Генерален штрајк на СОНК

  • Креатор на темата Креатор на темата alex-st
  • Време на започнување Време на започнување
на вести кажаа дека сонк сеуште штрајкува, а министерството за образование бара учениците да бидат во училиштата утре...што мајка барам у школо утре ако знам дека нема да има настава...не ќе одам само за да ме вратат дома...
 
Еве ќе го кажам моето искрено мислење за протестите.

Јас не ги подржувам, не само поради тоа што ова ќе биде на штета на нас, учениците (заради тоа да учиме во сабота), туку и на самата држава.
Не знам зошто не се задоволни професорите од својата плата. Пружено им е све, хранарина, редовно земаат плата, нивната плата се движи измеѓу 16 и 20000 денари, а работат само 180 дена во годината. Да не умреа од глад поради "ниските" плати??? Што да кажат тие што работат во фабриките на пример, по градилиштата дење и ноќе? Работат во лоши услови, по цел ден и се среќни ако земат и 7000 денари. А овие, и услови за работа имаат, редовно си ги земаат платите, хранарина обезбедена и пак не се задоволни
Сакам да ги советам дека иако се професори на средни училишта, сепак не завршиле докторат за да бараат поголеми плати и исто така да не гледаат што се случува над нив, туку и под нив, бидејќи некој ни дванаестина од нивните услови за работа ги нема. Овие протести ќе бидат најпрвин на наш товар, бидејќи не користат за остварување на нивните цели....
 
Па ако до сега не одлучиле не верувам дека до крај на денот ќе го сторат тоа :toe:
Башка, месеци наназад се воделепреговорите и сега кај за пола ден ќе одлучат...

Инаку, прееска Сител на вести вика: Во најголем дел училиштата работеа. Потоа прилог со Дојчин кој вели дека настава имало само во 12 училишта од Ѓорче Петров и Карпош :pos2:
 
СОНК- ШТРАЈКОТ ПОЧНА ВО 97 ОТСТО УЧИЛИШТА, ПРОДОЛЖУВА УТРЕ
Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура - СОНК Дојчин Цветановски на прес-конференција соопшти дека генералниот штрајк во образованието денеска се реализирал околу 97 отсто и дека исклучок биле училиштата кои имале притисок од директори или градоначалници.
064A7A3866B60B418E7A5FF1F6A747DE.jpg
Најголем број од училиштата во кои немало штрајк се во општина Ѓорче Петров, помал дел во Карпош и во Гази Баба и уште во неколку општини низ Македонија. Во Ѓорче Петров не штрајкувале основните училишта „Димитар Беровски“, „Ѓорче Петров“, „Страшо Пинџур“, „Тихомир Милошевски“, во Карпош - „Братство“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“ и во Гази Баба - „Крсте Петков Мисирков“, „Стив Наумов“ и „Вера Јоциќ“. Во општина Облешево-Чешиново не штрајкувало подрачно училиште на ОУ „Облешево“, како и ОУ „Тоде Тефов“ во Кавадарци и ОУ „Гоце Делчев“ во скопското село Лисиче.

Дојчиновски рече дека според сознанија на СОНК силен притисок на директорите врз вработените и учениците имало во „Братство“ во Карпош, „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров, „Гоце Делчев“ во село Лисиче, во „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар, во Средното музичко училиште во Штип и во ОУ „Јосифово“ во Јосифово. Во ОУ „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром директорот незадоволен од тоа што не успеал притисокот го искинал плакатот со кој СОНК повикува на штрајк.

Притисоци, како што рече Цветановски, имало и од градоначалници и посочи дека в.д. градоначалникот на општина Карпош со писмо ги известил градинките и училиштата дека денеска е работен ден. Во неколку училишта во Гостивар и Кочани, пак, просветни инспектори барале списоци со имиња и презимиња и други податоци за вработените кои се во штрајк.

- Тоа е кршење на правото на вработените во оваа држава за слободно синдикално организирање и активности, вклучувајќи го и уставно загарантираното право за штрајк, рече Цветановски.

Тој, исто така, ја коментираше и посетата на ресорниот министер Перо Стојановски на училишта во општина Ѓорче Петров чии директори вчера јавно се изјаснија дека не поддржуваат штрајк.

- Дефинитивно го поздравувам доколку отишол да им укаже дека не смеат да се мешаат во правото на вработените да подржуваат штрајк, но ако отишол за да ги пофали за тоа што го направиле и дека нивното додворување усепало, тогаш е многу неуспешно зашто е далеку од надлежностите што ги има како министер, рече лидерот на СОНК и додаде дека ќе ја информираат и Интернационалата за образование со седиште во Брисел и други меѓународни организации.

Цветановски рече и дека во текот на денов немале преговори со претставници на Владата иако, како што нагласи, законска обврска е во време на штрајк да се бара решение. Штрајкот на СОНК продолжува и утре. Поради барањата на вработените во овие дејности околу 300.000 деца остануваат без настава.


Извор: ТВ Сител.
 
Чичево ми изгледа како повеќе од нас да сака да не учиме:icon_lol:
 
А бе што сакаат тие лихвари од професори бре!?
Обичен смрден учител до 4то одделение сема 300 еур плата еееј!!!
И уште праи бараат...имаат ли свест!?
 
А од кај знаете дека ке учите саботи?

Ако не се учи повеке од недела дена...ке кратат од зимскиот распуст.
 
А бе што сакаат тие лихвари од професори бре!?
Обичен смрден учител до 4то одделение сема 300 еур плата еееј!!!
И уште праи бараат...имаат ли свест!?
Лошо си информиран дека зема 300 евра плата.. Професор во средно образование зема плата од 250 евра .
 
Работата е што можеби и до НОВА ГОДИНА воопшто ќе нема школо

ако нема до нова година настава, некако ќе мора да ги надоместат изгубените часови, ми мириса дека тоа ќе биде преку држење настава за време на зимскиот распуст или не а? :toe:
 
Е како да не во сабота ке одам. Инаку, супер за утре, многу глуп ден а и математика 2 ден по ред ке се спасиме од тест, за среда лесни предмети (германски, анализа, програмски и филозофија)... така да ке има повеке време за во четврток да се спремам математика...

(одаме на 5ка лол)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom