Генерализирање

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Дали има нешто што може да се генерализира?
Најчесто, за повеќе работи знаеме да кажеме и да го помислиме она "част и чест на исклучоци", но дали тоа важи баш за се`?
Што можете да генерализирате и е така како што е без исклучок,
барем за вас? Доколку има нешто такво, со што го поткрепувате вашето мислење? Од искуство, од читање, од рекла-казала ... ?
Не мислам конкретно на ништо кога го поставувам прашањево, па земете во предвид се` што ќе ви текне ... :toe:

И така ... :helou:
 
Генерализации - општо

Цело време читам и слушам дека Генерализациите биле лоши и не требало да се прават. Дали е тоа навистина така?
Прво за да нешто стане генерализирано треба во повеќето случаеви правилото да важи. Еве неколку генерализации.
1.Црнците се подобри атлети од белците.
Да се навратиме последните децении кој ги рушел рекордите во 100 метри на пример. Морис Грин, Мајкл Џонсон, Донован Бејли. Или НБА. Или дури фудбалот во пследно време.
2. Жените се поемотивни од мажите
Ок во историјата можеби се појавиле Мери кралицата на Шкотите, Маргарет Тачер, Илинка Митрева меѓутоа секојдневието говори поинаку.
3. Црногорците се мрзливи.
Лично у 4 саат сабајле во Будва еден тип гледаше телевизија со телевизорот на 2 метри од него и бидејќи беше од постар модел (без далинско) човекот имаше врзано 2 стапчиња и така менуваше канали. Итн...

Општествените науки во голем дел се засноваат на генерализации. Постојат 6.7 милијарди луѓе дали треба да има исто толку психолошки науки? Дали е погрешно генерализациите да се гледаат само од негативно светло?
 
Генерализациите, негативни или позитивни сеедно, од секогаш ги имало и секогаш ќе ги има. Тоа е факт. Сите правиме генерализации, свесно или несвесно. Без разлика колку е некој против генерализации.
Иако можеби е глупаво да се става одредена група во еден кош, бидејќи се знае дека не сите ја даваат таа карактеристика која што е дадена во генерализацијата, сепак не можеме против тоа.
 
Па, ако кажам дека се лоши генерализациите, јас ќе генерализирам... Затоа што избегнувам да го правам тоа, мојот став е самообјаснувачки.
 
Генерализациите се користата најмногу за режавање и следење на случувања на многу поголеми маси на луѓе. Тие најчесто се користата како за согледување на некои тенденции, и барање на причината на тие тенденции ако тендециите се штетни за нечиј интерес.
Инаку Генерализациите нема да бидат тоа што се ако заедно со нив се напомене дека има и исклучоци.
 
Nekako generalizaciite bez sopstven sud i rasuduvanje na rabotite, mi se za onie koi ne se macat mnogu da go aktiviraat umot, ami se prepustaat na tugite zaklucoci i stavovi.....
Gneralizaciite mi se kako sudenje na nesto, a nikoj nema pravo da sudi nekomu:toe:
 
Генерализацијата на одреден сноп луѓе е само доловување на човечката мрзеливост и препуштање кон дефектни начини на групирање на околината за нејзино полесно разбирање преку налепниците кои скоро никогаш не се точни,туку по одреден период на сугестија однадвор,се прифатени и од самите оние на кои им се наметнуваат.Сугестивната моќ на човекот и неговата ароганција при ставањето лимити на можностите на одредена група луѓе,делува разорно и целосно го убива оној процес на самопронаоѓање,оти самата генерализација удира еднакво силно кај индивидуата која е дел од групата,а со тоа дел по дел ја кутка групата во онаа кошница која однапред е определена.Секој оној кој ја негира способноста на одреден човек за било која работа,ја уништува неговата индивидуалност и го разорува она нешто кое би било евентуалниот исклучок од целата генерализација,и би повлеко многу други такви како пример,автоматски стварајќи антитеза на целиот концепт и отежнувајќи му на простиот finger-pointing смртник да ги разбере полесно.Теорија на Хаос...

За другите типови генерализациии не дискутирам,само оваа ми боде очи.
 
грешиш со тоа што велиш дека прво се генерализира а потоа единките се приклучуваат кон масата, обратно е ,
генерализацијата се извршува по пат на набљудување.
и отсекогаш постоеле исклучоци и ќе постојат.
според мене генерализацијата е позитивна работа , само никогаш не се потпирајте на неа.
 
грешиш со тоа што велиш дека прво се генерализира а потоа единките се приклучуваат кон масата, обратно е ,
генерализацијата се извршува по пат на набљудување.

Воопшто не го кажав тоа,туку единките ги гледав како веќе составен дел на одредена група која е жртва на генерализација,и како тие,иако имаат потенцијал,подлегнуваат на сугестијата однадвор и го прифаќаат наметнатото.Инаку како се доаѓа до тоа незнам.
 
Пубертетлиите особено женските се склони кон анорексија. Ако јас како пубертетлија немам односно не боледувам од анорексија треба да се навредам? Зборот ми е генерализацијата е научна метода, еден од начините да се искаже некаков податок, факт, и слично. Ако не зборуваме за стереотипи, предрасуди, генерализации и други ,,болести,, на човековиот ум за што друго би зборувале?
 
Сите сметаат дека темава е тапа. :P

Генерализирање.
 
Сите сметаат дека темава е тапа. :P
Генерализирање.
Видиш чудо, јас не сметам. Не сум во тие сите. Од каде следува она што ќе го прочиташ подоле.

Дали има нешто што може да се генерализира?
Најчесто, за повеќе работи знаеме да кажеме и да го помислиме она "част и чест на исклучоци", но дали тоа важи баш за се`?
Што можете да генерализирате и е така како што е без исклучок,
барем за вас? Доколку има нешто такво, со што го поткрепувате вашето мислење? Од искуство, од читање, од рекла-казала ... ?
Не мислам конкретно на ништо кога го поставувам прашањево, па земете во предвид се` што ќе ви текне ... :toe:

И така ... :helou:

Генерализирање на одредени работи кои би ги гледале во глобала не е можно да постои затоа што едноставно луѓето се многу различни меѓу себе, и дури и во една средина каде сите ќе бидат истомисленици, секогаш, ама буквално секогаш ќе има бар еден најмалку кој ќе биде исклучок од групата. Во секое стадо има по една црна овца.
Не би можел ниту една работа да генерализрам од таа причина која ја кажав погоре. Во ниту една група на луѓе (без разлика која група се разгледува) не може сите истовремено да гледаат во една точка. Секогаш ќе има еден кој повеќе ќе го интересира она што се случува околу него, отколку она кое другите го гледаат во точката.
Ете еден прост пример дека за таа група на луѓе не може да се генерализра, без исклучок, дека сите се луди, затоа што сепак имало некој кој сфатил дека попаметна работа од тоа да се гледа во една точка, е да погледнеш што се случува околу тебе.
 
2 години немаше пост темава. Oчигледно не го сфати сарказмот.

:smir: oo најдрага темо :pipi:
Сарказмот е едно, но зборот генерализирање кој го имаше напишано е друго.
Ете јас постирав за да видиш дека не посоти генерализрање:), па дури ни за тема на која немало пост цели две години:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom