Генерален штрајк на СОНК

  • Креатор на темата Креатор на темата alex-st
  • Време на започнување Време на започнување
јас денес не одам...:vozbud: ќефој... не дека мразам училиште...туку дека немав научено :tapp:
 
Во струмица само си нарушив спиењето идам у школо и викат ајде дома нема школо..
 
Која неорганизираност, невероватно. Не знам дали да плачам или да... плачам.
 
Секое училиште (т.е. секој директор) е посебна приказна.

Едни професори на штрајк, други на работа
Вработените во образованието, науката и културата денеска стапија во генерален штрајк.
Неколку средни училишта од Скопје го потврдија штрајкот, но потенцираа дека одредени професори кои не се членови на СОНК и денеска биле на своите работни места и редовно си ги извршувале работите задачи. Меѓутоа од училиштата потврдија дека поради малиот одзив на ученици во училиштата наставата сепак била прекината после вториот час.
Агенцијата Нетпрес испрати новинар во средното медицинско училиште “Панче Караѓозов“ за да направи фотографии дали има ученици во училиштето. Откако новинарот увидел дека училиштето е празно и ја направил првата фотографија се појавиле службени лица од училиштето кои му забраниле да слика и му рекле веднаш да ја напушти зградата на училиштето.
Откако новинарот побарал да разговара со директорот или со некој од професорите, за да праша зашто не му е дозволено да фотографира, и да разговара за штрајкот во нивното училиште, на новинарот му било речено дека денеска школото е затворено за секакви изјави и дека може да се обрати утре. Одлуката за генералниот штрајк на просветните работници е донесена откако претставниците на СОНК на средбата со Перо Стојановски и Елизабета Канческа Милеска не успеаја да ги усогласат различните ставови. Од СОНК бараат да потпишат колективни договори како и останатиот дел од државната администрација, со кои ќе им се изедначи порастот на платите со другите корисници на државниот буџет.
Просветните работници бараат хранарината да им биде 20 проценти од просечната плата, а превозот да одговора на реалните трошоци. Дел од барањата на СОНК е и да се регулира работниот статус на лицата кои со години работат со договори на определено време.

102,3 % е точно ова. :toe:
 
Денес не отидов на школо...:pipi:

Другариве што отишле само седеле 3 часа и не не запишале тие што не сме отишле...наставниците кажале само гледајте вести:tv:
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]ШКОЛИТЕ И ГРАДИНКИТЕ ОД ДЕНЕС ВО ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]На голем одмор до Нова година?[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Ако барањата се реализираат, наставата може да почне уште утре. Но ако нема одговор од Владата, тогаш штрајкот може да трае до Нова година, вели Дојчин Цветановски, претседател на СОНК[/FONT]

%7BC1D79687-A0F5-47ED-B215-7F6CA1F2C023%7D_sonk-2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Школите, градинките и институциите на културата од денес се во генерален штрајк. Градинките ќе ги примаат децата, но нема да има воспитно-образовен процес. Училиштата, исто така, нема да бидат затворени, но наставниците нема да држат часови. Децата што ќе отидат во училиште не смеат да бидат вратени дома, но истовремено наставниците, додека се во штрајк, немаат обврска да се грижат за нив.
"Директорите на училиштата треба да одлучат што ќе се прави со децата што дошле на училиште", вели претседателот на СОНК Дојчин Цветановски. "Школите нема да бидат заклучени, но директорите не смеат да ги тераат наставниците да се грижат за децата, зашто тоа ќе биде кршење на штрајкот. До кога ќе трае штрајкот, не зависи од нас. Ако барањата се реализираат, наставата може да почне уште утре. Но ако нема одговор од Владата, тогаш штрајкот може да трае до Нова година", вели Цветановски.
На штрајкот му претходеа неколкумесечни преговори кои во саботата завршија неуспешно. Синдикалците од СОНК не успеаја да се договорат со Владата за прифаќање на нивните барања. И по шест часа преговори, министерот за образование Перо Стојановски, министерот за култура Елизабета Канческа - Милевска и заменик-министерот за труд и социјала политика Спиро Ристовски не понудиле решение.
"Советот во саботата едногласно ја потврди одлуката за штрајк. Едно од барањата е потпишување на колективните договори за основно и за средно образование. Надоместокот за хранарина да биде 20% од просечната плата, а не како што сега добиваат само 2.300 денари. Тоа да почне да се применува од 1 јануари 2009 година. Да се потпишат колективни договори за градинките, културата, високото образование и науката. Трансформација на работниот однос од определено на неопределено време, освен ако постои објективна причина за да не биде така", објаснува Цветановски.
Тројцата министри кои преговараа во саботата со синдикалците побарале еден час пауза и заминале на консултации во Владата. Но од таму дошле со одговор дека нема пари за реализирање на барањата на СОНК. Министрите рекле дека дури во 2010 година ќе можат да ги остварат барањата.
Р. Фотиновска
[/FONT]


