Генерален штрајк на СОНК

  • Креатор на темата Креатор на темата alex-st
  • Време на започнување Време на започнување
Ова не е нормално...:vozbud:
У Корчагин на професорите им кажале...ако има ученици ќе има и настава... а ние од кај знаеме дали да дојдеме...
А да, изглеа ќе ни зимаат денови од распуст....:tapp::tapp:
 
Ова не е нормално...:vozbud:
У Корчагин на професорите им кажале...ако има ученици ќе има и настава... а ние од кај знаеме дали да дојдеме...
А да, изглеа ќе ни зимаат денови од распуст....:tapp::tapp:

Абе ...Нема логика да ни зимаат денови од школски распуст.Па во Јануари температурите може да се спуштат и до минус 20.Па не се веројатно толку ненормални да не тераат на минус 20 да идеме во школо.Плус за време на зимски распуст автобусите возат по друг распоред така да за тие од Маџари Ченто Бутел Радишани Горче авотбуси ке има помалку и ке треба да замрзнуваат по станицине.
 
Улави се тие ако планираат да ни зимаат од распустот денови. Неможе за нивните каприци 1 недела да не учиме па после од 14 јануари нашколо да одиме. Си вадам едно боловање тогаш и готово мака неам до 21.
 
Де бе луѓе,ја незнам што толку му ја мислите,како биде,биде,сеа уживајте додека можете:baeh: Инаку кај нас во Велес(гимназија) до петок обавезно не се учи ја го прашав класниот,а за во понеделник да слушаме вести оти можно е од понеделник да се почне со настава.Така да:tv::helou:
 
И Владата и СОНК останаа на своето - хаос во училиштата



prazno.gif
prazno.gif
26.11.2008 09:13
dojcin-cvetanovski-08.jpg
Цветановски: Има силни притисоци да се прекине штрајкот
Претставниците на Владата и СОНК доцна синоќа на вонредната седница на Синдикатот не постигнаа договор за синдикалните барања. Седницата ја свика лидерот на СОНК Дојчин Цветановски поради притисоци да се прекине штрајкот. На седницата присуствуваа вицепремиерот Зоран Ставрески, министерот за образование Перо Стојановски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
„Секогаш сме ве респектирале и сме разговарале професионално. Свесни сме дека нивото на плати се ниски, свесни сме дека во образованието тие се посебно ниски, свесни сме дека надоместот за храната и превозот не бил зголемен десет години, но во најголемата светска криза во последните 80 години вие барате од утре да почне. Пред една година сметавме дека економијата ќе расте, знаевме што може да исполниме и ги исполнивме работите се до септември“, им рече вицепремиерот Ставрески на претседателот Цветановски, на членовите на Синдикатот и на претседателите на регионалните одбори на СОНК, кои присуствуваа на седницата.
Состојбата утрово во училиштата е хаотична, во некои се работи и има редовна настава, во други учениците доаѓаат па се испраќаат дома или имаат воннаставни активности. Штрајкувачите, исто така, не се информирани за следните потези на СОНК. Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура утрово е недостапен за изјава, а претпладнево е закажана прес-конференција.
Генералниот штрајк почна во понеделникот. Советот на СОНК одлуката ја донесе во саботата по неуспешните преговори со Владата за исполнување на нивните барања. СОНК бара најдоцна до крајот на годинава да бидат потпишани колективните договори за дејноста згрижување и воспитание на деца, за високо образование, за наука, измените и дополнувањата на колективниот договор за култура, и сите да се применуваат од први јануари 2009 година.
Надоместот за храна да изнесува 20 проценти од просечната плата во државата и да се применува од почетокот на следната година, а надоместот за превоз да биде во висина на реалните трошоци што работникот ги плаќа за одење до работното место и враќање дома. СОНК, исто така, бара на вработените со подолг ангажман на определено време работниот однос да им биде трансформиран во неопределено време.
ucenici.jpg
Во некои училишта се работи, во други учениците се испраќаат дома
Претседателството на Здружението на директори на средните училишта за штрајкот на СОНК
Претседателството на Здружението на директори на средни училишта и ученички домови во Република Македонија „Лидер“ денеска ќе одржи состанок во проширен состав за да изгради став за штрајкот во образованието организиран од СОНК.
„Свесни за последиците од прекинување на наставата, во момент кога во училиштата се имплементираат многу штотуку донесени закони и правилници, се подготвуваат обуки за наставниците, се завршува првата фаза од подготовката за матура 2008/2009, загрижени сме со неизвесноста од траењето на штрајкот, како и од контрадикторните изјави на двете страни - Министерството за образование и наука и СОНК, кои во суштина треба да продолжат со преговори во интерес на нашите ученици“, соопшти Горица Илијоска, претседателка на Здружението „Лидер“.

IZvor : a1.com.mk
 
абе дали распуст дали незнам што...викаат морале да се одработат тие денови, за да се пополни фондот на часови во една година...ама па учењето во неработни денови, сега одкако средното стана задолжително, мислам дека е против законот...тие сега, со задолжително средно немаат право да штрајкуваат, т.е. имаат, но несмеат да не се одржуваат часови...

како и да е, нас ке не заебат, ќе учиме кога не треба, а тие ке добијат казни, па изнервирани ние ке страдаме....денес не ни помислив на школо...мајка ми не ме ни разбудила одсабајле...вика “дур не кажат дека треба да одите, дома ке си седиш...а за во сабота ке видам дали ке те пуштам..“:D:D закон а...
 
абе ке ми кратат од зимски распуст:star:

а тие 283843 празници, ден на дрво, празник на вмро не им сметаат за исполнување на фондот
јас којзнае дали во саботи ке идам (часовите во моето школо не верувам дека ке се скратени) ама среќа ние имаме еден ден помалце за обработување...на ден на дрвото учевме:helou:
 
абе ке ми кратат од зимски распуст:star:

а тие 283843 празници, ден на дрво, празник на вмро не им сметаат за исполнување на фондот
јас којзнае дали во саботи ке идам (часовите во моето школо не верувам дека ке се скратени) ама среќа ние имаме еден ден помалце за обработување...на ден на дрвото учевме:helou:
Сте се спасиле вие, за нова година може да не учите :)
 
Ako se obrabotuvat izgubenive casovi ne mora da znaci deka ke gi obrabotuvame ovaa godina ,moze ke gi obrabotuvame vo sabotite posle raspustot- vtoro polugodie, bidejki ne veruvam deka bi kratele od raspustot,
zatoa sto i na profesorite ne im odgovara da predavaat togas.
 
На нас ни се скратени часовите за 5 минути и сега еден час ни е 35 минути...
 
Инаку едно мало известување за тие што учат во орце
Една професорка(не ја именувам која е) на мој другар кога и се јавил кажала дека часовите нема да обработуваат...колку е вистина незнам но ако е така одлично е
 
Го поддржувам штрајкот (ваму кај нас на факултет се учи) затоа што овие на телевизија зборат глупости дека им ја зголемиле платата за 40 и кусур проценти, а нема врска, само 10% кои не се ни осеќаат, а сега сакаат да им ги укинат храната и патните. Безвеза
 
А знаете ли што е најголемото ср*ње у државава?!
Секои 3 месеца го*ната шо си го прчат к*рот у парламент си ги зголемуваат платите кои сега им изнесуваат 60.000 денари плус патни трошоци и хранарина и пи*ке си материне, а за просветарите к*р ги боли. Според мене пратениците се тие кои треба да зимаат по 15.000 денари пошо нишо не праат него само си ги ладат на седница, а за разлика од нив просветарите работат и се трудат и тоа за само 15.000 денари со кои е многу тешко да се преживее во денешно време кога све живо поскапува. Мислам дека тие г*мната у парламент треба да се запрашаат шо праат и до каде стигнале со алчноста.

ЗАТОА ШТО НЕ СМЕ МОРОНИ И НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ПОЛИТИЧАРИТЕ ДА НЕ ВЛЕЧАТ ЗА НОС!!!

:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom