Јас денес наутро, како секој работен ден, станувам во 6 саат.
Па после седнувам на компјутерот што ми е одма до кревет.
Отворам netbeans да се преслушам до каде сум со java...c++...и такви ствари.. се до 7 саат. Во 7 саат излегувам од дома, и тргнувам на пат. Крајните координати ми се наоѓаат на местото на школото...о.с.т.у. „гостивар“, тако звано индустриско...
После цели 10 минути патешествие, конечно стигнувам на мојата крајна дестинација.
Ја отворам вратата од школото, мислејчи на она што ќе го правам кога ќе седнам пред компјутер. Влегувам во школото. Погледнувам накај мојата училница. И се приближувам. Така полека, нежно. Погледнувам низ прозорчето на вратата, оние прочиња какви што имаат во дужевните болнизи. Видов 36 компјутери,т.е. 36 стејшнс, и ниту еден другар да не беше пред нив. Исто така не го видов ниту мојот драг професор. Па, седам едно триесет секунди. Се вртам со грбот накај вратата. Ги затривувам очите, за да бидам сигурен дека тоа што го гледам е вистина. Собирам храброст, и после некое време пак погледнувам во училницата. Го видов истото како и прееска. Се натажив. Почнам да одам накај мојот мил и драг компјутер што се наоѓа дома. Во глава ми се вртеа едни физички, хемиски, математички и слични формули од кои повеќе од јасно беше дека теоретски, а и практично, не е можно јас да се наоѓам на местото школо, во време кога календарот покажува дека е сабота, или недела.