[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]извор :
[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]http://vest.com.mk/default.asp?id=160038&idg=8&idb=2532&rubrika=Makedonija
[/FONT]
 
Секое училиште (т.е. секој директор) е посебна приказна.

Едни професори на штрајк, други на работа
Вработените во образованието, науката и НЕкултурата денеска стапија во генерален штрајк.
Неколку средни училишта од Скопје го потврдија штрајкот, но потенцираа дека одредени професори кои не се членови на СОНК и денеска биле на своите работни места и редовно си ги извршувале работите задачи. Меѓутоа од училиштата потврдија дека поради малиот одзив на ученици во училиштата наставата сепак била прекината после вториот час.
Агенцијата Нетпрес испрати новинар во средното медицинско училиште “Панче Караѓозов“ за да направи фотографии дали има ученици во училиштето. Откако новинарот увидел дека училиштето е празно и ја направил првата фотографија се појавиле службени лица од училиштето кои му забраниле да слика и му рекле веднаш да ја напушти зградата на училиштето.
Откако новинарот побарал да разговара со директорот или со некој од професорите, за да праша зашто не му е дозволено да фотографира, и да разговара за штрајкот во нивното училиште, на новинарот му било речено дека денеска школото е затворено за секакви изјави и дека може да се обрати утре. Одлуката за генералниот штрајк на просветните работници е донесена откако претставниците на СОНК на средбата со Перо Стојановски и Елизабета Канческа Милеска не успеаја да ги усогласат различните ставови. Од СОНК бараат да потпишат колективни договори како и останатиот дел од државната администрација, со кои ќе им се изедначи порастот на платите со другите корисници на државниот буџет.
Просветните работници бараат хранарината да им биде 20 проценти од просечната плата, а превозот да одговора на реалните трошоци. Дел од барањата на СОНК е и да се регулира работниот статус на лицата кои со години работат со договори на определено време.

102,3 % е точно ова. :toe:

Maла поправка :)
 
дајбоже како денес, да не правам тест историја!:nesum:
 
Во Прилеп гимназијата работеше регуларно, ги запишуваја и отсутните, а во другите училишта пошле на 5 минути и ги пуштиле. Јас не ни бев. :baeh:
 
Веќе ќе се отпишам од школо ееејј колку се загубени значи,сите штрајкуваат само во нашето школо се учи САМО ЗАТОА ШТО НЕ МОЖЕЛЕ ДА СЕ ДОГОВОРАТ ШТО ДА ПРАВАТ :uvo:
 
Веќе ќе се отпишам од школо ееејј колку се загубени значи,сите штрајкуваат само во нашето школо се учи САМО ЗАТОА ШТО НЕ МОЖЕЛЕ ДА СЕ ДОГОВОРАТ ШТО ДА ПРАВАТ :uvo:
Кажи во кое школо учиш да знаеме.
Инаку кај нас во Гимназијата во Струмица прва смена не учеле, така да и јас не планирам да одам.
А во врска со Насловната на Вест, мислам дека претеруваат, насловот го ставиле повеќе внимание да привлечат.
 
Во Борис Кидрич(Скопје) има нормална настава и се запишуваат изостаноци.
Како рипна брат ми да иде кога му пишаа порака :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom