татран Прешов беше кога постигна 2-3 гола. Солидно крило изгледа, иначе Македонска лига не пратам толку, кој го знае за Јуниор како игра. Сепак тешко дa фати место покрај Гоце, освен ако не се повреди нешто.
 
Моментално нема квалитети за во репка, за потаму ќе видиме, си мислив ќе го исфрли Червар пред време, ама ете го оставил, сеедно, посекако ќе окапи на трибина :D
Во случај - не дај боже и да се повреди Џомба, побрзо на десно крило би играл Митров отколку овој, не ја гледам шансата каде би добил овај минутажа :icon_mrgr: То е то нека собира искуство од гледање на трибина...
 
Апсолтен фаворит за титула според мене е Франција. Не верувам да пропуштат на свој терен со титула да ги испратат Омејер и копанија во пензија.

Од друга страна има доста Европски екипи кои се соочуваат со доста проблеми и промени/подмладувања во составите. Ништо чудно некои од нив и сериозна да разочараат и да бидат зад некои од неевропските. Особено Полска е прв фаворит за ова. Јас искрено ќе бидам шокиран ако ја минат групата овие.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom